Сега за сега само сончев град, ние денес шетнавме малку, на апликацијата за воздух пишуваше горе дека е чисто. Додека во кисела вода каде што живееме беше загадено околу 60. Друга опција дур е вакво скопјенцево не знам
Во Зегин купив од една француска фирма бејби био морков само и вода е така пишува Утре здравје ќе почнам прво со тоа па после ќе видиме А иначе кога е загаден воздух не излегувам пукнав дома Кисела вода е многу загадено А немам опција со кола морам тука низ населбата околу згради Кога малку е почист и кога има сонце само засега Ама за еден месец здравје само мислам дека ќе биде полесно и плус ќе порасне малку бебето па и во кенгур оти исто проблем ми е сама да ја симнувам количката а немам лифт
Извадено одмолзено мајчино млеко од обичен фриз, на собна темп, колку време може да стои пред да се даде?
Девојки, на доење сме со 7 неделно бебе кое брзо и силно влече од града кога цица, и кога градата е полна си цица без проблем, но тоа трае 5 минути затоа што кога протокот на градата ќе се намали тогаш бебе е нервозно и се бори и трга од града, па морам да дадам шише со авент натурал респонсе проток 2, но мислам дека со тоа влошувам и ризикувам да ја одбие целосно градата. Бебе лакомо цица, пелените секогаш полни и качува по 50-60гр дневно на килажа. Има дремки кога спие на мене и до 3 часа, дали направив проблем со тоа што оставав да не цица толку долго време и се буди прегладнета? Ќе ве молам за совети како да го решиме проблемот, сакам да продолжиме со доење
мислам дека исто како моето бебе прави. Се најадува за 5-10 мин. А мене за лакомо бебе ми рекоа и уште 100мл да дадеш од шише ќе ги испие. Ако толку качува нема шанси да р гладно исти сме само што морво дтанува на саат ипол у просеки јас му давам шише да се идморам по два пати во дрнот физички и психички или пробај да менуваш града? Инаку на тебе смее да спие само ако ти не соиеш инаку тоа е опасно, бар така нас ни кажа педијатар.
Абе све е опасно, ама педијатарот цела ноќ буден нека седи да го чува ако бебето не сака на друг начин да спие. Ми се дешавало да спие на мене, очајно е реално, се укочуваш, ама после 10 спуштања доле и будење, ќе си ја пробаш среќата и така .
Да такви се, од тие сум имала, не сум забележала дека не е 100% овошје. Имаат некои каши и на Хип, природен конзерванс е.
Мајки здраво, бебушот ни е 1 месец, на спиењата вечерно време неколку дена веќе како немирно спиење, ржи како да се напнува незнам како да опишам.. не плаче, после некое време се смири ама така низ ноќта повеќе пати, страв ми е грло да не го заболи оти така некако како од грло ржи како напрегање, Нормално е ова? Што да направиме?
Го оставаш да цица колку сака или ограничуваш временски? И како напредувате со килажа? Колку мл во шише даваш и какво шише и проток? Дури мислам дека и цуцлата лажливка и ги зајакна мускулите уште повеќе и влече многу лакомо. Јас сакам да не користиме шише, тоа брзо тече иако користам најмал проток и од таму се навикна, ама плаче на града и влеговме во круг од кој не знам како да излеземе
Мојата ќе полни 2 месеци за една недела и уште така кенка, ржи, се напрега, се тегне. Се сеќирам и јас до денес да не е затната да не е настината ама па скоро месец така спие. Насабајле станува со плачење има грчеви ќе си прдне и продолжува да спие
па не освен ако не затера пола саат па го тргам. Педијатарот ни рече за негова возраст 90мл а шишето не знам какво е филипс авент најмалото мислам . Цуцла не користиме баш, не сака. Мислам дека не е до шишето… види пред цицање смири го, гали го, зборувај нешто, пробувај во тивко, темно. Можеби не е до протокот па на града да е тешко… зошто и за шишево треба напор. Исто на јт види ако немаш видено како да даваш шише правилно.
и моето ржи, хрчи, личи ко да се ми е во нос собрано ама бевме на педијатар два пати го слушна на плуќа нема ништо. А и од рилс што гледам нормално е соте такс прават. Зоолошка градина звуци
Мојава почнува така во 3 сабајле до 7 и нема шанси да спијам. Многу е бучна. И ние бевме на педијатар јас ја извадив надвор и мислев дека сум ја настинала жива се изедов. Ама очигледно некоја фаза е. Преку ден глас не и се слуша
не приметувам кога колку ама прави јас секој ден го изнесувам и на минус од 2недели раѓање, не им е ништо на ладно. Си викам како луѓето од скандинавски, од западна европа функционираат. Тука и добра е климата не се секирај А ние секако не спиеме на саат ипол цица
Дефинитивно е подобро на ладно ја изнесувам сега веќе кога сфатив дека не е до тоа. А за спиење здравје ќе спиеме пак за некоја година