Знам, се обидувам да бидам од помош ете ако нешто пропушта. Пример, сигурно цуцлата играла улога го успива а многу не користат. Особено ако цица нели не даваат цуцла, па ај на цицка и секако ќе е цело време во раце. Он си беше со цуцла. Оградици дури имаше се будеше сфатив дека му треба воздух да му цури растргав се' спиеше во вреќа и многу убаво спиеше. Бели звуци тоа беше обавезно имав посебна ламба со звуци и тоа многу помагаше. Никогаш не било "тишина"...така да и оно си се погоди, ама и другите работи му ги најдов да се погодат.
Чај од анасон бекутан..ама ич не се сеќавам на возраста. Знам само дека исто така се мачеше и тоа многу помагаше
Цуцла, бели звуци, рутина воведов навечер, следам прозори на будност... нц! Темјан набавив кај и да е ќе зачатиме низ дома
Не ти е смешно тебе ама ме изнасмеа со темјанов верувам некад и на главачки да се превртиш џабе. Не е дека кај нас било идеално нели, ама во глобала голем дел од времето беше ок... тоа е дури не потпораснат
Ја бањаме во корито легната и нежно со раката ја масираме во насока на стрелките од часовникот, после тоа и ги правиме вежбите за колкчиња, ножички со ноџињата и двете ноџиња нежно во круг да ги вртиш.
Се тоа и правам по неколку пати на ден. Немам пробано со чајче како што пиша членката погоре. Знам дека ќе се искака денес утре ама жал ми е да го гледам како се мачи
Маж ми засекиран побарал совет од постари колешки, во црква го пратиле. До бајачки уште немаме стигнато .
Зарем и на тоа треба да се внимава? Никој не ми кажал досега. Јас му давам кога ќе стане од спиење, после прво менување на пелена околу 8-8:30 ч, некогаш 9:00ч.
Витаминот Д треба да се конзумира заедно со масти за да подобро се абсорбира (и во бременоста ми беше кажано за време на оброк да го пијам). Пред некој ден на инстаграм ми излезе видео и Д3 и К дека се растворливи во масти (fat soluble) и затоа во мешето треба да има храна кога се даваат, најдобро со оброк. Јас давам малку млекце, па давам витамин Д, и пак млекце.
Чајче топло од анасон - после него за брзо се олеснува..и ние имавме мака, по 4 дена знаеше да не се искака.
Не знам нема такви нешта креветчето е празно. Температурата во спална е за степен-два пониска од дневна и затоа со ептен лесно ќебенце само ќе го покријам. Почнав сега денски во дневна да го оставам за дремките да го тестирам а навечер до мене на спална место во креветче (креветчето е од мојата страна на спалната). Уште се буди ама врзува подолго на овој начин. Постепено се надевам ќе стигнеме и до креветчето. Цуцла не користиме сеуште. Педијатарот рече почекајте барем после трета недела ако можете, а не ја исклучувам можноста дека ќе му помогне.
Земи вреќичка, ај што е небезбедно ќебе ама може и да има ефект вреќичката со помирно спиење. Нели викаат да не спие до мајката се буди од мирисот на млекото или така нешто, може затоа ти се буди цело време
Имаме вреќичка, ке пробам баш вечер со неа. Инаку ноќеска кога ќе почнеше да се буди му пуштав white noise, и така ми поспиваше уште еден саат плус. А јас повеќе би рекла го осеќа отсуството, ја нема таа топлина во креветчето. Ама се вежбаме со кратки оставања во креветче, гледам дека има мал прогрес.
И мојата се мачи, кака преку еден ден. По цели денови само стенка и се стега и само ќе прдне душа. И давам и јас чај мислам дека нема врска чајот ама маж ми е убеден дека помага па и давам. Да помине веќе овој период ем се мачат ем мислам дека ја отрув со капки де вакви де такви а детето секако плаче.
Јас да си се пожалам, бебе 1ипол месец направи и почна мн долго да е буден по 2-3-4саати. После и ќе преспие толку… ама чудно ми е сексде вика саат саат ипол треба да биде буден. А, не правиме ништо различно нит погрешно. Се исто а некогаш спие некогаш не…
па цело време сам се успива, не правиме ништо ние. Само го преместувам во потемна соба, тивко, може бел шум или една ламбичка имаме и тоа. Сам заспива, некогаш на нас некогаш сам. А такс кога ќе затера ништо не помага нит цицање нир раце нит лулкање…
Тоа сакав да ти кажам, кога се толку мали на почеток до еден месец си заспиваат речиси сами ама после месец/месец ипол веќе почнуваат да се будат во овој свет и потешко им е да заспијат па им треба наша помош. Бели звуци, нишкање, галење по чело, цицање, пеење, шшкање всушност не знаат да заспијат а се уморни па ние треба да ги успиеме
Ако не плаче добро. Мојава наполни 2 месеци и почна да се бори ем плаче и се спие црвени и се очите ем не сака да заспие. Раце ми паѓаат дур да ја успијам. И ако не ја држам во раце спие само 20 минути. Така да добри сте ако врзува по 3 саати