Знам дека е навика, ама јас немав срце да го слушам да ми плаче, а јас да сум тука. Па свесно се „жртвував“. Порасна, помина, се заборави
Не, мислам дека ќе е топло за скафандер. Скафандер на минус би ставила. Вака облечи го и јорганче/ќебе ... ама во момент ќе процениш како си ти плус еден слој е доволно
Јас ја вадам на тераса во едно како мече не знам како се вика ама не е скафандер. Седиме кратко. Не и ладно.
Моево бебе 5 месеци еве сега во недела.. луѓе уште дневните дремки само во раце ги спие... нема шанси на кревет. И да ја оставам заспиена на кревет, ке стане за 20 минути. Јас не знам како да почнам да ја учам на кревет да спие..Дали треба да затемнувам во собата? Дали во креветчето нејзино да пробувам да ја заспивам па таму да ги тера дневните дремки?
Јас терав долго со бели звуци и проблем со спиење немал. Ама и пратев колку треба да е буден. Ако требаше во 3 да спие, ние во 3 бевме дома без разлика кај сме. Ептен се жртвувавме, за таа сметка имав бебе со ред. Пробај со white noises на јутуб ако не бива, пушти фен да дува колку да бучи дури заспие па префрли на моб. Бебе никогаш на спална не сум ставала се бил во креветче. Ми беше страв со нас на спална
Јас некако во главава ми стои прв роденден до 15месеци за крај … тоа би било јуни-септ летово… којзнае дали ќе имам млеко дотогаш или пак дали воошто ќе успеам да ја одвикнам летово ама ете некако така си замислувам а ептен ми е тешко кога помислувам на тоа. Пред некој ден се изнаплакав на инста ми искочи рил како мајка поставува камера /телефон седнува со бебето една вечер на фотељата каде што го доела 15месеци и се снима како го дои последен пат за да не потклекне да му даде уште еднаш вечерта. Она плаче и го дои, јас плачам и гледам … маж ми седи до мене вњчерта ми вика што стана зошто плачеш крај на програмата
Зошто мислиш дека ќе немаш млеко? Нема шанси туку така да снемаш, може да се намали поради оброците ама тоа е нормално. Телото знае колку му е потребно на бебето
Плачење секогаш ќе има, дали сега дали понатака кога ќе го одбиваш. И јас бев скептик дека нешто ќе функционира со моето бебе, ама ете кратење на ноќните подои вроди со плод. Мојата не спиеше од 4ти скок па се до 10 полни месеци кога ги скратив ноќните подои. Преку ден си цицаше. Значи стануваше на секој саат, ја презаспивав со нишкање, некогаш со цицање, на секое станував од кревет нишкав по 20 минути.. некогаш ќе се расонеше и седевме будни по 3 саати сред ноќ, хронично уморна бев. Затоа сега спие од 8 вечер до 7 сабајле кома. На секое бебче му треба убав ноќен сон, подобро за бебето ќе биде ако спие убаво навечер. Јас цело време викав на моето бебе малце сон му треба ама не било така, сега заспива во 19:45 навечер и сабајле во 7 ние ја будиме за во градинка, а да ја оставам ќе спие до 8, 8ипол како ништо. Пробајте.. Ете кај мене лесно поминавме, не плачеше многу, спиеше со маж ми неколку ноќи па после со мајка ми додека да се осудам јас да се вратам во спална @Baby warrior
И уште нешто: Ја заспиваше со цицање па после преземаше маж ти? Мојот знае некогаш многу брзо да ми се разбуди после заспивањето, некогаш за 20мин до 1 час. Порано беше подобар спојуваше по 2-3-4 сати, сега…
Мојата на пример заспиваше со цицање само првите 20тина дена … после веќе никогаш ќе цицаше ќе цицаше по пола саат кога беше мн мала о таман ќе си речев еве заспива и ќе почнеше да мрда да плаче и мораше во рака. После веќе почнав да ја заспивам без цицање со нишкање и цица после 40минути откако ќе заспие се размрдува и продолжува. Иначе навечер не давам цице на секое вртење и плачење нишка маж ми оваа недела попто јас со ракава десна сум лом ајде може среќа во несреќа тоа ќе биде значи советот од вас е навечер ич да пробам да не цица цело време дс пробуваме со нишкање?
Мојава никогаш не заспиваше со цицање. Цицаше, ждригнуваше, облакав вреќичка и со нишкање ја успивав. Кога почнав со кратење на ноќните подои ја успивав јас, и излагав од спална. Првото будење како и секое наредно влагаше со спална маж ми, и после си легнуваше тој со неа, јас спиев во дневна. Буквално не стапнав во спална 8 ноќи. После ми беше страв да спијам со неа да не ми се буди пак
Па јас се консултирав со педијатар, над 6 месеци немаат потреба од млеко навечер. Јас потклекнував и давав да цица, да речеме ако станеше 10 пати, 7 пати нишкав 3 пати цицаше. И така до 10 месеци.. Затоа сега знам како со второто, здравје
Пробај да не нудиш цице бар на тие првите станувања. Јас ја заспивам мојава со цицање, така е навикната од новороденче и бар еднаш или 2,3,4 пати станува и ноќе. Откога ќе заспие ја префрлам во креветче и првото станување и е после 5-6, некогаш и 7 саати ама после знае на почесто дека ја зимам до мене и ваљда ме мириса повеќе и ми се лепи. Се сакам да пробам да ја вратам во креветче ама сум кома дур ја чекам да презаспие. Ако стане многу брзо како што викаш на околу саат тогаш кај мене пали само да и шшкам и да ја тапкам по газе (иако ова нема шанси во другиот дел од ноќта). Тој период мислам сонуваат и се будат од тоа па не бараат за утеха. Јас мислев нема шанси да прифати без цице ама еднаш рандом пробав успеа и одтогаш обично успевало ако ми стане толку рано