Дали сте задоволни од колиеф и рекол бимбо капките, дали бркаат работа? Како ги давате колиеф тие што доите?
Ние сме точно 26 недела од раѓање, 25 од термин. Дали 5 скок ќе биде поголемо лудило од 4? Ако е не знам што ќе правам
А дааа кај мојава 5тиот беше врвот мислам ги спои 4ти и 5ти и напраи микс снова 5000 пати на ноќ будење
Кај нас почеток на 6ти месец беше таков. Среќа брзо помина тој период, околу недела дена беше така. Заспивањето беше еден маратон
Му давав на бебе Колиеф до 2,5 месеци, но не гледав баш време. Обично треба 20-30 мин пред цицање, но тоа никако не можев да го натемпирам. Му давав по 2-3 пати на ден, а некогаш еднаш, кога, ќе почнеше да плаче и да го боли меше. Му помагаа, го смируваа.
Колиеф џабе ги земав. Тоа чекање да стојат во млеко не знам колку време, па ако е на доење како ќе се изведе.. тотално непрактично. Како и да е, моево бебе немаше многу грчеви, а за замена за секој случај земав Еспумисан после.
Рекол не користам ниту било кој друг пробиотик зошто сум на доење само. Колоеф ставам во 20мл измолзено млекце во шише 4капки, го давам тоа и после продолжива да цица. Како што пишува на уптството Давам по 3-4пати во ден
Јас да! Рекол давав редовно до 6 месеци. Колиеф на почетокот давав 7 пати. Се измолзував неколку капки во лажичка и ставав по 5 капки. Некаде од кај 5 месеци почнав да забушавам и да не му давам редовно и така полека и намалив.
Не знаев кај да пишам. Подарувам аптамил про нутра 1 искористени само неколку дозерки. Пред 7 дена отворено. Околина Ѓорче/Влае.
Јас сум многу задоволна од колиеф, освен тоа користевме и еспумисан (само по потреба) и бејбитол неонејт и периодот на грчеви го помина релативно лесно. Се измолзував и во 15-20 мл млеко ставав 4 капки, по 3-4 пати на ден.
Скроооз истооо. Отако се породив, кога се вратив од болница бев задоволна како изгледам. Ама после со доењето како ми се зголеми апетитот, страшнооо... Плус, се нешто глупости јадев на брзина, дека поголем дел од денот сама со бебуш. И веќе почнав да се нервирам со физичкиот изглед, никогаш не сум била волку дебела. Пред некое време почнав со вежбање, па се надевам ќе има резултати. За исхраната и мене ми е страв да почнувам со рестрикции зашто и без тоа периодов млекото ми е намалено.
Јас се здебелив 6-7кг во бременост за 3недели од пороѓај бев со рамен стомак исто како пред да останам бремена а имам облини цел живот такво ми е телото. И така си терав доев на 2часа се до 5ти месец јадев и доста благо иако пазам здрава храна ама благото посче пороѓај ептен на најјако е сега 6/7месеци по пороѓај сум здебелена 4кг за празнициве и што се заседнав дома со детево дека поладно не шпартам со саати надвор ја изнесувам еднаш на два три дена, сега цица поретко дека оброци почнавме и одмааас се здебелив морам да се успорам малку со грицкање и благо ич не се сакам со повеќе од 65кг а сега се мерев 69 сум отишла
Јас и давав сабајле кога ќе стане пробиотик а инфаколикот по потреба цела пипета и ич не го сакаше ние грчеви имавме до 3-4 месец, после се намири. Мајки водичка кога почнавте да давате и по колку мл?
Мене искрено страв ми е да се измерам, ама по тоа што гледам во огледало морам повеќе да се воозбилам. А за благо и грицки, најмногу го обвинувам мм се што ќе види ново во маркет мора да купи. И навечер, обично он успива бебе, јас за тоа време вежбам и таман ќе завршам со вежбање, ќе се средам, он во дневна ме чека со нешто ново за грицкање, а тешко ми е да не пробам и... ама ај, ќе се потстопли времето па и повеќе шетање со количка, ќе биде полесно. А за апетитот, јас се си мислев дека кога ќе почне со оброци и кога ќе намалувам подои, дека и апетитот по малку ќе ми се стабилизира.
Кај мене апетитот нешто не се намалув мојава цица навечер обилно преку ден имаме 3-4 подоја и 2 оброка стснува рано 6/6ипол а заспива пколу 19:00 /19:30 и така тераме сега. Одвај чекам да затопли и да почнеме со шетање бар по два саати дневно за да ми биде тоа кардио
Дали и вашите бебушки кога спијат навечер испуштаат звуци се тегнат? Преку ден кога спие е тивка ама ноќе леле.