Мајки, дали е нормално за бебе од 3ипол недели, а и претходно деновиве да има различни дремки? Пример знае да се успие 3саати, ама знае и на саат да станува. Исто може да цица по саат ипол со прекини… и никако да не спие. Ми се чини дњка на периоди од денот многу долго стои буден… видов за негова возраст требало 1ч максимум. А пример он кога цица така саат ипол со прекини два, цело вемее почн да гледа. Ме интересира дали нешто погрешно правиме или нешто да направиме да не е вака… ако не е нормално
Хаос се дремките тогаш, нормално е. А и да не е теоретски, што ќе му направиш на толку мало бебе? Оди разбуди го ако му се спие, или заспиј го со сила. Пред 6 години ова форсирањево на пазење дремки толку не постоеше, па детето си се стабилизира само со време, моево 3 ипол месеци, уште нема точно одредено фиксни дремки, дури сега почнувам да приметувам некој патерн, повеќе пази прозори на будност отприлика зошто сум приметила дека ако се долго будни стварно се раздразливи, особено приквечер, од сабајле секако е попоспано, барем моето. А на цице знаат и да си дремнуваат на почетокот особено, прати го бебето, не верувам дека саат ипол два не дремнува на цице. Ќе се потсредува со време, не го мисли многу. Прати го само.
Даа, кај мене беше хаос со дремки, многу се нервирав тој период, си викав како може толку мало бебе да е будно толку долго, ќе задремеше 5 минути и ќе се разбудеше и се така, ама како ќе одминува времето, како ќе расте ќе се среди.
Не правиш ништо погрешно, такво е на почетокот. И јас на почетокот се прашував и ми беше чудно како може толку мало бебе да не сака да спие. Или па кога ќе заспие и еве го буден за 15мин. Мислам дека 90% од времето буден беше преку ден. Се среди тоа некаде после 2-3 месеци кога наполни. Тогаш веќе стекнавме рутина и со ноќното спиење и денските дремки. Кога ќе стекнете рутина полесно ќе биде. Како расте така ќе си фатите ред.
Биди среќна ако не плаче кога е будно. Мојава ѕверка уште спие така по 15 минути пола саат, ретко ретко знае да врзе саат саат ипол, а секој буден момент го користи за да плаче. Сега научила тажно плачење да ти се откорне душата ако не ја земеш во раце. Многу ретко е расположена да седи, гледа и да и збориш. Се надевам брзо ќе помине рбетот ми се откачи мислам од цело време во раце. Инаку менува ептен ритам. Некои денови спие во точно време на пример после цуцање, некои денови се лудило хаос крај не можам да фатам.
Во количка низ дома си пробала? Ми беше спас количкава. Така и ќе заспиеше и ја оставав да спие. Или ќе седнев и со нога ја мрдав количката напред назад.
Ни количка ни релаксатор. Престанува да плаче со клекнување чучњеви така да мајкава ќе се прави манекенка
Штом така се смирува, пробај со пилатес топка. Ем ќе се правиш манекенка, ем ќе седиш и ќе ти биде полесно.
Ништо погрешно нема патерн на почетокот И јас се чудев како може цел ден будно новороденчето како зајче буквално задреми малку па седи будно а навечер си спиеше ама го будев за ад на три саати и мислам дека може ок то за почетокот ама за жал тоа го терав така до трет месец и му остави навика па сега само се буди ама ок е пак навечер а после трет месец и денски малку е подобро
Па не баш Ама дефинитивно е подобро многу Оти почетокот барем кај нас беше хорор до 2 м Или плачеше или спиеше или на цице со саати за да воспостави лактација...4та состојба немаше Се виткаше од мешето, грчеви, не спиеше, со дремките ужас... Со пелените дури најдам кој му се ок...па кој крем па црвенило па на секое мочкање плачеше... абе Само плачење и вриштење многу стресно но помина
Хахаха, да. Бебе сака во раце пак цел ден, само што сега е 7 кила, со спиењето што ни се деси да не зборам
Е и ние сме во таа состојба плаче јаде спие. Вие што доите бар на цице ќе се лажете. На адаптирано нема така сега ми бара почесто да јаде педијатар вика не, дете се дере. Тоа е. Ќе чекаме подобри времиња
Абе и јас сакам надеж. Еве ај, со првото дете после околу 4 5 месеци кога почнав да го ставам на подлога доста се занимаваше, беше спортско бебе и цело време вежбаше моторика, не ни морав јас нешто многу да го анимирам, ова ќе видиме. Ама еве по следна недела 4 прави, сака во раце уште, што да те лажам , вреска ако е доле а бабачко си е, мислам од раце ќе го испуштам, особено кога пробувам да средам нешто по дома со него во раце. Дај боже да се погоди како брат му спортски тип за дење, како што се погоди исто за (не)спиењето. Ама секое бебе своја политика. А за плачки од грчеви, се намалуваат ваљда ама мои деца немаат грчеви.
Мамички, дали можете да ми кажете некоја техника за пробобување на вкусови? Пред два дена почнавме и првата лажичка беше ок, ( почнавме со јаболко) од тогаш па до денес кога ќе ја види лажичката затвара уста и врти глава и како да има нагон на гадење. На уште непоробано... Користам на бејби нова лажичките има ли некоја техника? Да пробам со цуцла ми пројде низ глава, ама пак си викам немој да не сака после млеко да пие...
Има едни цуцли со дупчиња. Ние порачавме од Тему, за секој случај да ја имаме за од нареден месец. Инаку, немој да форсираш ако не сака. Дај му малку време, ден-два нека одмори. Може да земеш силиконска лажичка. Или било каква. Или пробај друг вкус, пр. банана. Навикнат си е на млекце и ќе има отпор. Ќерка ми повеќе од три лажички никогаш не стави во уста. Само биди трпелива и не се нервирај. Следи го бебе, сам ќе си покаже што сака, кога и колку.
И моето на вториот ден почна да ми затвора уста и му дадов прво да ја допре храната, да си поигра малку и потоа почна и да отвара уста. Од третиот ден почнав и него да му давам лажичка со малку храна и сам си ја става во уста, лом се прави, си игра ама и јаде. Веќе две недели така тераме, и сега за сега е океј, повеќе он си јаде од неговата лажичка отколку што јас му давам. Не знам ова колку ќе е изводливо со поголеми количини кога ќе треба цел оброк ама за пробување вкусови ни функционира. Едит: за него земав силиконска лажичка, од оние како за блв.