Ќе му помине. Со температура од 38 инхалирав, мачкав лој од гуска два пати во ден. Не и проверував крвна слика , после два три дена ја однесов на педијатар и немаше ништо на гради. Моево исто не е мешано со луѓе и се тоа , ама татко и донесе вирус дома. Провери брис од нос , но со примен антибјотик, веќе не знам колку ќе покаже сега нешто.
101 беше, превисоко, матична одма рече антибиотик ама нареден пат прво сѐ ќе направам па после би го почнала. Нема да покаже, колку и да ми е криво, бидна веќе, требаше да провериме брисеви и урина па да дадам. Не е вирус кај нас, бактериска инфекција е. Инаку нема ништо ни она на гради, ни растечен нос, влечеме - чисто, нема никаков секрет буквално, не кашла. Дури матичната се мислеше за крвна слика ама среќа што направивме. Може да те замолам за слика каков кој од гуска мачкаш и од каде го купуваш?
Уф да тоа е веќе превисоко црп. Обично до кај 15 црп ни било дома од бактерии во нос или грло. Јас би го носела да го види специјалист дополнително или уште некој педијатар ...сега не да те плашам овде да не ме разбереш погрешно, од она јас што лаички го знам над 100ка веќе се акутни воспаленија не би оставила непроверено антиб само да маскира. Ако има некоја членка со искуство може ќе види па ќе ти каже посигурно
Мајки имате ли некоја поминато со бебињата со бактерија во носе? Во четвртокот правевме брисеви од очињата и испаднаа со бактерија и двете, мачкаме маст. Во неделата ноќта страшно колку не спиеше, на 20 мин буден му се затнуваше носето и не можеше да диши. Понеделникот во текот на денот беше добар ама направивме брисеви превентивно и од нос и од грло. Инаку го носев на педијатар понеделникот со крвна слика направена и црп. Леукоцитите беа минимално поткачени, не ја загрижија докторката, гради чисти, црп ниско и рече вирус е ама ако превентивно брисеви да си направиме. Испадна бактерија во носе, ама овие 3 дена не сме имсле поголем секрет, или зстнување на носето да не може да дише. Дали ќе дадат антибиотик или можеме да поминеме само со чистење на носето? Оти антибиотки капки нема, ќе треба да давам сируп ама без секрет и сериозни симптоми некако не ми се дава. Јас ќе се консултирам и со педијатар денес само сакам и ваше мислење. Ако нешто ви менува бактеријата е Haemophilus influenzae
Ќе ти пратам покасно слика не сум дома . Можеш од интернет да си порачаш мала чаша 600 денари се. Два пати мачкав на грб и гради. Многу мала количина треба на прст треба. Јас за бактерија во нос и ставав торбекс капки, и сега чим почне на нос да крчи прво чистам со физиолошки и носко и и капнувам по една капка од капките . Мое искуство, да не симне на плука . Прематурчиња лесно симнуваат на гради , моево е уште со недоразвирни бели дробови па одма реагирам и супер е вака.
Ми рекоа дека со оглед на тоа дека нема симптоми, дека е весел, добар, без температура и без секрет дека нема потреба од антибиотик. Леукоцитите не се многу високи, пренесено е од око и да не давам антибиотик само механичко чистење на носе со физиолошки. Грло и гради се чисти нема потреба толку мало бебе уште од сега да труеме со антибиотик.
Мајки, како се справивте со бебе кое вришти за шетање со количка? Не можам да се справам, вришти до зајдување, а очајно ми треба воздух и прошетка. Надоена, наспана и пак вришти. Сака во раце цело време.
И моево плачеше така па прво го шетав во транспортер, тука беше помирен, потоа во корпата. Мислев нема да ја засака, ама ја искористивме максимално. Имаш пробано бел звук да му пуштиш и така да шеташ? Јас така шетав многу пати и знаеше да заспијат
Во Во кенгур ја носевме кога бевме во можност, баш го искористивме. Кога порасна го залажував со смоки
Изнесувај ја ненаспана, да заспие во количка. Или нека ти заспие во раце па пикни ја во количка, од вибрациите ќе продолжи да спие... ваљда. Нема ние како сакаме, тие се со "став" од прв ден
дали некој се соочил со ваков осип после породување? почна да ми се појавува на стомак и гради и сега се рашири и на нозе и на раце и на грб и многу чеша.. се појави околу три недели по породување, немам променето исхрана ниту прашоци или гелови за туширање
Дали сте имале случај со крвави кончиња во столицата на бебе? 3м доенче е моето. 2-3 кончиња беа, но имаше. Дали ви се случило нешто вакво и дали би знаеле што може да значи?
Слинг марама можеш, завртено накај тебе. Fememama има за 900 денари на инста. Има и начини за врзување на профилот. Јас купив ама мојов не сакаше накај мене свртен, кумот напред да гледа од 2 месеци.