И јас сакав истово да прашам за ваја, колку пари е. Слична е како wildride ама таа мислам е скапа многу. Инаку ваја е за над 6 месеци, треба да има стабилно грпче колку толку бебето, јас планирам да ја земам. Цела сум искривена, ај дење што сака во раце и спие во раце, навечер морам да го држам во раце и директ да се опнам во кревет, само така спие. Не знам кај попрво ме боли
Леле кузнај која мака е тоа. Јас на под го израснав никој не давав да го држи ама после па не ни сакаше во раце да биде. Ај со лесно се надевам ќе смени. Ама кога ќе се навикнат на шетање во раце и гледање високо тешко после се одвикнуваат бар дури не почне да седи/лази
Колку месеци е бебе?? Кај мене иста беше само во раце нанапред да гледа свртена и да ја шеташ низ соба. До 4 месеци така сакаше, ама јас цело време сама дома и настојував да ја оставам на кревет, под, креветче грбот ми падна, рацеве лом ми се, зглобовите на дланките особено. Од 4ти месец и самата некако не сака толку, повеќе сака легната да игра, да се врти, еве веќе 5ти месец јас никако не ја земам да ја шетам, а мм кога ќе се врати од работа не знае како да ја заигра и само ја шета, кругови вртат, исто и свекрвата, па и мајка ми само ја земаат во раце, ја шетаат, нишкаат.
Исто, ми текнува мајка ми дојде два месеци дали беше не ми текнува точно и ќе ја успива она, јас не сум знаела да ја успијам она ќе средела и ја зема во позиција легната на рака накај неа, баш класично бебе како што се нишка кога почна да вришти викам нејке така, како нејке, така се нишка секое бебе свртено накај тебе топлина да и иде, викам ете секое ама моево не сега на 7ипол месеци кога ќе ја гушнам а она нејке со раката ме бута со не знаеш каква сила, она како сака и точка нема ја што сакам
За една недела ќе прави 2 месеци. Се надевам дека ќе смени. Пробувам ептен да ја оставам да лежи ама вришти толку многу што ме фаќа страв да не и биде нешто и ја земам.
ние го имаме и само на тело ставаме. Али јас ретко, мм повеќе го мачка он од трауми со неговатс кожа е, а имаш мала кремичка само за лице таа па ич не ја користиме дали два пати. Јас лично не гледам потреба бебе да се шлака со козметики
Ја до скоро само со јекодерм го мачкав, додека имаше лушпички и откако се исчисти не мачкам ништо. Ама сакам така повремено да го намачкам цело. А на лице дека почна да ги става рацете во уста па образите и брадата му се како рапаи па бар на лице да му мачкам од време на време.
Може да се користи за лице и тело. Мој совет: Мустела се користи претежно кај бебиња со посува кожа или некој дерматит. Не е препорачливо да се користи редовно за хигиена. Се заситува телото и ако настане некој проблем,тешко се пронаоѓа соодветна крема или лосион. Јас на пример користам козметика на Weleda. Природни,нежни и безбедни препарати за секојдневна употреба.
Девојќи, почнавме со вкусови. Давам на хип почнав со јаболко, па круша, па заедно јабола и круша. Пошто од кашичките нема никаде со поединечни вкусови освен јаболка и круша сите останати од сите производители се со мешани вкусови со по две ,три овошја, или гриз , житарки.. прашање ми е дали можам да дадам јаболка со + некое друго овошје и круша + друго овошје пошто само тие се поединечно пробани.
Имаш на Хип и чиста кајсија,чиста слива,банана,потоа има чист морков,тиква..подобро да ги испроба чисти. Дури по некое време можеш да ги мешаш. Сега е рано, уште стомачето се навикнува.
Ќе смени, мало е сеуште, тој период и кај мене сакаше цело време во раце, сега смени, друго дете е. Оваа крема што ја сподели членката е за нормална кожа, друга им е таа линија стелатопија за многу сува и атопична кожа.
За почеток нека ги пробува поединечно и по малку за да се навикне стомачето, на почетокот имаат и мака ги боли мешето. Има се поединечно, можеби ги немало моментално од таму кадешто ги зимаш.
леле кажи ми од каде купуваш. Од Ск сум Бев во Веро, во ДМ во аптеки.... секаде има посебно само јаболка и круша. Се друго е мешано. Еве кајсијата е со гриз и оризов скроб, исто и сливата и плус имаат додаток на шекер.