Не се чисти... Кајсијата е со гриз и оризов скроб исто и сливата. Зеленчуковите тек ке ги истражам тиквата е чиста тиква без додатоци а за другите не стигнав прегеска да ги прочитам.- Не се чисти.... Ги имам скоро сите кашички дома а и прееска во Дм и аптеки проверив тоа е. Не само на хип него и другите. Еве декларација. Иначе мешаните вкусови ги има чисти и со и без додатоци Во поголем процент мешавината се со јаболка + овошје и круша +овошје. Јаболка и круша само ги има како посебни.
Оризов гриз или ситно мелен ориз (како брашно, но погрубо) е природна житарица, без хемија. Често се користи кај првите каши (околу 4–6 мес.)Кога на декларација пишува оризов гриз – тоа е добар и прифатлив избор. Скроб (најчесто оризов или пченкарен).Извлечен јаглехидрат од растение.Се додава за да ја згусне кашата,да даде чувство на ситост. Не е штетен. Во многу купечки каши ги има овие состојки и апсолутно се безбедни. Секако подобра опција е домашно приготвени,но ако не можеш да даваш од која било причина,слободно и без гајле можеш да ги даваш овие што ти ги набројав...јас не успеав да замрзнам од сезонските(кајсија,слива,праска),па затоа ги купувам и ги мешам со домашни.
Девојки, бебе е скоро 8 недели, и последниве неколку дена дури заспива, а некогаш и во сон, изгледа многу нервозно, се врти насекаде, како да го мачи нешто, а не плаче. Евентуално ќе си заспие, а после и во сон знае некогаш пак така да прави. Нормално ли е? Дали е некој скок, или можеби активен сон? Или па едноставно не може да си најде комфорна позиција? Обично заспива кај мене во раце, па го префрлам кај некој друг ако треба. Сака да спие само на гради кај некој, штом го префрлиме во креветче се буди.
Знам дека ориизов гриз не е штетен, но не е чиста кајсија или слива него е 45% активна материја овошје а другото е гриз и шеќер кој не е прпорачлив за бебиња. Затоа и прашав дали е подобра опција на веќе пробена јаболка да му дадам на бебе на пример јаболка + слива кој нема никаков додаток , бидејќи само јаболка и круша има пробано , а повеќето комбинации на 50/50 чисто овошје се со јабола и круша( јабола +кајсија, круша +праска), или пак мислев ако некоја членка купува чисти каши овошје да споделеше од кој производител и каде има, пошто во снабдените продавници ги нема како такви. Иначе немам ништо замрзнато , а сега нема ништо сезонско што може да му спремам дома.
Исто е и кај нас. И јас мислев дека не ја легнувам добро, дека може ја мачи стомачето ама очигледно е некоја фаза. Дури мислам и дека не спие тој период иако е со затворени очи. Исто за спиење, во раце спие и по саат ипол ако ја легнам на кревет или во количка или одма се буди или спие по максимум пола саат. Исто и она е скоро 8 недели.
Јас давав така мешано како што спомна. Пример сум дала само банана и после сум нашла банана и јаболко готова каша па така сум вовела јаболко. Според мене слободно давај така, особено бидејќи како што спомна кајсија и слива на хип како посебни каши се со шеќер. Ако тераш по 1 вкус 3 дена до годинка на прсти ќе се бројат воведените вкусови.
И јас така воведував, не се алергени и нема што да биде. Ќе следиш само столицата како ќе реагира мешето ако се случува запек ќе појачаш на сливче. На пример воведена јаболка, после давав јаболка и круша за да воведам круша. Овие што ги имаме моментално спремај ги 15мин во денот зима / моментално има убави јаболки круши тиква моркови банани итн
Јас обично од зегин купувам, моментално имам дома поединечно од слива и кајсија на Хип, имам видено и банана дека има, за почеток и тоа може да се дава. Кога ќе ги воведеш тие па можеш да додаваш.
На хип слива и кајсија се со додаток на гриз и шекер. Овошје е околу 46% Ова кажувам на тие што јас ги имам . Ако имаш слика баш сликни да знам што да барам. тнх
фала, така и планирам да му спремам. Ама сега ставрно нема никакво овошје за да спремам. Од она што се нуди на пазар не ми се купува Многу е третирано. Ова купечкото барем декларирано е . На хипп се органски и има доста без шеќер.
https://www.zegin.com.mk/mk/babybio...ko-i-banana-6-meseci-bez-dodaden-sheker-130-g Тогаш еве имаат нови во Зегин,провери ги. Јас имам земено пашканат и добро прифати. Ама пак ќе кажам дека не е ништо страшно што имаат додатоци..тоа се минимални количини. Се што е конзервирано мора да има додатоци за да стои. Јас на пример купувам овошје и зеленчук и ги киснам во сода..
Тие се нови капки барем кај нас, француски ако не се лажам.... Искрено Хип ми се некако познати.... додека не излезат сезонски плодови би давала комбинација со нив. Од маркет ми е шубе ...
Од кој аспиратор/чистач на нос сте задоволни? Ние ги имаме тие за влечење што влечеме ние сами ана сунгерчињата ептен се уништуваат за брзо..
Носко. Она што може да се стави на правосмукалка, а може и со уста. Го имам веќе 3 год, го земав од виола во гтц негде околу 800 ден ако добро се сеќавам. Сега го користам за бебе со уста а за големата го ставав на правосмукалка со потенциометар па си регулирав јачина.
ние бевме сончев град еднаш, еднаш паркот за Тоше. Другото ни е на лекар и на фотосесија го носевме вчера. Планирам парк шума гази баба, авионче парк, градски парк ама тоа кога ќе биде почисто А да направи 2месеци планираме низ скопска црна гора.зошто јас сум од таа страна на ск, а мм е од другава каде што шетаме сега давајте идеи кога ќе имате