Здраво, бебчето на 16.02 полни два месеци треба да почнеме со вакцинирање. Живееме по адреса во општина Карпош, знае ли некој каде треба да го однесме за вакцинирање? Ми кажаа се носи во поликлиниката во општината која се наоѓаме..
Мајки помош За 2 дена полниме 4 месеци, навечер добро си спие се буди само еднаш за јадење...Ама преку ден, ужасс... Ни 2 дремки немаме, спие 10 мин се штрекнува и се разбудува нервозна е дека не е наспана и преку цел ден е кемкава...Не сака ни во количка, ниту во кенгур, ова трае веќе повеќе од 3 недели не се издржува...Си беше мирно бебе, сега преку цел ден е нервозна
Скок во развој проследен со регресија на спиење, скоро секое бебе поминува низ тоа тој период. Биди среќна ако ноќе спие…
Малата денес наолни 3 недели, сакам да прашам дали е нормално во текот на денот да и се собира максимум 1.5час дремка? Навечер одкако ќе заспие околу 22/22.30 часот станува за јадење на 3 часа. Последно кога ќе се разбуди околу 05.30 не заспива повеќе од 10 мин цел ден до вечер до 18.00. Евентуално околу 12 може да дремни пола саат. Се пробувам, од нишање, бели звуци, шушкање, шетање в раце.. Задремува и веднаш се буди. Воедно на секој саат менувам пелени покакани. Само во јадење и преслекување, и плачење го поминуваме денот. Ве молам за некој совет
Хелоу, јас сум скроз нова овде. Новопечена мама на 8 неделно бебче. Ве читам неколку недели и многу ми имате помогнато да не се чусвствувам сама во предизвиците што ги носи мајчинството. Па еве сакам и јас некому да помогнам со мое искуство и нешто што ми помага во секојдневието.
Кај нас помага марама. Кенгури има од 1+, но мене ми беше препорачано од бабица кенгур тек после 3ти месец дека карлицата им се развива. Ние буквално преживеваме на марама.
Здраво мамички, ве молам за совет. Моето бебе е 4+ се си беше ок до пред некој ден. Сега кога ќе заспие почнува да поткашлува првите 20 тина минути до половина час. Кога е будна не кашла , дури и кога си лежи на рамно се си е во ред. Но кога ќе заспие поткашлува и како да грчи во носето од време на време. Ве молам за искуства
Колку што разбрав,бебе спие од 18:00 до 5:30? Тоа е добро време. Моето спие од 19:00 до сабајлето до 7:00. Будно 2 часа па пола саат дремка. Така неколку пати. Нормално е. Плачењето може да е од грчеви или сака блискост.
Нашата е на марката mom cozy, но јас не сум од материјалот задоволна полиестер + еластан. Би земала памучна ако има. Јас не ја сменив дека имаме и кенгур за од 3 месеци.
Мајки едно прашање: Најдобро шише за новороденче? Бебче има 6 дена. Го дојам но му давам и дохрана. Имаме проблем со шишето: philips avent никако не пушта млеко по 30 минути шмука без ни еден мл испиен. Babynova толку брзо му тече што го плука колку и хоризонтално да го држам.