Моето е 5 ипол месеци и буквално се згадува и добива нагон на повраќање. Никако не сака да пие. Не терај со сила. Си прима преку млекото или кашичка(во домашните ставам малку и во блендер).
Јас да прашам за моето бебе(5ипол месеци). Некако во последниве 2 недели слабо го пие млекото(само АД) и помалку количински јаде. Има еден оброк. Ако пиеше млеко 180мл на 3 часа сега пие 120-150 и тоа на 4 часа и некогаш повеќе. Не сака да го допие,се трга. Од кашите исто,јадеше по 150гр.сега едвај 120 ќе изеде. Весела е,пргава,не плаче,не кенка. Едноставно не бара да јаде. Тоа ме теши ама ме чуди што е работава? Скок некој? Заби? Инаку за 40 дена напредната е 650 грама...
Од мека чашка со мека цевка од mushie, пие мојата од 6месеци, мала количина ама пие по оброк или измеѓу и купувам нера критис
Јас пд 4+ го ставав на 45 а сега 5+ сака да седи на 90 ама нема рамнотежа и паѓа и само го држам и потпирам со перници
Нема да се снајде, од мам му зедов чашка со испакнато муце не знае што да прави, прееска после оброк затрга малку ама толку беше некоја голтка.
Мајки имам дилема со топломери. Ако може да споделите искуства за microlife? Имав на чико за под мишка но многу мрдаше и му земавме microlife за на чело да му мериме. На чело 37.9 под мишка 37.1
Јас мерам со живин под мишка. Пред него некоја играчка што мрда, свети и му ја држам раката најточен ми е
Нема шанси со ништо да му мериш, почнува да плаче. Само додека спие можам да мерам. Сега спие и мерив со двата Мислам дека 0.5 повеќе кажува на чело
Брка работа ориентационо. За точно живин. Јас живин слабо користам. Иако не е скроз точен безконтактниот, попрактичен е. Живин 2 пати искршивме и само во екстремни ситуации се користи
Така прават на почетокот многу од бебињата, ретко кое одма прифаќа вода без плукање. Ќерка ми иако знаеше од шише млеко да пие, кога ќе и дадев вода плукаше, со 3те различни чашки со клунчиња си играше и почна да пие по малце од чашка за ракија ама само ако и дадев грч ладна од фрижидер(пола плукаше ама пак по нешто знаеше да голтне ама бев упорна и и нудев при секој оброк). После неколку недели пиење од чашката за ракија, на еден оброк пак и ја извадив една од чашките со клунчиња и малце повеќе голтна од таа, на следен оброк уште повеќе и така почнав само таа да ја нудам. Сега си пие најнормално од таа со клунче при секој оброк (освен некогаш кога драматизира со вадењето заби ама по некој ден се враќа во нормала)
Од што можи да е оваа точката испакната на горното непце ? Ептен нервозно се чеша горе и се става во уста, да не се заби или некоја афтичка ?
Кај да го носам Германија сме, а тука на педијатар за вакви раб не те примаат а и изгор скап е преглед на приватно, претходниот пат додуша не ни зеде воопшто пари докторот ама сега не ми е згодно пак да се појавам за ваква раб. Си идиме Македонија за една недела, ако случајно се влоши нормалмо ќе го однесам тука. Педијатарот од МК ми рече гинги гел да мачкам, сумља да не се има удрено од некое играче, ама не мислам, извесно време се чеша таму горе Сега гледам бебиња на нет си горе заби кога вадат и буквално исто изгледа, ќе почекаме, афта шо знам не е како афта испакнато е ова како топче
Да гелчето ќе потсмири со хијалурон е и афта да е ке го смири помалку. Ако е заб честитки! Нема ќерка ми ниедно уште не знам како изгледа на почеток дали вака странично се гледа
Чекај рано ти е , ќе пропие сам џабе се нервираш сега. Мојот на 9 пропи, не нешто значајна количина ама сепак пие. Битно е да нудиш. А за другото прашање, заб не е 100%. Тука од прилика треба да е тројката/четврка што нема логика прва таа да изникне, мене ми личи на Epstein Pearls. Прочитај на гугл за појавава, вака не мислам дека е афта.
Сакам да ве прашам, за капки и сирупчиња, чајчиња што читам дека им давате на бебињата, за грчеви итн, бидејќи спомнувате милилитри; како мерите? Дали треба да си купам некаква мерилица во мл, за течности, сирупи, млеко итн?
Примаат на педијатар и за вакви работи. Поточно слика праќав. Ми врати дека не треба никаква терапија, само од себе ќе мине. Парла беше. Имаше на долната страна една, нон стоп ја фаќаше. И да помина само од себе, ништо не ставав. Епштајн перла беше. На такво ми стои и мене дека е. Заб и да вади, ќе вади единица..ова е надзад.
Чајчето ќе си мериш според шишето во кое ќе му го направиш, капките се даваат по број на капки не по милилитри, а сирупчињата обично си имаат внатре во нив специјален шприц градуиран.