Ако ги даваш на бебитол, само гледај да ги дадеш веднаш по цицање/пиење млеко, мојата имаше страшни грчеви и во аптека ми го дадоа овој совет, од кога ги давам на полно меше нема проблем
А ја па бебитол ги давам пред јадење. Прво тоа таман додека му спремам млеко ќе му спадне колку толку. Мене патронажната ми рече да ги давам најчесто пред пладне и тоа во приближно исто време, за да нема грчеви/тегобии. Јас му ги давам во период од 10h до 12h кога има оброк тој период
Не е малку, и мојата слично качи и ми рече педијатарот после 3 месеци да не се оптеретувам толку со бројките се додека си кака мочка и е весела
Здраво девојки, утре правиме 6 недели со бебчо, Деновиве некако се мачи да заспива и многу лесно се буди, со ржење, напнувања, дали сте се соочиле со слично? пред неколку дена не можеше да заспие цели 8 часа, ноќта заспа и утрото после цел ден го преспа буквално .... и од тогаш вака ова се случува кикање, пишкање, ржи даваме колиеф во млеко (интолерантен е) Даваме sab simplex на 8 часа BioGaia пробиотик Babytol D3+K1 со Babytol D3+Omega DHA Vigantol рано било да даваме, после 3ти месец кажаа, до тогаш babytol-ите нормално е или го мачи нешто?
Знам дека е премногу рано бебе има само 7 денови ама морам да прашам или да се утешам или да се помирам дека нема спиење. Бебе е мирно генерално, цица доста често, ама паузите меѓу цицање кога спие мноогу е тешко да го оставам во креветче. Најчесто заспива во раце или на мене и така спие и подолго нема проблем. Ама штом го ставиме во креветче многу брзо се буди и плаче. Има некој трик како да си помогнеме да почне да се навикнува или е премногу рано? Да бидеме упорни или сепак да почекаме малку?
Јас вигантол почнав да давам после 40 дена Д3+к1 прекинав многу грчеви му правеа. За спиењето кај мене денското спиење беше катастрофа скоро до 3 месеци после се стабилизира Истото се случуваше, јас бев упорна да спие на кревет или во креветче спуштен ама тоа после месеципол. На почеток многу кратки дремки имаше спуштен, потоа се продолжија. Беше кај мене тежок и немав опција цело време дс ми спие во раце, не се издржуваше
Мојата направи 2 месеци и уште спие така. Толку се напнува што дури и бљуцнува ако е јадена скоро. Ова само ноќе после 3 сабајле се случува додека да се раздени. Наводно уште не се способни да ја врзат цела вечер па се мачат. Ако ја земам во раце спие мирно кога ќе ја вратам во креветче пак исто. Така да од 3 сум будна секој ден
Бебето ти е премало, за било каков трик или да си упорна. Незнае каде се наоѓа уште. Почекај и гушкајте се. Ќе го бараш овој период.
Изгледа премногу reels-ови имам изгледано од блогери со мали бебиња кајшто “идеално” им спијат по неколку саати навечер и затоа мислам дека моето не е нормално. Плус коментари од околината да не речам од најблиските… Да тргнам од мајка ми, се слушам и кажувам дека спие така на мене и одма коментар - ќе го навикнете така нема да ви спие во креветче. Слично и од други блиски…дури им се правдам зошто го оставам така да спие…
Јас го оставав на мене да спие и на никого ме му се правдав, 10 месеци и уште некогаш спие на мене. Впрочем, на кого да спие? На комшивката? Нормално е да те бара тебе. Ич да не се правдаш и да уживаш во периодов кој и без коментари знае да биде исклучително напорен и тежок.
Како ми фали да спие врз мене, знаеш ли? И мојава денски само врз некој да спие. Навечер си спиеше во креветче. Некогаш и врз мене, ама воглавном ноќно спиење во креветче и било. Ама твоето е ептен малооо. Незнае каде е. Само мирисот и близината на мама ги знае. И на следен коментар, кажи решивме со мм да си спие врз нас и готово.
И мене така мајка ми ми коментираше. Реков океј ако нека се навикне. Кога наполни 3 месеци не сакаше веќе на мене да спие како растеше така покомотно и беше на кревет до мене. Сега па ми фалат тие моменти кога спиеше врз мене…
Бебе е премногу мало, потребна му е топлина и близина, исто како во стомакот, сеуште не е свесно за околината. Ќе помогне благо повивање, без стегање да ти спие подолго во креветче.
Фала ви на сите за коментарите. Важно ми е дека не сум единствена и дека не правам ништо погрешно иако околината го гледа тоа така. А не ми е проблем да спие на мене, само да спие и да се осеќа безбедно, сакано. Постепено како расте ќе се навикнуваме и на креветчето.
Истото го поминав. Ме отекоа домашните. Ќе го навикнеш така, ќе го навикнеш така. Неколку денови дури беше со нас мајка ми на почетокот ќе го 'учеше' да спие во креветче. Стави го - 10 минути и се разбудил. Наново нишкај, пеј, стави го - ни 10 минути, и се разбудил. Секое ново успивање сè потешко. И кажав ќе го земам на мене, бар да спиеме и двајцата, не можам да функционирам вака цела ноќ будна, плус бебе нервозно. Дури ми се лутеше дека така правам, не сум сакала да го научам да спие во креветче, кога ќе се слушаше со тетките по телефон ме 'оговараа', како тоа бебе врз мене да спие, што било тоа, кај се видело, никој досега такво нешто не слушнал. Сега кога ќе се присетам се нервирам, тогаш бев ко во бунило, прв пат мама, не знаеш што е точно, што е погрешно. И јас пишував тука и ме охрабрија девојките дека е океј да спие така сè дури бебе осеќа потреба и сака така. Така да верувај, иако прв пат мами, ако осеќаш дека нештото ти годи - правилно е, не слушај од страна што ти велат Сега си ги гледам тие селфиња од почетокот кај што си спие врз мене и баш убаво ми доаѓа на душата Плус на бебе му годи да спие на меше за грчевите, и кога ти го слуша срцето се смирува Првиот месец спиеше така мојов бебуш, а после тоа повремено денските дремки (и сега понекогаш) ги спие така, сега е 3 месеци. Сега се радувам на таквите дремки
Леле добре дојде во светот на коментатори За се нешто ќе се има коментар ама убаво ти пишале погоре ако тебе и на бебе ви годи ич да не ти чуе за коментарите. Инаку пред некој ден мене ми излезе видео баш мајка држи бебе да спие во раце и пишано ,,not normal" следна слика од животинчиња ,мајмун врз мајката,мачиња врз мајката,прасиња итн и пишано ,,нормал". Природа е тоа особено првите 40 дена ,бебето не е свесно кај е и дека е индивидуа
Ти пишаа неколку од другите членки еве и јас, мојава спиеше на мене дремки до кај 5 месеци, некогаш во кенгур, некогаш само така легната. Ноќе во главно беше (и сеуште е) пола ноќ во креветче, пола до мене а има 10м. За дремките после 5ти месец како порасна почна да и станува неудобно и како сама да почна да бара да ја оставам на кревет, почна да заспива само со цицање и тоа си траеше до 9 и нешто месеци. Неодамна јас исфорсирав да ја одвикнам од заспивање за дремки со цицање и почнав пак да си ја нишкам или клацкам во раце и сфаќам колку ми фалело да ја гледам како ми заспива стуткана во раце Остај коментари од страна, знам дека те засегаат ама мора да се навикнеш дека ќе ги има, секогаш некој ќе знае “подобро” како треба да си го чуваш бебето. Мајка ми и тетка ми до ден денес “ме оговараат” како сум се потресувала и сум ја “размазувала” и тоа стварно ме нервираше на почетокот ама почнав да ги игнорирам и дури и да враќам дрско да си бркаат работа.