На моево второ ми личеше многу лошо на почетокот, па и кога падна. Почнав да чистам прво со алкохол нели, па со хидроген и банеоцин, и супер му е сега дури полично него ли на големиот, скроз се вдлабна. Ама ми рекоа демек третирај, па ако не е ок ќе оди на лапизација. Чудно ми дојде дека вчера му паднало и одма лапизација..
Во ремедика уште пред да падне ми рекоа следно се гледаме на лапизација. А мене ми личи на убаво паднато. Немам искуство дс споредам …
Здраво девојки, наскоро ќе ви се придружам во темава, кај и да е за брзо треба да ни пристигне бебуш, па моментално сме во финална подготовка. Сакав да ве прашам околу пеглање на алиштата. Сите алишта за бебе ми се испрани со бебешки детергент, сушени внатре со цел да не се изложуваат честички од загадениот воздух. Но вака од муабети на блиски, мајки итн повеќето викаат дека ги пеглале алиштата за бебе, или ги пеглале за првото . Не ми е тешко да ги испеглам, само ме интересира дали вие сте го правеле тоа и до која возраст?
Јас не ги пеглав ни со првото ни сега со второво. Само перам со фрош течен детергент на 90C и толку. Се сушат диплам и во фиокар.
Ги пеглам од сам старт и сеуште ги пеглам еве после 11 месеци. Не ми е мачно барем за неговите, сакам да си се убаво испеглани и средени. И плус дезинфекција.
ние переме само со речен детергент ама на 40, сите алишта мешано немам врмее да ги делам. Ги пегламе на секое ама ние сме мали 3недели прави утре…. Ќе видиме до кога(мајка ми пегла инаку, јас немам време)
Перам се на 60, бебешка програма, двоено неговите. Сушам во машина за сушење. Ништо не пеглам. Со првото не памтам дали пред да се роди ми испегла свекрва ми, после не. Сушарата е дезинфекција, башка перам на висока темп.
Перам мешано со наши алишта и со бебешки фрош детергент без омекнувач, па сушам во машина за сушење и ништо не пеглам. Само првиот пат алиштата и ги исправ во посебни 2 машини дека успеав да ги наполнам, но ни тогаш немам ништо испеглано. Дали 2 пати сум и испеглала некое фустанче од што било туткано не ради друго. 9м сме немала гајле до сега
Ви благодарам на одговорите на сите. Ние уште сме без сушара па затоа и прашувам, бидејќи знам дека сушарата прави дополнителна дезинфекција. За почеток ќе ги испеглам, за после тоа ќе видиме колку ќе имаме време зашто ќе бидеме сами, а и колку ќе му биде сензитивна кожата на бебе. Се надевам нема да има потреба постојано да се пеглаат.