Моево 3 неделно бебе се мести на страна, на бок спие, особено кога спиеме заедно и се врти према мене. Не знам дали е тоа ок, да ја оставам така или да ја враќам на грб?
За тоа облекување да не правиме муабет. Ако немс чорапи пред баби детето смрзнато е. Баба ми ми рече дека голо сум го чувала детето и дека дома и за спиење и капа и калчиња(плетени чорапчиња) да сум му облекувала. Инаку синко е склетчија и е облечен само по боди на прерами и тренерчиња а за спиење шпикозни
Леле исто и јас ја облекувам на боди со прерамки и шпилхозни и тоа ми викаат сум го смрзнала детето, голи му биле градите, мраз му биле нозете, а во станов е многу топло. Слушајќи ги ми извади вруканици, од памет се извадив што е тоа што ми се исфрли детето. Па трчај на педијатар и таму ни кажаа да не ја облекувам толку сме ја свариле, сирото дете.
И нас педијатарот ни рече дека е нормално рачињата и ноџињата да му бидат студени на допир бидејќи сеуште не му е целосно развиен системот за циркулација и тоа не е индикација дека му е ладно. Ако на градите е топло значи топло му е. (дека коментарите беа: види ладни му се рацете ќе го смрзнеш детето).
и кај нас имаше проблеми со бабите за облекување среде лето на 40 степени чорапи капи ракавици се ставаа спукавме со мм и се намирија цело лето на боди го помина и сега додека не е боса не заспива, склет дете имам а јас зимурлива ама она на татко и се погодила
Леле не слушај никој мајка детето следи си го. Ние и надвор кога испаѓаме како дома облечен плус скафандер и капче и главчето му е жива вода кога ќе го извадам капчето. Порано повеќе ги облекувале, така им кажувале не знаеле за поинаку. Јас кога се роди и кога го носев на контроли на шпикозни само без ништо одоздола дека во кола климата пуштена да не му студи др. ме караше ми викаше како си ти облечена така и детето
Ај ве молам за совет. Бебе почна да кенка на цице и после пак бара со устето, па ќе зацица и пак плаче, ќе задреме па плаче, па пак со устето бара цице, цица и пак ќе закенка. Грчеви или гладна е? Нон стоп е на цице, не верувам дека е гладна ама па и не сум сигурна, дали бара со устето за да се утеши, ја боли нешто или е гладна
Колкаво ти е бебчето? Моето од вчера почна исто вака буквално. Си реков да не нема доволно млеко па му треба повеќе време за да извлече.
Моето е недела ипол. Го прашав педијатарот и ми вика буквално се е нормално во овој период и да бара цело време ама ако се најадува доволно да не се грижам. Изгледа некои фази им се, стварно немам дриго објаснување.
Нормално е мајки, прочитајте за cluster feeding по интернет и со лесно нека ви е. Период е проаѓа иако ќе ви се чини дека е вечност
може да има и грчеви плус но обично симптомите се да се стиска со ноџињата накај меше како да се грчи и да плаче неутешно а не да си задремува лесно
Здр девојки од утре почнувам со витамини Д3 + К1 , кога е најдобро да ги давам ,пред или после подој ?
Може нешто го мачи да не му е топло многу, загушно да не имаш оградици, грчеви да не се? Пробај со бели звуци . Во болница спиеше бо креветче и дома од прв ден во креветче спиел. Мислам ок е сето тоа со близина ама ипак... Цуцла користиш? Иако цицаше јас користев од прв ден во болница им даваа
Такво бебе си имала. И ние сакаме да ги стаиме во креветче и да спијат, од прв ден, ама како трња да има креветот се понашаат, првото ми беше галче, второво уште "полошо"
Што правите т.е како им помагате на бебе да се искака? Се мачи два дена, денес трети ден, само крева нозе се напрега ама ништо и се нервира па почнува да кенка