Кога ќе биде скорз самостоен да оди, е тогаш ќе чекаш каде следно ќе се качи. Кај мојава врв и е трчање по гарнитура, спална и скокање. Абе се свртев да земам од кујна нешто, 10 секунди дали имаше, она беше качена на комода. А масичката бутната до комода, да неможе да се качува. Важиииии хахахахха
6ти скок кога е? Една недела пред полни 7ум месеци и дневните дремки одеднаш станаа катастрофа (знам дека сме рано за скок ама ајде) Едвај 15 мин спие. Следам будни прозори ама незнам што се случи, имаше дремки од час и половина. Дали е скок некој или што може да е?
А ова скоковиве си се врзуваат а? Од 6 недела еве веќе 8 направивме, 9 тераме само полошо е. Сега ни дење не спие, жими 20 минути. Насабајле се буди во 4. Ќе се обесам и гладна е цело време на саат ипол два а сме на формула не смеам толку да и давам. А тек знам идат "подобри" времиња
Дали некоја од вас била кај др Кирил ортопед во Неуромедика фондовски да ми каже дали ехо на колкчиња се доплаќа
Хани, те прочитав вчера и баш си реков ќути добро е, мојов барем спие подолго.... еве го денес, се презаспиваме на секои 20 мин
Не се ни трудам дење веќе да ја презаспивам. Телото ми откажува од во раце држење. Ја нишкам по саат време за да спие 15 минути
Мали ви се многу бебињата. На почеток такви се дремките, прекратки, не постоечки. Моето кога беше ептен мал можев комотно цел ден да го оставам буден. Неможев да се изначудам толку мало бебе, а да не му се спие. Ќе пројде и ова. Ќе пораснат, ќе бидат активни и ќе си спијат.
Луѓе моево бебе денеска толку е лошо, не сака да спие само писка само вриска само кенка ништо не и е интересно не сака ни на кревет ни у раце да заспие ќе се обесам негде.. наводно од вчера сме во 5 скок. Ова го немаше во 4ти..
Јасно, има време, ќе мењаваат ехеее... моево пример имаше долги дремки, не дека не, си спиеше убаво по неколку саати само што преку ден мораше да лежи кај некој на гради... е денес еве сосема друга приказна, па ќе видиме наредно што ќе биде
После колку време од породување доаѓа патронажна сестра дома? Ми зедоа податоци во болница но никој се нема јавено повеќе од 2 недели. Дали има број каде може ние да се јавиме да прашаме?
претпоставувам дека и тоа е опција, затоа прашувам.. на цимерката во соба и се јавија уште додека беше во болница..
Кај мене дојде после 4-5 дена. Доаѓаше жената неколку пати. Треба да дојде од амбулантата од населбата кај што живееш. Да прашаш таму. Иначе во доста општини нема патронажна сестра и затоа не идат, се фала богу на државата и е гајле и не ни вработува нови, а постоечките се скоро сите пред пензија.
И јас се подреков со спиењето. Цела ноќ станува не сака нишкање, не сака да лежи, не сака да цица, само исправен во раце со главата потпран кај мене на рамо и така спиеше. Едно 10 пати се разбуди за да го исправам и одма да си продолжи. И ние треба во 5 скок да сме веќе, ама освен со спиењето немаме проблем со друго
Моево навечер спие макс саат, седи будно по саат два, цело време му се цуца ама а докде 6-7сабајле ди заспива до 10ч. Преку ден е многу подобар, само напорно ми е вечерите како зомбие сме. Може нешто да се смнеи или кај волку мало бебе не може. Утре е 40 дена