По 4 пати дремки од 15 до 30 минути, еве сега стана во 4.30 и не сака да спие. Не ми останува ништо друго освен да се помирам дека такво е детето.
Мислам дека и мојава оди на 3 последната е плачење ама мн ми се гледа 4саати будна на крај од денот. Ноќеска урнебес секое легнување се вртеше и плачеше да ја земеме пак во рака само на страна знае да спие мојава на грб никако, на меше ако јанставам почнува да лази и да се превртува во сон крај нема а кај нине крајот сега кога ќе почнат за месец два да се дигаат
Исто не знам колку пати стана сношти. Обично првите 4-5 саати ги спиеше убаво, па потоа стануваше, сношти ни тие не ги поспа убаво. Едно време го зедов до мене, бидејќи изгледа на next to me креветче далеку му се гледам, па врзавме можеби еден саат. Моево пак само на грб спие. Уште сега се плашам вечерва како ќе е
Ние имаме 3 дремки Стануваме околу 8 часот, последната дремка гледам да е до 17 часот максимум. Вечерно спиење околу 20h Дремките не се подолги од еден час, рееетко час и половина
Јас имам две кучиња, салонски исто без митарење, 5+ години ги чуваме и ни се како први деца. Синко е 2,5 неразделни се; гушкање, галење, прво станување за нив прашува. Сега сум трудна пак, верувам и второто дете ќе израсне со истата љубов. совети да си слушаш само од тие што си исчувале миленици дома, сѐ деуго е background noise. Нормално до одредена возраст нема да даваш лижење и пикање раце, контрола бидејќи бебе нема осет, и ние си купивме бејби гејт врата и кога требаше пауза или да се отиде до вц кучињата идеа во другиот дел од станот. кучињата ми спијат у кревет да напоменам, дете во детска, јас сум clean freak за сите работи но кога ќе почне тодлер да јаде работи од земја и да лиже лулашки, кучињата дома се најмал проблем. доколку видиш дека кучето е агресивно и љубомормо, внимавај и работи на тоа. Моите се пренежни и јас сум безгрижна. Има инста профил dogmeets_baby за лиценциран тренер што ти објаснува како правилно да ги интегрираш у соживот. Со лесно и верувај, децата што се растени со животни имаат посебен тип н љубов и нежност во нив
Вчера бевме во Систина на мерење и договор за храна со др. Јас веќе го имав почнато со вкусови. Др вика јас тоа пробување по 3-5 дена не го разбирам и мислам дека е веќе застарено. Секако почнуваш со храна што не е алергена. Даваш еден ден и даваш колку што сака бебе нареден ден мешаш со нов вкус и исто. Кај мене оти бебка е погочем во килажа и се рече одма од денес да вклучиме оброк. Да не вклучувам појадок туку ручек и за 2 недели да вклучам вечера. За 2 недели да вклучам и месо а во меѓувреме да почнам со житарки без глутен, а од наредна недела еднаш на 4,5 дена да давам и глутенски. Нејзина претпоставка е дека навечер често ми се буди оти е гладен и дека кога ќе вклучиме вечера поретко ќе станува. Останува да се надевам дека е во право
И јас гледам да е околу 17 часот, ама тој не гледа. На околу 2 часа или 2 часа и 15 минути му се приспива, почнува да плачи бидејќи не знае сам да заспие, само со нишање. Обично заспиваше 8, 8 и пол, ама еве веќе 4-5 дена заспива во 7, што мене ми одговара, но не ми одговара будењето Некако деновиве и преку ден е многу плачлив, не можам сам да го оставам ни 2 минути и често бара за в раце, а претходно подолго време сам си се заигруваше
Да те " утешам". Мојот од старт јаде за машала. И три оброци кога имаше, пак стануваше цела ноќ. Поготово после годинка кога и плус ужинки имаше, најлошо беше станувањето. Се додека го доев, се будеше по 100 пати. Кога прекинав со доење почна да ја преспива цела ноќ. Од лично искуство, храната нема врска со будењето. Едноставно, некои бебиња се будат многу почесто и им треба помош да призаспијат.
За жал моето искуство не беше такво. Ништо не сменија оброците во однос на спиењето. До 5 ипол месеци беше на екслузивно доење. До 4ти скок спиеше одлично. Новороденче го будев за да цица, после еднаш до два пати стануваше да цица и продолжуваше веднаш со спиење, некогаш се случуваше и ниеднаш да не стане. Ама од 4ти скок почна лудницата и не заврши до 16 месеци кога го одбив од доење. На секој час стануваше, два ако врзеше славевме. Па и не презаспиваше некогаш, си седеше буден по два саати. На 5 ипол месеци почнавме со вкусови, на 6 веќе имаше оброк (ручек) затоа што си сакаше да јаде. Па после воведов вечера. И двата оброци си ги јадеше баш солидно и пак си стануваше нон стоп. И доручек кога воведов, ништо не се смени. Прекинавме со доење, почна да ја врзува цела ноќ. Во однос на јадењето немаше никакви промени. Колку што јадел денот пред, толку јадел и денот кога ја преспа цела ноќ.
И кај мене е исто од 4 скок спиењето ни е катастрофа а претходно си спиеше еднаш до 2 пати за цицање стануваше. Јас од денес воведувам ручек па ќе видиме. Ќе дадам и јас update дали по некоја веројатност ќе почне да спие повеќе
Девојки бебе е веќе 22дена, бевме 2 пати на педијатар само излезени. Со скафандер со се. Прашањето ми е сакам сега деновиве и на тераса да излегуваме, гледам ќе биде 6-7 степени. И за таа температура ни треба скафандер?
Кај нас од 3 скок почна лудило. За првото дете мислев не спие зошто не беше во кревет со мене. Грешкаааа. И мојов до кај 1 2 спиеше ако заспие во 10, после будење на пола саат нормално, е сега цела вечер така лелеле збрлавев начисто не знам што да му правам луѓе се осеќам катастрофално, како може двете деца исто да ми бидат. Не сака да легне доле, спиеше првите денови од лудилово врз мене, сега ни така не сака. Само во раце. Не знам колку пати се буди, додека го спои тој пола саат што го спие поминува исто пола саат. Не знам што ќе се прави, немам надеж. Ад му давам, не е од глад, одма се буди после тоа. Не е за близина. Екстремно нешто, вака ако тера до година ќе споулавам, не се живее без спиење
Сакам да слушнам дали има некоја мајка што не и се буди после воведување на вечера. Мислам дека не постои . Мојот и јаден некогаш и помалце јаден, пак се буди и се гледа дека не е од глад пошто не ни цица активно туку ќе цицне еднаш и ќе пушти.
Сите заедно да си седнеме да си напишеме еден научен труд со наслов - одбиј дете од цицање и наспиј се
Ја цитирав и Мандела за да докажам дека е навика. Сменете се неколку дена со мажите, ќе ја сменат навиката, не мора да ги одбивате преку ден, само навечер ќе ги одбиете од цицање, кое и не им е потребно.
Знам Феникс, ама никако да се решам на тој чекор пошто не сака ни цуцла и знам дека ќе е плачење со дерење . А колку би ми било полесно и целосното одбивање кога ќе е одбиен од ноќно, ехее.