Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    6.294
    Пол:
    Женски
    Не би одела, мојата е 8месеци за некој ден не ја однесов ниеднаш досега. 3родендени испуштивме зимава ама поголемки дечиња што одат во градинка беа и ми беше страв од вирусиве. Бар до март/април после летоска ќе одиме нема да има толку болни :( ептен ти е мало бебето
     
    На Ladyme, Anastasia579 и Anie93 им се допаѓа ова.
  2. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    6.447
    Пол:
    Женски
    Ни ја не би носела толку мало бебе. Мојов е 2.5 месеци, ќере се уште не е тргната во градинка еве веќе скоро 4 месеци ради тие вируси да не ми донесе па да закачи и бебе. Уште се мали има време и за родендени и за игротеки.
     
    На Ladyme и jagoda777 им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    18.868
    Пол:
    Женски
    Ама истите тие луѓе ќе почнат кај и да е да доаѓаат од следен месец… гледав да ги одбегнувам измислувам изговори, дури и директно викам да направи 2-3 месеци и пак. А инску за вируси и бактерии не знсм како да го заштитам мајка ми, мм се постојано со луѓе…ама и јас го носам во мол, во продавница, затоа викам да не е исто со игротека :)
     
  4. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.481
    Пол:
    Женски
    Не е исто мајка верувај. Таму ума дечиња кои сигурно одат во градинка, школо не знам која возраст се и е поголема веројатноста да пренесат нешто. Верувај не сакаш бебе болно. Поминав за нова година со бебуш со вирус, еве од вчера пак нешто не е добар. Прво бактерии во очињата(да бактерии во двете очиња различна), цела ноќ вришти пак му се затнува носе, поткашлува, слаба тт ноќеска. И тоа од мм донесено. Чувајте се, здравјето ви е најбитно имате време за игротеки
     
    На Ladyme, Anastasia579, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    2.435
    Пол:
    Женски
    Не е исто со игротека. Игротека ти е мал простор кој не се вентилира, со 30 возрасни и 20 деца, од кои 15 сигурно одат во градинка. Од тие 15 верувај дека 10 кашлаат и се со растечен нос. Барем едно од нив ќе дојде да го види бебето во количка.
     
    На Ladyme, Трагедијаупмм, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    18.213
    Пол:
    Женски
    Исто и моево, никаде не е носено, ја префати од некого, дали од бабите, дали од мм, а никој не беше болен со симптоми. Три дена со температура, целата се затна носето, едвај диши, не може да спие, ќе потера, ќе се разбуди, со мм дежуравме по цела ноќ, се менувавме. Петти ден денеска целата крчи, па и мене од вчера грлото ме фати, партал. Многу се мали, носето едвај го чистиме, секој пат со плачки, жални се за гледање додека се болни.
     
    На jagoda777 и Anie93 им се допаѓа ова.
  7. blodixx

    blodixx Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2025
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво,

    Месец ипол сме и се соочуваме со ова по кожата веќе 2-3 недели, слики подолу.

    На тие места кожата му е точки точки рапаво кога допираш. Користевме веледа колекција и сменивме по препорака од педијатар земавме bioderma atopic купка и интензивен балсам веќе 2-3 дена мачкаме од неа.

    Имаше на лиценцето (сега е подобро) шија, рамења, гради, стомаче

    Никако да се смири, помине, има некоја мајка слично искуство? Има шанси ова да е од детергент? Фрош користиме или пак некоја алергија? Или едноставно е бебешки акни/ црвенило?

    Ве молам за искуства и совет
    [​IMG] [​IMG]
     
  8. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.596
    Пол:
    Женски
    Само што сакав да поставам прашање како ги штитите од вируси и дали избегнувате гости и гужви, отварам тема и ете. Мм вика нема смисла што одложуваме гости а мене некако ми е шубе за малку сега веќе кога цела зима издржавме. Сум претерувала имунитет како ќе градел. Сигурно нема да го изложувам на грип на 3м или на 5м за имунитет да гради еее и ќе се разболува јасно ми е тоа ама сега некако ми е премало, пренежно сеуште ...
     
    На Трагедијаупмм и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  9. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.596
    Пол:
    Женски
    Мојот од топло вака знае да се направи, кога му е жешко.
     
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    8.474
    Пол:
    Женски
    Јас имам дете што оди во школо, ми прпа од него да не закачи нешто и е реален ризик, па пак не го расшетувам наоколу бебево во сезона на грип. Имам подзаборавено колку е вознемирувачки кога бебе е болно, големиов на 9 месеци ми се разболе прв пат, ама тоа не се заборава. Бебето беше 3 месеци на роденден на брат му во игротека не ми падна на памет да го однесам. Ќе се стрпиме уште некој месец, надвор дружби ќе има колку сакаш.
     
    На hannybanny и jagoda777 им се допаѓа ова.
  11. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    939
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не е толку страшно. Секако ќе сте во делот за возрасни, бебе во количка. Нема да има контакт со другите деца. Плус на месец дена спијат по цело време, ќе го земеш за доење и ќе си заспие пак. Дури и да има некој заразен нема да има директен контакт да му кивне во лице, во најлош случај може microdosing на сите патогени честички да направи а така се буста имунитет. Мислам имаш спомнато и ти дека си мед. лице да не ти објаснувам како се шират вируси, ама не е туку така едноставно. Ако идеме со таа мисла, треба ни во лифт да не го качуваме, ни во мол ни никаде. Дома затворен за психа не е добро. Плус ако е родено терминско бебе и се си е ок, посилни се од што мислиме. Јас си го изнесувам на воздух секој ден и кога врне одиме во мол, сме биле на 2-3 родендени од кој еден во игротека, немаше апсолутно никаков контакт со други деца. Мажите ни одат на работа, ги носиме на педијатар итн итн. Треба да сме претпазливи факт, но, не мислам дека е толку страшно за игротекава конкретно. Особено ако ви дојдат на гости истите тие луѓе со детето, бетер е дома. :)
     
    На Guns N` Roses и Anie93 им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    18.213
    Пол:
    Женски
    Јас на почетокот се тресев да не иде никој, дури се лутев, летно време беше многу топло никаде не ја изнесував. Есента додека се навикнам на бебе, па и тешко ми беше за спремање дека сама и чекав да потпорасне за ја изнесам, зима фати па ладно и така помина пола година, наместо да ја изнесувам секој ден по малку да буста имуните и да не се трескам кој ќе ми дојде, па да не болен, да не кивме, да не се накашла. Еве од дома седење пак болни сме и тоа втор пат. Првиот пат само настина, носето и се затна и кашлаше, а сега и со температура 3 дена.
     
  13. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Кога сме веќе кај изнесување надвор и мешање со други луѓе, кога почнавте да го изнесувате бебето надвор од дома? Се мислам дали да слушам бабини деветини и до 40 дена да не го изнесувам или може и порано. И ако го изнесеме ќе бидеме само ние тројца - јас мм и бебе, и на отворено. Нема да го мешам со други луѓе.
     
  14. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Од една недела кога направи го шеткавме по малце или во двор/на тераса седевме на кратко. Никакви 40 дена не сум чекала и со 2те деца
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    6.294
    Пол:
    Женски
    Не бе какви 40дена ќе шизнете дома. Кој чека сега толку денови. Башка не е ладно мраз, само зима е ќе облечеш соодветно скафандерче кебенце капче итн. Мн убаво им делува поладен воздух за спиење.
    Мојата е родена во сред лето не е пример сма ние ја извадивме на 9дена во маало попладне кога зајде сонцето. Уживаше 40мин се шеткавме во сред јуни
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    15.123
    Пол:
    Женски
    Ние бевме вака, ама на лицето најизразено. Биодермата не среди за неколку дена.Ја сменив од Фрош на Персил за бебиња баш тогаш и нема мака веќе.
     
  17. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Јас не бев кај внука ми. Ми е страв од грипот плус сите роднини кога ќе почнат леле ама е убава пу пу плус верувам во уроци и реков не идам. Башка што и ние уште никој не сме примиле на повојница а сме 2 месеци и 1 недела.
     
    На Ladyme и Anie93 им се допаѓа ова.
  18. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Мене за овие на педијатар ми рекоа прво дека се вруканици да не ја облакам толку па после ми рекоа да користам А дерма. Ја нема кај нас од Бугарија ја нарачував ама верувај ми дека со две мачкања се снема. Дури и теменицата на главата.
     
  19. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Јас па се нервирам што луѓе со деца не разбираат дека не треба да доаѓаат на гости кај бебе од 2 месеци во екот на грипот а имам неколку што упорно секоја недела ме прашуваат кога да дојдат. Јас отворено им кажувам страв ми е од грипот и ми викаат е добро де без деца ќе дојдеме. Башка што мојава е плачка и тоа им кажувам џабе ќе дојдете нема да ја видите ама не да дошле. Едвај се контролирам да не се скараме.
     
  20. Moon lovers

    Moon lovers Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2020
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Бебе има 1 месец, прв пат го изнесов на некои 20 минути кога имаше 9 дена, само прати да е чист воздухот и шетајте убаво им доаѓа, а и два педијатри ни препорачаа да ја изнесуваме кога е чист воздухот. Облечете се убаво и тебе ќе ти прија да искочиш од дома.
     
    На Anastasia579, Anie93 и poker_face им се допаѓа ова.