Хаха нешто слично кај мене. Само кај мене пак бебе почна да нејќе да цица и нели јас најопуштено што можам го нудам, гледам смирени да сме двата, тивко, темно, без дистракции... Советувана бев од стручно лице да му нудам цице кога не е премногу гладен и нервозен. Мајка ми и свеки: не! значи, не му давај шише, остај го гладен, нека плачи, нека поплачи убаво, кога тогаш ќе фати, што ќе прави кога е гладен. Добро
Кај мене најново беше дека јас сум крива што бебе плаче кога ќе ја види неа, а не е она крива што и после 10 пати објаснувања дека не треба одма да и доаѓа нагло во фаца и да се џапа да ја зима во раце она пак си тера по нејзино… Ама они знаат се, они чувале деца пред 30 години и се е исто и ништо не заборавиле
Хахаха сите баби се исти изгледа! И истиот аргумент го вадат од ракав кога ќе им укажеш дека нешто не прават правилно Свеки му менува пелена на бебе, не ја става убаво, мм и кажува: не ја ставаш добро, вака треба (и и покажува како да стегне, убаво да намести). И таа увредена му зборува 'на бебе': Море, море, татко ти ми вика не сум знаела да ставам пелени. Ами него јас како сум го изгледала, како сум го пораснала, сега не сум знаела. И пак си тера по нејзино, не прифаќа совет, ко да и е навреда или не знам како да кажам стварно. Не е срамота и да не се знае нешто, тие користеле инакви пелени и океј е и да згрешат, ни јас отпрво не знаев да менувам пелени... И long story short - пак си ставаше по нејзино, и бебе протече ко што не мислев дека може некогаш да протече. Цела ногавица во каки му беше. Ама многу се покакал, затоа така се десило Пелената скоро празна беше! Морам и ова, се распишав, ми тргна Многу агресивно нишкање, не знам што е тоа значи... баш се чудам дали и нас така нè нишкале со толку тресење или заборавиле Не ко да се обидуваш да смириш бебе, туку ко да си нервозен и нетрпелив. И после: па зошто бебе не се смирува. Зашто премногу нервозно го тресеш, не се смирува така
Хаха леле аман. Па ко ќе речам во скок е не сака да цица и цели прашалници Инаку не те пратам ама ако сте 3 или 4 ти скок ела да те гушнам Сите сме го поминале ова кај мене палеше да е пред спиење или веднаш по спиење малку да ја занишкам да ја смирам и да и понудам. Во меѓувреме си пишала за тресењето. Мајка ми така и правеше и викав ако сакаш мозочен да добие посилно маалкуу а ако сакаш да ја смириш мораш понежно бебе е не кукла и се сепнуваше. Се иритирам од луѓе ,,се јас знам "
Договорени бевме со мм, тој да се 'справува' со неговите, јас со моите. Јас само го зедов бебе, тој и зборуваше нејзе. Ама искрено не верувам дека ќе се смени... Ако(Кога ќе) има следен пат ќе реагирам и јас, пошто многу ме нервира кога гледам како го тресе. А и плус што сум читала, не е добро за бебињата да се 'тресат' агресивно...
Јас се чудам дали стварно така треселе и порано, или заборавиле како треба... Иначе за цицањето, многу се издолжи, веќе 1 месец не цица
Исто и ние договорени. Ама еднаш кога и свикав на свекрва, ама и секој би. Ја држеше и падна играчката. И викам остави ја, ќе соберам после. И она се прави не ме слуша ( како и секогаш де) и се наведнува и на беба рачето нагоре и беше и како се ведне, уште толку и се криви рачето и почнува да вришти бебе. Кога сум и спискала. И играчка и се сум зафрлила. Уште извини ми вика. Што извини. Ти реков остави. Мора ли да ја земеш. Нека стои, голема работа.
Читнав дека консултант работи со вас но сепак сакам да помигнам иако јас сум самоука хаха. Дали си пробала да измолзиш прво па да понудиш да не ти е јак отпустот ? Пример јаде на 40 минути ти околу 30 тата да измолзиш 3-5 мин па да понудиш? Исто моево накај 5 ти месец почна само од лежење да сака. Ако сум јас седната и хоризонтално да ја ,,легнам" ме буткаше и се исправаше нели да не пропушти нешто од околина хаха
Ауу за овие скокови, регресии, тантруми кога и да ги спомнам иде: абе како не сме знаеле ние скокови мокови глупости. Бебе е ќе мења.
Да, јак ми беше млазот, пробав и се подизмолзував рачно, ама проблемот беше што и кога ќе ми се стабилизраше, по некое време пак знаеше да почне да прска. Пробав и вертикално да го поставам , јас наназад подлегната ама не беше успешно. Ќе пробам со лежење деновиве. Имав пробано неколку пати, не сакаше, ама па и одамна немам пробано, може дека поразлично ќе успеам да го прелажам малку. Последно пред некој ден во када тргна од цице неколку пати. И со чат џпт си правам муабет на темава Вика напредок е ако тргнува макар и кратко да е. Фала ти , па ќе се пофалам ако има напредок
Мислам дека кај Наташа @doenje_so_ljubov на инста гледав ,,рагби " поза била добра за вакви случаи. Јас така не можам да ги наместам пошо мали ми се градите ама пробај и тоа. А уствари ако размислиш реченицава е истото ,само што ние за секој ,,период" на мењање имаме назив
Ние ништо не сме се договарале ама јас со мајка ми се справувам а имавме и со мајка му на мм ситуација. Стварно не можам да се пожалам жената дојде исчисти буквално хемиско направи дома додека бевме во болница, мислам душата ќе ја даде за нас и стварно ја сакам. Ама и она не знаеше како да изреагира прва вечер дома остана кај нас и ние во спална бебе плаче нормално а јас да не речам скоро гола со мрежести гаќи само и ни влезе у спална дека слушнала “бебето многу плачело”. Јас не се облеков намерно седев така. Утредента додека сум спиела мм и одржал лекција, кога станав жената ми се извинуваше плачеше. За облекувањето па да не правам муабет - по неколку слоеви плус ќебе на 24-5 степени дома. Кога дојде патронажната лом не направи што сме го наоблекле. Ама веќе не слушам никоја баба си викам океј и си терам како што мислам дека е најдобро за детето.
Те читав и по другите теми, не сакам ни да те обесхрабрам ни да ти речам не се откажувај, верувам ти е многу тешко и стресно така да праќам гушки и ти пишувам подоле јас како сум терала. Ние само со лежење се доиме со месеци веќе, седечки само ептен надвор од дома ако треба или во кола. Скоро сите подои биле или после дремка или за успивање, значи додека е поспана и исклучиво во темна просторија без дистракции (освен надвор од дома). Така да можеби добитна комбинација ќе ти е одма после дремка додека е поспано и гладно да дојдеш лежечки да доиш во затемнето а пред тоа да си се измолзила за да не е јак млазот
Нема други работи кои укажуваат на тоа. Бебе напредува, цица често. Се си мислам се појавија дента кога форсирав да ја тргнеме силиконската брадавица, не можеше да фати без, ко демек цицаше ама се мачеше. Тие што доите со силиконски, кога ги тргнавте?
Ги тргнавме кога имаше околу месец, месец и некоја недела, кога забележав дека повеќе влече и добива повеќе сила. Инаку и кај мојот се појавуваа такви на почетокот, педијатар ми рече дека не е ништо, дека е од цицањето. Со тек на време скроз се повлекоа.
Мојот бебуш до 3 месеци дневните дремки му беа исклучиво врз мене. Искрено уживав во тој период, си го гушкав си го мирисав а и се одмарав. Еве го сега 7 месеци е не ни можам така да си го гушнам, се тегне нејќе а и поголем е. После третиот месец почна да си спие на кревет е сега дремките беа по 30-40мин ама еве сега веќе се подолги. Навечер прво си спие во креветче но потоа го зимам до мене и си спиеме до сабајле.