И јас истото го доживеав..дури мислев колку мирно бебе имам, он уствари бил мал хахаха Сега се случува ако не му помогнам да заспие со нишање, галење - хорор да биде.. и штом ќе видам дека му се спие, па макар и саат време само бил буден, веднаш гледам да го успијам.
Исто и мојов..хорор знае да биде денот.. престимулиран станува и хаос е ... почнав да седам или лежам до него за да не го држам, раце ми паднаа.
Мојава има сензор за седнување а седнеш ја пушта сирената за узбуна сите комшии не дознаа Морам да ја учам некако поинаку да заспива само стварно не знам како ќе успеам не можам веќе во раце. Му викам на маж ми викендов ти си на смена јас во раце не ја земам да можам од понеделник пак
Вежби, има на јутуб јас од тие и правев. Ако е на доење ти јади сливи или пиј компот од сливи. Пробиотик про баланс многу ни помагаше
На адаптирано е. Вежби му правам по неколку пати во ден. Еве го конечно пред малку се искака после 3 дена
Супер. Мојата кога беше помала многу се мачеше. Најмногу 7ми ден се искака ама на мајчино беше. Виткање, кривење жалче...
Ехееее на почеток на све сте најтешки се првите 5-6месеци после се намалуваат бројот на дремки преку ден па полесно станува не успиваш бебе на саат/саатипол ама па сега на 8месеци лази па трчам по неа пошто се сака да фати и да стави во уста и така нема крај док сме живи ќе си имаме за што да си збориме за нив
Не сум активна деновиве но колку можев читав наназад Да си споделам околу заспивање/ спиење во креветче. Имав толку тешко породување и свесно си ја разгалив и си стојам позади тоа. До пред две недели секоја дремка си ја спиевме заедно гушнати. И ништо не ме натера да ја оставам во креветче да плаче за да се навикне да спие сама иако дома свеки над глава ми стоеше да ме учи како да ја игнорирам додека плаче и да не ја нишкам да заспие. Еве ја сега 7++ си спие сама .Мислам ми се крева косата сега кога ке помислам какви совети даваат стариве. Не викам дека секој може така бидејки има и со две деца па и три но сепак ке се прават комбинации. Тоа оставање да се научи барем за мене нема смисла. Околу нишкањето и советите од госпоѓите што чувале деца од времето само ке кажам да се праите да не слушате инаку кај ке ни е крајот
Мене па многу ми е страв да спиеме гушнати, ми личи на ептен небезбедно. 1ипол месец ми е 3пати ми се има десено да заспијам така кога е врз мене. Он кога спие на мене јас си го гледам, си дежурам ама така не спијам. Кога ќе го оставиме само може да си заспие, ако плаче кенка или видам се мачи тогаш го зимаме. Се има случено да закенка и за 2мин да заспие. А ако го земам на кенкање може ептен ќе е пред спиење па ќе се мачи и пак без сон…. Не верувам дека ако лежи само не ја осеќа истата љубов или дека не е разгалено. Исто како држење во раце не сметам за разгалување.
Бебето ми се роди со ептен убави ушиња мали и скроз залепени наназад ама сега приметувам чат пат кога спие знае да си го превитка тоа на таа страна кајшто спие. Страв ми е да не му станат клемпави а барав траки за глава во некоја сина или неутрална боја и без машна зашто е машко. Капа не трпи. Знаете каде можам да најдам. Се мислам и да му ги залепам со фластер таму кајшто му се виткаат ама не знам колку е паметно тоа. Некој со слочен проблем?
Јас првите месеци без спиење бев, се мачевме со цицање и како што викаш си држурав додека спиеше на мене. Колку пати ми се случи додека си спие во креветче јас да скокнам од кревет мислејки дека сум заспала додека е на мене хах. Сега креветчето го спојувам до спална и така си спиеме заедно инаку меѓу нас на спална не ми се осмелила да ја ставам пренногу ми е ризично
Има во ДМ ОtoStick пишувало на нив. Јас планирам да земам една познаничка ми ги кажа.. А гледам ги има и да се нарачаат на 24 часа аптека
Бебе ќе е 1м и 3н кога не канат на роденден во игротека. Дали да одиме? Ако одиме би бил во количка да седи без посебна комуникација. Чисто јас и мм да испиеме кафе со друштво. Али од друга страна па уште никој дома не ни дошол не сме примиле иако веќе почнаа да си се канат
Јас не би носела бебе што нема ни 2м во игротека во сезона на вируси, не вреди да ризикувате. Ви ја разбирам желбата за социјализација ама многу е рано, ќе има уште прилики. Можеби претерувам, но јас лично и луѓе дома уште не би примала, кој сака нека се најави. Барем месецов да помине.