Даа. Преку ден во дневна глас не му се слуша, мирно си спие. Ама навечер во креветче само се тегне само некој чудни звуци испушта, станувам да видам он спие. Баш на инста ми искочи некое видео за тоа дека бебињата всушност се во активен сон тогаш,не се будни и не треба да ги будиме, да ги креваме, млеко да им даваме.
Хахаха добро да не се секирам. Јас си помислив нешто да не не е арна. Леле ова прв пат мајка многу прашалници има само нешто се преиспитувам
Уште колку ќе прашуваш и преиспитуваш ехеее Само читав, споредував, па се нервирав. Ама прв пат мајка, така е. За второ мислам полесно ќе ми е.
Дааа и најнормално е тоа за новороденче. Ама брзо поминува. Сите сме биле така и еве уште сум, годинка ќе полни за брзо. Мозокот на мајката нема одмор хахах.
Девојки по препорака на педијатар време е да вклучиме втор оброк, ручек со мевце Каков ви е распоред незнам кога да давам втор оброк. Се будиме во 8 наутро, млеко па дремка имаме во 10 часот, спие час и половина и околу 12 часот го давав првиот оброк. После теравме со млекце до крај. Сега незнам кога да воведам ручек Хелп
Добро што да правам бебе од 1месец седи будно 2-3саати. Пробувам да нишкам, звуци пуштам, пелени чисти не е од тоа. Му давам да цица деме за комфорт и ми бљуцка се(претходно или цицано или шишенце молзено). Хеелп!
И мојот знаеше, а и уште знае така да изненади на неколку пати, па дури бил буден и по 4 саати, 2месеца е. Ако не плаче, го легнувам на кревет или во скут и пееме песнички, правиме вежбички со рачиња и ноџиња. После некое време ќе се измори и ќе почне да кенка за спиење
Леле кажете некоја финта, спас, магија за цело време држење дете во раце. Не ги осеќам рацете веќе. Не сака ни во марама ни во кенгур значи во раце. Со маж ми ко стари луѓе се мачкаме со креми за болки грб ни падна. Вака ако тера до поголема ќе треба на бања да идеме на рехабилитација
Ние со мм рековме, дека на нејзин 18 ти роденден, место ние на неа да и платиме славење, она на нас во бања ќе ни уплати. Додека да проооиди, само раце и раце беше. Да не ти набројам дијагнози што закачив, ќе ти се слоши. Ако некоја нашла спасот, нека сподели. За второ дете де.
И ја не наоѓам спас еве 7ипол месеци пред еден месец дијагностициран карпал тунел синдром си ставив стегач и си нишкам и си држам и тоа е ваја носилката ми помага колку толку и кенгур светена напред сака кога одиме негде заспивање строго во рака, навечер презаспивање исто со нишкање и така брат ми за нова година ни даде спа ваучер во двојка да идеме хахаха он ќе ја чувал два саати еве февруари дојде ние уште не најдовме време и така