Нормално е мајкии, не се грижете не ви се болни децата. Во активен сон се и викаат. Мојот буквално среде ноќ и ржеше и викаше. Негде до кај 3 месеци кај нас тоа траеше и после се смири
Мајки дали има некоја чие бебе има егзема и се чеша постојано? Моево има на лиценце и бидејќи вади заби се чеша многу. Ај на лице знам дека е од забите чешањето ама на глава горе на скалп се чеша и крв пушта дури.. искрено и не знам дали глава ја чеша оти кога леже во раце кај мене не се чеша а ако ја оставам на кревет да си спие одма почнува да се чеша. Навечер сум жива ненаспана по цела ноќ раце и држам да не се чеша. 2 месеци трае ова веќе, сега е 4+++. Пробав Биодерма, ЛаРош не помагаат... Дајте некој совет што да направам.
Види оваа крема дали можеш да ја најдеш. На природна база е. Поголемата имаше на лице и по бутовите, со оваа се и се исчисти за неколку дена. По неколку пати во денот ја мачкав. А и јас си ја користам за лице предобра е
Мојата беше со теменица и на лицето цела како излупена ни помогна Адерма, купка и млеко за мачкање. Ја нема кај нас. Од бугарија ми ја донесоа. Не е многу скапа околу 15 евра се двете.
Јас не ставав широк повој. На испис од Ремедика имавме препорака за носење но потоа го однесов на преглед кај Тони Талески и рече дека нема потреба да се носи
А дали е ок да се собира во едно шише или кеса од одмолзувањето во текот на денот,што ќе стои во фриз? Да не ставам во фриз посебно 20мл, па 30мл, па 50 мл....туку да ги собирам во една кеса во текот на денот?
Ставам две пелени, по препорака на ортопед, но само во текот на ноќта (понекогаш не ставам ако заспие порано). Втората пелена ја ставам обратно, со лепенките на грпче. Се надевам на следниот преглед кој ќе биде на полни 5 месеци, ќе ни ја прекинат вторава пелена.
мене сестра од ремедика ми кажа дека нема унифициран став од ортопеди. Секој си има свое убедување. Др од Ремедика е за да се носи. Но, вежбите мислам се доволно. Јас уште немам ставено. Така да која мајка како мисли ќе си го носи детето кај др со кој што има исти видувања така испаѓа на крај
Јас од мака ја купив таа пелената што ја има по аптеки за широк повој. Ама и таа заборавам да ја ставам. Мајка ми па вика што ви фали на вас што бевте во фишек стегнати ни повој ни ништо. Вежбите ги правиме редовно, во Ремедика ми рекоа 2 пати по 10, ваљда се доволно. Кај новиот педијатар ни вежби ми кажаа ни ништо. Сега почеток на февруари сме на ортопед, се надевам дека се е во ред.
мене др Иванка ко мала ми направила проблеми со колковите, па сум носела апаратче… затоа лично имам трауми од жената. И јас ги правам еднаш у ден и маж ми понекогаш. Само што он не соработува некогаш. Ги витка ли твоето како што треба? И каде ќе одите вие
Во четврток наводно ни почнува 5ти скок Некоја што го поминала скоро или што допрва како мене ќе го проаѓа да ме утеши некакп. Млеко не пие преку ден ич значи едвај 80-90мл ги испива, обично пред спиење пиеше 180мл ама еве вечерва само 80мл испи.. уште пред некоја недела почна навечер да ми се буди на 3 саати а бевме излезени од 4ти скок. Сега игледа бетер ме чека..
И мојава не е секогаш расположена има денови кога цел ден кенка и плаче нема шанси ни вежби ни ништо. Кога е расположена ги правиме добро или барем јас така мислам. Кај Тони Талески ќе одиме. Ни го кажаа како најдобар. Само малку се претерува со цени ама тоа е