Добивме поклон пакетче од Хип со кашички И плус многу кашички и шмукалчиња за 4+ месеци.. е сеа ги нема пробано она тие намирници посебно што се во кашичките, дали би можела да и дадам или не ?
Не мора да ги проба посебно само гледај да е една нова. Пример аки кашата е банана, јаболко и боровинка, твоето има пробано веќе банана и јаболко, слободно давај со една плус нова намирница. Не мора секој вкус да го пробува посебно.
И како им спремате пример за неделата на бебињата за јадење? Дали лупите миете овошје/зеленчук и замрзнувате? И за месо го варите и замрзнувате?
Ја секој ден свежо и спремав. На почетокот варев и овошје и зеленчук, после само зеленчук и месо варев, блендав и давав да јаде. А овошјето го миев па го лупев обавезно. Месото ми беше одвоено во кесички за замезнување по 50гр од прилика +- па само си вадев кесиче одмрзнував и варев
А зашто да и даваш преку силиконска цуцла? Давај со лажичка, давај сама да ја држи и да ја носи кон уста нема потреба преку цуцла не гледам никаква придобивка од тоа
Мајка мој совет, носи дете на педијатар веднаш. Прематурче, со кашлица и 38 температура не сте за да не ве види педијатар. Малецко е премногу. Јас не би ризикувала.
Па шо знам кочку да проба така, педијатсрот кажа од 5 месеци да почнеме со кашички а до тогаш сакам вака колку да проба малце
Девојки имате ли воведено во храната на вашите малечки експандиран амарант? Сакам да пробаме и тоа од житарици па некако дали е веродостојно експандиран, или да земам суров и да го зготвам самата... Многу е нутритивно богат па би сакала да го воведеме во исхрана
Температурата се намали веќе , а и кашлањето. Многу ни помогна инхалацијата и лојот од гуска. Утре ја носам кај матичниот. Фала ти
Дали ви исчезна топчето? И мојава го има од раѓање и на нет читав тогаш дека како расте ќе го снема, ама еве ја 17м.. уште е топчето, ептен видливо и не е баш мало... Се загрижив дека имаме другарче иста возраст и нема ништо вакво. Се наоѓа меѓу ребра на 1 прст подоле (некаде кај желудничето да речеме). @anastan и кај твоето дали исчезна? Дали сте се консултирале со доктор?
Оваа група е поактивна со жени што се тазе породени, па сакам да прашам. Дали некоја од вас има уште киселинининпо пораѓај. Ги имав и првата вечер после породивање, па дома ког дојдов пак малце… и сега вече 16ден по породивање уште ги имам на моменти дали е нормално ова?
Само го додавам во кашичката и малку да одстои додека ја средам да ј наместам на столче.. ете да речам 5 мин. Го ставам во секакви каши и зеленчукови и со месо и со овошје.
Здраво мајки, Среќна Нова година и од нас, ние бевме малку настинати јас завршив со антибиотик а бебла само со затнато носе, инхалации и спреј. Сакам да Ве прашам од кога почнавте да ги седнувате вашите деца, мојата скоро 5.5 месеци гледам сака да седи
Од 4 ипол се напрегаше да седи и го седнував по малце. Денес сме 6 месеци седи речиси без потпора, но не е целосно има рамнотежа
Да најчесто овошјето или зеленчукот е топол само што приготвен и го ставам во тањирчето две три големи лажици промешувам и си впива од топлината и течноста и станува мекичко, мн го сака
Отвори го креветчето и спој го до тебе на спална. Така ја префрлив мојата, исто ко на спална да е, а не е.
Добро како давате вода на бебе, секако пробав не знае да пие, или не ја сака ... Од шише, од мам чашка со муце никако не фаќа, со лајче давам ја плука