Ми се насолзија очите читајќи, денес така некој емотивен ден имав во поглед на доењето, морам да си се искажам, да ми олесни. После првиот циклус почна да ми се намалува млекото, особено два-три дена пред циклус и првите два откако ќе добијам. Навечер од 7 до кај 9-10 практично и да немам млеко, пробав да стимулирам со пумпа, пробав и Лактил, Лактамикс, многу течности, но само си направив хиперлактација во текот на ноќта, а во тој период не ми надојде млеко. Ајде се откажав и почнав пред спиење да му давам АД. Ама сега како поминува времето и преку ден понекогаш немам доволно млеко и додавам АД, гледам штом дадам АД да се измолзам за стимулација ама не успевам секогаш. И денес, ден пред циклус, исто немав преку ден за еден подој, бебе се растревожи, почна да плаче, јас сама со него одма почнав АД да спремам, он уште толку почна посилно да плаче. Само што ми спремив АД и му дадов, одма се смири. Додека пиеше едно тешко ми падна, не заради тоа што му дадов АД, туку што не успеав да си ја одржам лактацијата и дека со тоа го расплакав многу. Едвај се воздржав да не заплачам. И некако во моментот си реков готово е, се префрламе на АД, да не го мачам ни него, да не се мачам ни јас. Ама па, следниот подој толку мирно, спокојно си цицаше и си заспа на града, одма добив сила уште малку да се потрудам со измолзување за стимулација, со чаеви и се друго...
Кога имаше 4-5 месеци често така го презаспивав, дури имаше период и цела ноќ преспиваше со така тапкање ама сега нема шанси. Баш вечерва пробав, пошто до сега три пати е разбуден ама станува и си седнува.
Ние дневните дремки секогаш ги заспиваме со бели звуци и тоа конкретно еден само. Ама во раце. А и ние исто секако пратам прозорец на будност кога треба да спие и слично, но проблемот е што до сега спиеше во дневна на светлина на бучава колку толку нели, па дали сега да пробувам во спална во креветчето. Исто такс многу почна навечер да ми се буди за јадење. До сега еднаш у вечерта стануваше само за млеко (на АД сме), а еве оваа недела цело време на 3 саати точно станува... не знам више
Многу менуваат значи хах, мојава ич нејќеше тапкање порано еве сега дури по малце прифаќа така само толку рано ако стане. А до тебе спие или во креветче?
Значи од што читам скоро сите кои спијат заедно со бебе имаат мака со спиењето кај бебињата, знаат дека цица е до нив ја мирисаат и ќе се будат на секое, џоа цуцла лажачка е цицката А јас пак беља да ме земи, ко заинает не спијам, скролам рилсови и се смеам ко зелена до два по полноќ
Не ми правете вака, јас сум пред циклус и сум премногу емотивна (порано не бев). Моето е на комбинирано, додуша мн повеќе на ад и колку и да се трудев да имам повеќе млеко, не дојде, а цицаше и уште цица и преку ден и преку ноќ. Така убаво си цица, го гледам и си тажам како за ова бебе немам млеко, го оставам да плаче додека му го дадам шишето. Се мачи тој, се мачам и јас ама ајде си викам барем маалку мајчино да пие за имунитет. Навечер кога спие подолго се молзам, за да не го изгубам и тоа млеко што го имам. Ми е страв да кратам оброци, бидејќи и така ќе ми се намали млекото. И пак во овој случај не знам кога би се решила да прекинам, најверојатно кога скроз ќе снемам.
Здраво, дали сите користите пробиотик за новороденчиња? Ние сме 2 недели и уште не му давам иако педијатар ни препорача затоа што баш му работи супер стомачето и цревата ми е страв да не се створат грчеви од пробиотик
Да да пробај затемни, во потивко... во однос на ад пред спиење пробај давај повеќе пр +30мл ако пие. Веројатно не го држи.
И кај нас е полошо, порано ќе цицнеше ќе презаспиеше за буквално 7 минути а сега по саат се врти низ кревет. Мада мојава и со забиве се мачи горе само некој пробива па и тоа мислам си допридонесува за дел од лошите ноќи. Цела сум изгризана, изштипана и изгребана од неа, кога се мачи да презаспие лом ме прави. Инаку она многу подобро спие кога е во креветче, него ли до мене ама пак вториот дел од ноќта ја зимам до мене…
Капка ад се нема напиено, па во болница лежевме. Те молам не си ставај на срце вакви работи. Да е живо, здраво и ти со него, се останато е небитно и пролазно.
Јас имав млеко многу малку дури 2 недели. Се мачев јас ја мачев и неа слушајќи ги сите мора да цица за имунитет. Ја однесовме на педијатар не беше мрдната со тежината, зошто, зошто мајката слуша баби и све останато. Дете се дере плаче не знам што да му правам, тоа сирото гладно. И толку беше се префрливме на АД. Еден ден станав и едноставно немав веќе млеко, ни капка, ни за кога ќе ика. Тоа е, малата е на АД речиси од почеток, за жал се повеќе жени немаат млеко или не дојат или дојат многу кратко. Нема што да се јадосуваме и да си ствараме грижа на совест. П.С. јас сум доена до година ипол па до пубертет од Козле не излегов. Секоја зима таму зимував по месец дена. Така да нема врска тоа со имунитетот.
5 месеци, уште е мало, некако мислев дека ќе тераме барем до 9-10 месеци, ама сега скоро невозможно ми звучи тоа.
Не се откажувај, и јас тука околу 5месеци мислам дека се потсреди веќе ситуацијата и почна да цица помирно. За млеко мене мн ми помага овесот и овесно млеко навечер
Колку ви е буден прозор на 6 ипол месеци? Мислам дека правам грешка, претходно заспиваше на два часа, сега некако ќе го заспијам тоа време, ама се буди после 20 мин наспан свеж, за после еден час, час и половина пак да му се приспие. Дали можеби му е зголемен будниот прозор, јас од навика на два часа мислам дека почнува да му се приспива и дремките ни се измешаа скроз
Толку ни беа, 2 часа до 2 и 15.. не го заспивав одма ако немаше знаци дека му се спие, ама обично плаче кога му е време за спиење, па ги жули очињата. По 20тина-30мин спие и често знаеше така да не е донаспан и да плачи, па мислам по цели денови само го успивав, нормално со нишкање. Кај мене би помогнало да врзи повеќе сон ако спие на мене, до кај 4 месеци секоја денска дремка му беше така и некогаш ако се буди со плачење, а му се спие, знам да го оставам в раце да ми поспие
На 5.5 месеци 2:15-2:30 порано од тоа ако заспие одма се буди. Само сабајле од будење до прва дремка е 2:00 часа. Пробај малку подолго да ти е буден може повеќе ќе спие