Кај нас брзо дејствувала, ден до два. Иначе миење после секое какање, кај нас и сметаше ако јадам зелка и пијам цитрусни сокови, одма и се црвенееше.
секоја втора пелена му е какана, некогаш и секоја и освен со потопени тупфери некогаш немам простор како сама да го мијам…
Мало е твоето, за 1 мин измиено. Под чешма газето и измиј. Под мишки држиш и миеш. Сушиш со тапкање и убаво од кремата ставаш.
Јас 3 години сум цицала со столче, па од основно од кога памтам со антибиотици тешки настинки одма да се спуштаат, па и како девојка средношколка на инфективно лежев од настинка се спушти, матичната не ме истретира како што треба. Тоа дека нема да настинува и да се разболува ако цица нема чиста врска. Кумава ја дои уште малава година ипол еве 3 пати козле лежеа, еднаш на детска исто одма и се спушта на плуќа.
Мајки на колку месеци се вртат бебињата на меше? За една недела 5 месеци и некако ретко се врти, и тоа ако е на страна наместена.. Еве вчера ни еднаш не се сврте.. Не знам дали да паничам
Ич да не паничиш. Ќе се сврти кога ќе е спремна. Можете вежби да правите, ама остави дете да си прави спонтано работите, кога ќе е спремно. Мојата во вртење, станување, седнување, лазење,не беше по книга. 10 ти месец кога беше, бум и се правеше во рок од една недела. Прооде брзо после прв роденден. Права каскадерка е сега.
Ние сме 5.5 и уште не се врти. Од меше на грб знае да се сврти и тоа не секогаш, а од грб на меше ниту еднаш. Мислам еднаш ама веќе беше на страна легнат и со мрдање се сврти. Баш и др тоа ми кажуваше, џабе ќе го форсираш сам кога ќе биде спремен ќе си прави се. Сите деца не се исти.
Моето во периодот од 4ипол до 5 неколку пати се имаше свртено од стомак на грб, а обратно никаква иницијатива не покажуваше, ни јас кога му помагав не беше заинтересиран. Он не ни сака нешто мн да биде легнат на стомак. И одеднаш баш дента пред да направи 5 месеци почна да се турка на страна и следниот ден се сврте на стомак. И не престана да се врти кај и да го ставам за 1 минута е на стомак. Ама проблемот е што како да заборави како да се врти од стомак на грб и сега на стомак брзо се уморува и плаче да го вратам, само што ќе му помогнам да се врати на грб, он одма се врти на стомак, некогаш уште вртејќи се почнува да плаче...и така деновиве само тоа правиме. Никаде не можам да го оставам, буквално станува од спиење, уште неотворени очи, он пробува да се сврти. Сите вежби што ги видов за да му помогнам да се врати на грб ги правам ама безуспешно. Така што ако имате tips and tricks, ве молам споделете
Мајки како ги облакате бебињата за надвор на 10-12C? Имам едно како вреќичка дали да го ставам само во тоа и покриено со дебелко ќебенце? Или сепак скафандерче да му облечам
Јас сепак со скафандер излегувам 3ипол недели е… ако му е топло ќе кенка ќе се вцрвени, ќе раскопчам малце
На колешкава и моево се 2мес разлика. Нејзиното во приватна градинка, моето државна. Нејзиното доено до 3г, моето ад до 2ипол пиеше некаде. Сега се по 5г, цело време е болно, лежат по клиники. Јас жива се изедов што не успеав да дојам баш ради тоа сите ми викаа да цица имунитет да стекне не знам што, молзи се пусти прај бел ден не видов. Може не треба такви разлики да прајме, ама еве нејзиното 3годишно доење испадна никаков имунитет детено, некој да кивне тоа е болно
Мојата неколку дена пред 6 месеци почна на стомак да се врти. Од стомак на грб на 7 мес и неколку дена. Слушај си ја мајчинската интуиција, внатрешниот глас, зошто да паничиш нема потреба. Секое бебе индивидуално си се развива.
Мајки, од колку месеци можам вака да ја возам во количка?? До сега ја возевме во корпата, но веќе сака да гледа и се буни кога е скрос легната, почнав да ја ставам во транспортерот на местото на корпата, но и тоа веќе и е мало и штрчат ножињата. @Peperutce6 5ти месец почнуваме, секој ден ја легнувам доле на подлога, околу играчки, топчиња, за да се врти, нее не сака за жива глава. Навечер кога ја легнувам знае да си игра и да се врти странично, неколку пати се има свртено на меше периодов и тоа на креветот по меко и е некако па успева.
И јас од 5 месеци почнав на 45• нејкеше да лежи воопшто цела пресреќна беше првиот пат дека гледаше иначе корпата цели 2месеци ја возевме со судни маки ич нејкеше да лежи, после се во транспортер до 5
Од 5ти месец. Мојата не го сакаше ни транспортерот ни корпата - се преродив кога почна да се вози вака
Не се сеќирај. Одеднаш ќе ја направи промената. Секое бебе е различно, и кога ке е спремно ќе почне и со тоа Мојот како не се вртеше одеднаш почна , и тоа па незнае да се врати назад, од памет се извадив кога го видов го видов лицето во душечето. Сега се сака на стомак да е и многу често на страна сам се врти. Сега сме 5+
По препорака на ортопед од 4,5 месеци под агол од 45 и малку да го седнувам и дома под тој агол. Некако не му го погодувам тој агол дома па не сака да седи долго ама по 3-4мин тераме. За исправено седење ни кажаа од 6ти месец