nie mislam na dve nedeli izlegovme na soncev grad, posle vo parkce niz lisice. I niz k voda vo dm i sinsay go vmesovme na 39 den, na mala molitva bevme, vo remedika bevme , 10pati sme izlegle vonprvite 40dena nevvikam dekace pametno ali nievtaka napravivme
Добро а на допир со прст по кожата како точки точки беше? Рапаво многу така чуство или не? Многу ми е страв ова што на допир се ситни ситни ама се осеќаат кога го бањаме допираме. Како што кажав сменивме на биодерма сега од саботата, еднаш го избањавме со маслената атодерм купка и го мачкам сабајле/вечер со интензив атодерм балсамот тенок слој лице/тело. треба да помине време за да има резултати? Во меѓувреме може да се зголеми црвенилото или не би требало?
Не е исто после роденденот на син ми во игротека немаше дете што не пројде стомачен вирус Игротека е збирштина на вируси и бактерии не вреди да заглавиш со бебе. А и за гостиве, тебе битни ти се луѓето или бебето? Нема што да измислуваш изговори, ако нр сакаш гости нема да ги примиш и толку, па здравје понатака. Верувај не вреди маката што после ти ќе ја пројдеш
Јас да си се пожалам, бебенцава мои се 4месеци, предвреме родени, но фала му на Господ сѐ си беше во ред од како дојдовме дома, па и во болница во инкубатор беа кратко. Си излегувавме во двор уште пред 40дена, фативме убави сончеви денови, продолживме така и периодов кога беше убаво и меко времето, надвор ама во природа, мол не виделе, во кафич не се внесени, а и не планирам за брзо секако тоа. Мешани со деца не се воопшто, контакт со возрасни и тоа редуциран.. И вака си теравме супер, се до вчера кога едново бебче качи температура, денес сакав да ја види матична, вака нема други симптоми освен што е покенкава ама на крвна слика crp многу високо. Сега сме со антибиотик од широк спектар и се надевам за брзо ќе помине, дојдов само да кажам дека многу е жално бебето да ти е болно Некоја од вас со вакви искуства кај толку мало бебче? Како сте поминале? Мене срце ми се кине и само преиспитувам јас да не сум направила нешто погрешно дома со двете.
Да, како рапави. Јас ја бањав секој ден и секој ден ја мачкав. И престанав да ја облекувам толку и да ја покривам со кебе преку ден само со тетра пелена спие. Кај нас почнаа да се повлекуваат за ден два.
Дали треба да посетиме дерматолог? Бевте вие или? Или да почекам бар некое време дали ќе се повлече сега од биодермата, не знам стварно веќе
Ќе се повлече, избањај го пак. Не може од еднаш да се повлече. Најверојатно има и бебешки акни, тие сами од себе се повлекуваат.
Ништо страшно мајка, ние наод на плуќа имавме на 4 месеци. Со антибиотик завршивме, зашто ни инхалации со кортико и вентолин не помагаа за секретот да се среди, само антибиотикот си ја забрши работата. Ќе пројде, и пак ќе се разболи и пак ќе ти биде жал. Ние и во болница лежевме, стресно е ама е дел кој мора да го поминат(освен болница, која се надевам сите ќе ја рипнат), така јачаат имунитет.
Какви 40 дена ако е убаво време. Ќе му годи на бебе воздух. Вие тројца на прошетка. И 20 мин се доволни.
Оф леле они ќе јачаат имунитет, ние со секое ново нешто ќе се јачаме како родители и тоа е. Ме теши што нема да памтат ништо од ова, така и твоето ама ти сигурно секогаш ќе се сеќаваш. Мене повеќе ме нервира притисокот што ми го прават од страна, одма сите квакнаа со "шетај ги ти пак децата" и не можам да се објаснувам дека не е ова настинка, грип или вирус ама ко само тоа да чекаа за да ми го кажат. И прееска исто, подобра е она со температура денес и имаш "ааа, ете од антибиотикот што и го даде". Не знам, 21век, според мене нема смисла за овие работи да се објаснувам.
Кога ќе оздрави пак да ги изнесеш. Од свеж воздух не може да се разболат, аман од такви застарени размислувања, прават само тебе мисла да ти биде дали стварно од што си ги изнела се разболело.
И пак ќе ја шетам и пак ќе ги шеташ, не сте во затвор па да седиш затворена цело време. Мене во болница ми рекоа, зашто бев исплашена дека ќе има трауми, мајка ти ќе имаш, она нема ни да памти. Не се замарај со луѓето, па и со форумов. Секогаш ќе има некој најпаметен да попува, прави си како мислиш и верувај дека правиш најдобро за твоите деца.
Истоооо осет немаат. Јас не измислувам изговори сега им кажувам што е работата, па ако се лутат нека им стои. Ама запнуваат ептен. И цело време сум под притисок дека не правам нешто како што треба. Мм ме нервира сум претерувала, дека му се јавуваат истите за да дојдат. Можеби, ама во моментов мислам дека тоа е најправилно за него. Можеби презаштитнички сум настроена кон него затоа што сум повозрасна поинаку размислувам и плус што е дооолго очекувано бебе. Педијатар кога ќе прашам дали е лошо периодов што сме изолирани и дали треба да го мешам, ист одговор добивам нее никако паметно правиш пикот е сега(беше тогаш) во мол па ич ми рече немаш потреба да го носиш. А за гости ако се сигурни дека се здрави ...Надвор слободно. Надвор си шетаме среќа што не сме во најзагаденото во Скопје. Поради тоа се преселивме и од хаосот во градот. Сега ќе се стопли па повеќе ќе се движиме
Абе Бог да чува. И нашево е долго очекувано бебе со ин витро едвај успеавме и сега треба да се правдам зошто не сакам гости. Плус излезе дека на едните што инсистираат да дојдат децата им се болни. Сериозно се разочарувам од луѓево.
Нема што ти погрешно да си направила дома. Високо црп нели укажува на бактерија штом и антиб ви дале. Искрено пред градинка не ми се разболел. Да не има некое дете од градинка доаѓано кај вас? Штета не си ги однела прво на брис пред антиб, не знам зошто не те пратила докторката. Друг пат секогаш прави брисеви
Да, бактериска инфекција е. Затоа и ме нервира сите што одма ми рипнаа дека е од шетањето и од тоа што сум ги носела надвор, сум ги настинала, па и детето вчера кога симна температура од антибиотикот било и не можам да им објаснам дека настинка/вирус со антибиотик не се лечи. Инаку деца не, само моите и неговите што доаѓаат да ги видат периодов. Јас мислев да не е уринарна инфекција, на тоа мислев дома да не сум направила погрешно ама внимавам од сам почеток, мијам раце пред да им сменам пелена, без исклучок ги мијам секогаш после кака. Фала ти, брисеви од сега и урина ќе проверувам ама така изреагира матична кога виде црп, одма препиша антибиотик и ние брзо во аптека да го земеме и дадеме, ко да е толку итно баш во тој момент да биде се, дури кога седнав дома се освестив. Сега сигурно ќе биде подобро ама нема да знаеме која бактерија и каде точно.
Сигурно и други параметри од кс ќе укажат што е. А колку беше црп? Сакам да кажам ти друг пат пак одма почни антиб. Јас не чекам резултати од брисеви него го почнувам, ама прво правам затоа што еднаш џабе пиеше 10 дена антиб па после мораше уште 10 дена не беше погодена терапијата. За уринарна никогаш не сум правела урина, што викаш може да било и тоа ама секако следи ситуација ако треба за 2нед ќе напрајш пак. Глупости ич да не ги слушаш од надвор не се разболува ...они недај боже преносители да не биле па брзо да кажат ти си крива од надвор е ццц ние затоа и прекинавме да кажуваме кога сме по лекари, кога пиел антиб .
Не можам од возрасниве. Син ми е пак со вирус и истиот го фатил оти не сме слушале, пред некој ден на 15 степени без капа бил надвор. Океј мајка фала, не знаев дека вирус дете фаќа ако нема капа на главата, какво просветлување, јас на ладново цело време со вирус сум значи оти и јакна не носам
Мајки здраво, Кои се симптоми доколку има алергија бебче на кравји протеин од млекото? Некоја мајка да каже што го има бебчето тој проблем? Како би приметиле доколку имаме таков проблем? Благодарам