Татко и се нервираше на почетокот, мислеше се глупирам со фенот, и викаше нонстоп, абе исклучи тоа веќе. Два пати го оставив со бебето на саат време, се враќам дома, фенот на најјако Еее доџе маца на вратанца
Мајки на машки деца, дали и до кога им ги отваравте курињата на бебињата? Го отварав до пред 20тина дена секој ден по малку. На контрола педијатарот ми рече ок е само на бањање да го отварам за да го измијам, е арно ама гледам сега се затворило скроз.
За темава се скарав со пола форум . На првото дете скроз му беше затворено, не ни пробував да го отворам ни на бањање зошто не биваше, со ова само на бањање малку да го измијам колку што се подотвара. Повеќе од тоа не. Последни препораки од доктори се да не се чепка ич, јас тоа го сфаќам ни на бањање да не се чепка. Со сила секако не, колку оди толку, јас со ова така правам па ќе видиме што ќе испадне кога ќе пркне.. Мојот педијатар препорача како што правам сега.
И нашиот педијарат ми рече дека не треба да се форсира. Минатата недела примивме вакцина исто и докторката таму ми рече секој ден по малку без претерување. Сега му менував пелена па ај да го отворам малку гледам му пукнало кожичето му се раскрвари, не многу ама сепак. Не знам дали ги боли тоа или не страв ми е да не направам нешто бетер
Леле и мојава после 2 крчи, се стега, се смее од стегање некогаш бљуцнува око не можам да затворам само ја гледам што прави. До кога трае ова?
Па не галами толку веќе, помал ржеше, пушташе некои звуци, тоа го нема веќе, може кај 3 месеци престана, ама уште спие немирно тој период се размрдува, ич не памтам првото дека правеше вака и не знам до кога трае..
Во глобала е на доење, ама не секогаш цица доволно долго. Понекогаш се случува после 10мин да се тргне сама и заспива, не сака да продолжи. А млеко имам, во такви моменти ако го измолзувам вадам повеќе од 60мл од една града. Ако и давам со шише, со повеќе убедување може и ќе испие. Во раце задремува, ама страв ми е да не почне и навечер да не спие во креветчето. И дополнително прашање, пред два дена чим ја доближам до града почнуваше да цица и веднаш плачи и се трга. Ама плачење со вриштење со туркање. Вчера беше во ред и сабајлево, попладнево пак така ми направи. Што може да е проблемот? Од време на време давам и прихрана кога гледам дека е гладна или во вакви моменти кога не сака.
Уште едно прашање од 0-12мес имаш земено, не се многу големи? Барам од 0-6месеци ама нема нигде буквално, а на вибо само 0-12мес си вика огромна нели ќе е
Имаш на нанам баш зимав за поклон 0-6м од таму а и ќерка ми ја носи 6-12 цела есен и зима супер се погоди
Да тоа и ми беше прашањето користиш од почеток ? Првата ти беше 0-6мес? дека на вибо не гледам таква димензија туку само 0-12м (не им ја разбирам како може 0-12м вреќичк
Од локо кроко земав јас ок кикабу многу се убави памук со некое полнење Исто 22-24 с е кај нас тенки шпикозни и вреќичка
Мислам има некој скок тука меѓу 4та и 5та недела , еве има мн мајки што дојат ќе ти кажат има некои такви моменти. Немам искуство да ти кажам, Ама биди упорна измолзувај и нуди на града кога е поуспано.
Не 6-12 е нашата од вибо, претходно имав 0-6 од ело. Да не немаат на заллиха од најмалите моментално?
Таа што им е 0-12 без ногавици е помала од тие што им се 6-12 (тие мислам дека повеќето беа со ногавици). Не верувам дека таа 0-12 би можела да се користи толку долго. Син ми има 6 месеци, не е крупен, ама мислам дека уште месец, два максимум би можел да ја носи. Ти ги сликнав двете чисто ориентационо да ја видиш разликата во големина на 0-12 без ногавици и 6-12 со ногавици. Едит: инаку во поглед на квалитет, се одлични. Јас имав добиено на подарок и две други, ама не се споредуваат со овие од виббоо. Таа 0-12 ја имам перено и сушено мноогу пати, уште си е како нова.
Им пишав да видам што ќе кажат ако не на ело ќе земам фала. Фала ти многу,ама пак не ми изгледа за новороденче добра, ми е страв да не се излизга навнатре. Можеби е ок за од месец-два , ти баш од прв ден ја користеше? Ме чудат и мене какви им се тие величини...
Бебка за 5дена прави 2месеци. Од 3недели до пред недела цело време следеше играчки кога му покажував горе доле лево десно . Сеа последниве неколку дена не сака да ја стави во фокус, се нешто од околу гледа…. Хмм. Ви се случувало ли вака?