Не знам колку би можело кај толку мало бебе мајка. Таков е тој период. Исто беше со синко. Навечер до 11 буден. Ма некогаш и повеќе. Преку ноќ будење на 1ч. Многу ретко ако поспиеше 2ч. За зомби, јасно ми е. Толку бев уморна што немав желба за ништо, ама ќе пројде. Чекав нешто да се смени и да почне повеќе да врзува. Ама еве дури сега на 11+++ го дочекав. Не сум ти за утеха хахах.
Дали бебињата кога ви беа месец ипол два ви се лигавеа? Мојава почна да се лигави и да се засркнува со плунка од памет ме вади. Читав демек дека сега жлездите им се развиваат и учат како да голтаат и дишат. Ама да видам и ваши искуства. Не очекував дека ќе имам волку прашања кога ќе станам мајка
Мајки како ги ра Даа и ние исто еве месец имаме балони прави и баш вчера читав дека нормално било си ја врти плунканпо уста.
Еве сме. Уште некој ден 10та недела. Последниве неколку дена буквално како да не знае да голта и млеко да пие. Се загрцнува од плинка, од млеко, се лигави балончиња и искачаат од уста. Пред две вечери ме извади од памет што викаат гравот ми го свари, си испи млеко подригна и ја легнав. Почна да мрда со раце додека ја фати сон убаво и се загрцна од млекото почна да прета да не може воздух да земе. Обично така ја вртам на страна и поминува, сега не ма дигни ја во раце сврти ја надоле стисни ја за нос ништо неке тек вториот пат кога убаво ја стиснав за нос зема воздух од уста па си дојде при себе. Мислам ќе умрев на место. Секунда трае се тоа ама мене ми се чинеше вечност. Мене ме мачи па пиењево млеко. Пишав и претходно, никако неке да испие повеќе од 90мл. Пие од 70 до 90 со молење. Некако многу малку ми се гледа тоа. Јес да си има он килажа како за 2 месеци ама пак ми е во мисла. Дали е само период, пошто по др.гуднајт денес/утре го завршуваме вториот скок па ќе видиме како ќе биде понатака. Мајки што користите шишиња на авент филипс, која бр. цуцла користите за 2 месеци?
Ние пошто сме мрзливи користиме со 3 дупчиња од почеток. Таа со 2 дупчиња цуцаше по 40 минути 20мл па вриштеше дека е гладна и земавме поголема. Иначе и мојава сега во вторник ќе прави 2 месеци и само 90 и давам. Педијатарот ми рече за таа возраст толку а она душа може да лапне 120 ко од шала. Мада и јас го малтретирам детево го држам гладно слушам доктор место детето да си го следам. Со 90мл мојава едвај два ипол саати издржува. Инаку само на адаптирано е.
На цуцлата има бр 3 тоа значи 3 дупчиња дека има? На мојте има бр3, мислев да не му е слаб протокот пошто до сега си пиеше по 110/120 и од еднаш престана. Не мораш да и даваш секој оброк по 120 можеш еден,два оброци повеќе другите по 90. Мојов ќе испие 90 и може 3 саати и јаче да не побара млеко. Еве го последно испи 80мл во 17:30 сега му е време за млеко ама си блее во таван и си цуца цуцла и кути. Педијатарот ми рече дека си знаел он колку му е доста чим испие 90мл и после е весел се смешка, задоволен е. А си има убава машала килажичка за 2 месеци, си има резерви Иначе и ние сме само на ад
Ќе видиме. Во средата на контрола беше измерен 5900гр а во петок сме на прва вакцина па ќе видиме дали и колку напреднал
Плис кажете ми дека се тргаат флекиве од омега и д3.. На една блуза има останато жолто стварно не знам од што може да се
Која овесна каша им ја давате на бебушките? Купив оризова и пченкарна на Хип ама само овесна нема... Планирам утре комир и од задутре оризовата и пченкарната па да пробаме да воведиме доручек. https://www.hipp.mk/dopolnitelna-is...organski-zhitni-kashi/hipp-bebi-oriz-al30402/