Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Јас најчесто еднаш дневно ги стерилизирам или на два дена и цуцли и шишиња, иако тој се што не треба секако реди во уста:D
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Klarisaa

    Klarisaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Јас ги мијам со фрош ,топла вода и потоа во стерилизатор,цело време иста процедура,веќе 3 месеци :) Не знам ,шубе ми е да не ги стерилизирам .
     
    На Cvetce_ и Dijana DM им се допаѓа ова.
  3. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Да тоа се подразбира, и мојот играчките од на земја в уста :rofl:
    Секако нема да ги правиме свилени ама ме интересираше и мислење од страна оти во последно и јас не ги стерилизирам како на почеток после секое хранење, веќе и поголем е сега се става во иста, рацете му се цело време уста а се чапа со нив.

    Се трие со нервози со играчките во уста, онака писка на цел глас, не знам дали го чешаат непцињата или едноставно не му испаѓа нешто по негово што сака :)
     
    На Dijana DM му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    2.292
    Пол:
    Женски
    Бебе е 5 + месеци и стерилизирам после секое користење . Колешки мои до 3 месец стерилизирале. Јас незнам зошто неможам само миено да му дадам. А иначе во фаза е што се става во уста .
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    3.033
    Допаѓања:
    2.896
    Мајки колку требаше мл да пијат на почеток бебиња.И со кој проток беше на почеток
     
  6. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    1.073
    ние со авент почнавме со проток 2ка пред некој месец преминавме на 3ка.Кога не пуштија од болница по 30 мл после 60мл и така нагоре. Колкави сте вие?
     
    На nikja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.532
    Допаѓања:
    18.204
    Пол:
    Женски
    Имам 3 шишенца за млеко, ги мијам со фрош, а навечер ги стерилизирам, исто и цуцли ги собирам, мијам и стерилизирам.
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    3.033
    Допаѓања:
    2.896
    5 дена сме стари.Ми кажаа да правам по 60 мл па колку ке испие толку.Авент имам 2 проток ама нена сила да влече,и дадов со chico тие поголем проток имаат
     
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    9.064
    Пол:
    Женски
    За прематурче кај мене не пуштија од болница со 30мл, давав во Сhicco со проток 1. Потоа за кратко преминавме на 60мл и цуцла со број 2 за истите шишиња.
    До крај користеше после тоа 3ка цуцла, 4ката не ја сакаше воопшто како со ѕвездест отвор што е

    Жива и здрава малата, да ве радува со батковците заедно.
     
  10. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.474
    Пол:
    Женски
    Пеглав до 3м алишта што не се сушени во сушара, последниве 2м не пеглам само диплам и кревам. Имам захтевно бебе и некогаш знаат и по 1недела во корпа да седат за пеглање и почнав директ да диплам и да кревам
     
    На Dijana DM и poker_face им се допаѓа ова.
  11. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    1.521
    Допаѓања:
    2.292
    Пол:
    Женски
    Јас до 4м пеглав сега само новите алишта еднаш и толку. Од сушара здиплени право во плакарче :$
    Во сушара на 30 ги сушам 4 саати и толку се кога ги вадам да не кажам жешки
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Леле со пеглањето кога ќе ми текни на почеток свекрва ми се пеглаше од бебе, од чорапи до лигавчиња, мене нерва ме фаќаше од хормони, оти ми се плеткаше во соба и ми тарашваше во фиоки. Најјак момент беше кога се убедувавме да не пегла веќе, зеде од фиока ми ја извади пелената демек мора да се испегла и ја остави на земја, која иронија, као демек дезинфекција со пеглањето ама на земја пелената и со се алишта од работа ми се шлапаше на спална со нозете, сега ко ќе се навратам ми иди телефонот да го каснам :)
    Башка шо еден куп алишта од бебе ми запусти со пеглата оти пеглаше во три ноќта цела поспана :punch:

    Јас не пеглам, пуштам на бебешка програма и толку, во сушара кога имам сушено алиштата испаѓале помеки и постокмени отколку со пегла
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    4.208
    Пол:
    Женски
    Вака кога ќе прочитам си мислам може поарно што сами ќе бидеме. Знам дека секоја помош е добредојдена ама на нос ако ти ја извади, подобро не. Во ред е сугестија да дадеш па ако се прифати супер, ама да му буричкаш на некој по плакари и на своја рака да правиш работи и одлуки да носиш скроз не е ок.
     
    На Anastasia579 и Cvetce_ им се допаѓа ова.
  14. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Јас се преродив откако се иселивме од кај нив, живееме во Германија, сами сме со мм, јас сум цел ден сама со бебе тој е на работа, претешко е ама илјада пати е подобро, сега дека треба деновиве да се враќам за визата ми обелва косата кога ќе ми текни ама кратко ќе биде
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.195
    Како стерилизирате, имате апарат или ги превривате во тенџере?
     
  16. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    И така и така можиш, јас имав од локо кроко стерилизатор, па сега сменав си зедов еден апарат и готви и стерилизира, одмрзнува, загрева и блендер има на него. Инаку и во тенџере имам превривано ама бидејќи водата е многу тврда тука многу ми збираа шшишињата минерали, бел талог на нив, а во стерилизаторот супер испаѓаат.
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.532
    Допаѓања:
    18.204
    Пол:
    Женски
    Во апарат за стерилизирање, плус и може да се готви на пареа, но јас го користам само за стерилизирање. Имам од локо кроко на нип.
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Мајки хелло да ве прашам тие што сте со куче и бебе? Кучето ни е 5 години чувано дома, бањато(груминг) вакцинирано, и од дома во двор...ама куче е. На почетокот ептен пазев ама сега не може толку, бебе е на под на подлога, кучето се мота тука, и сака да му се доближи на бебе. Бебе пика раце во уста а се превртува на подлога...усствари се пика во уста сега, ќебиња алишта што ќе докачи...Подлогата Ја бришам прво со влажна крпа и фрош, па со сува. На колку време да перам подлоги платнени за играње? Играчки мијам со сјај фрош и вода, ама не секој ден. Треба ли да се потресувам или не? Џпт свашта ми изнапиша од памет да ме извади... Иначе кучето е малтезер. А бебе е 4 месеци.

    Иначе уште стерилизирам шишиња на секое ад.:)
     
    На nice-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    1.870
    Пол:
    Женски
    Мене куче и бебе не ми оди заедно, иако сакам многу миленици, од секогаш сум замислувала да имаме и бебе и куче ама кога ќе се задумам некако не ми е хигиенски а и искрено страв ми е, куче како куче можи да го испровоцира детето и да го нападни за секунда
    Е сега нормално си ги знаете милениците штом со години ги чувате, ама во тој хаос со бебе најмалце фали уште за куче маче да се грижиш.
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Имам куче што секој ден се митари и џабе е што секој ден усисавам пак има влакна. Кучето само дома го чуваме и редовно вакцинирано, бањато, прочистено. Бебето од прв ден дома сме го мешале во кучето еве 9м пу пу малава се нема ни настинато. Ниту ние сме миеле раце или нешто посебно переле кога било новороденче а не па сега. Сега дека лази низ цел стан само се лепи по некое влакно на неа и не се замарам тоа е. Сега бебето се повеќе оди накај кучето, му се радува неразделни се и преслатки
     
    На Mimmi39, Moon lovers, Anastasia579 и 4 други им се допаѓа ова.