Сега на тие месеци, веќе и видот им е почист и нормално да гледаат повеќе околу и да истражат што има. На меше кога е, си пробала да носиш играчка лево десно? Јас и огледало и ставав пред неа, за да и се крева и лево десно и го движев. ( ова кога издржуваше на меше малце де)
Хелпппп, како да направам да спие подолго навечер. Станува точно на 3 часа за јадење, швајцарец, ни минута покасно. Пие млеко и продолжува, дека е на комбинирано додека мм направи ад он цица, го пие ад 120 мл и пак за 3 часа се буди...ненаспана сум до кога е вака? Дали смеам да му дадам повеќе ад? Ќе го држи повеќе часа или само ќе го прејадувам? Педијатарот се зачуди дека станува често ама не кажа што да правиме. Му кркорат цревата дури, гладно е бебе, ама чим заспива не бара уште валда му е ок 120мл. Подригнува и спие. 5м е бебе
Женооо ти ме читаш ли мене . На секои 40 минути се буди моево, 4 ипол месеци е. На 3 саати да стане денот куќна слава ќе го прогласам , нема да знам што од толку спиење. Шала на страна, ова педијатриве како паднати од Марс се малце, се чудел зошто бебе 5 месеци не спиело. Па не е само глад причина за неспиење; скокови, регресии, нови вештини совладуваат во првата година, сакаат близина итн. Поретки се тие што спијат, верувај ми. И зависи од темпераментот на бебето, јас љути ги раѓам како мене и мм очигледно. И првото не ми спиеше до година и кусур, сега оди стани го за во школо. Се во свое време, ќе спие. Јас му се жалев на педијатарот мој така да си кажам маката, вика бебе со сила не можеш да натераш да јаде и да спие. И така е. Освен нели тренинг, ама јас немам душа за тоа.
Мојата само ако е расположена иначе не регистрира ништо. Колку сакаш тропкај мрдај ако нејќе нејќе. Додуша со татко и сака во секое време мене ме зеза.
Ние сме на ад од сам почеток два ипол месеци е уште станува на 3 саати. Се случува некогаш да се усони да промаши ама кога ќе и текне кога ќе викне не знам дали може некој толку брзо млекце да направи
Јас имам на виббо таа без ногавици, као од 0 до 6м, пред 2 недели му ја пробав, искрено голема му беше горе, ја јадеше во уста цела, а убави се на квалитет. Ја оставив за од нареден месец, инаку е 2м малиот
Како да ја облечам беба за шетање на времево? Боди на кратки, шпихозни, крзнен скафандер и ќебенце доволно е? 12 дена е инаку па сакам да почнеме по малку да шетаме низ маало барем. 30 минути многу е?
Јас и облекувам плус хулахопки. За почеток по 10 минути да се адаптира, па постепено ќе наголемуваш, плус и времето ќе се затоплува, иако и сега не е ладно.
А да ја будам уште на 2 саати или да ја оставам на 3 или кога сама ќе се разбуди? Денес веќе се врати на родилна тежина
Мојата е 8месеци, исто на 2ипол-3 часа се буди да цицне и продолжува. Нема тука ништо ненормално немајте преголеми очекувања бебе е не е дете
Јас на месец, месец ипол почнав да ја користам, дека се роди на лето, па не ми требаше веднаш. Иако му беше долга, не се излизгуваше навнатре.
Ако станува на 3ч ќе славам. Среќна сум и на 2 ако стане. Се будиме секои1-1.5 саат некогаш и порано. Ти си среќник. Уживај на толку додека станува
Ако бебе напредува, не буди. Мојава и на прв преглед не беше вратена килажа( тоа друга тема ), ниту еднаш ја немам будено. И патронажна и педијатар, ист став имаа. Бебе кога е гладно ќе плаче.
Штом станува за јадење, си пие млеко и одма продолжува да спие значи гладно е, нема што да се прави, нема да го оставиш гладно, можеш евентуално пред спиење да дадеш 150. Кога бевме на доење се будеше точно на два часа секогаш, некогаш и на саат ипол, зависи колку цицала, и ад кога сум давала на 3 часа се будела, сега во последно време менува. Последно ако сум дала шише 22-23 часот знае дури во 5 да побара. Мене чуден ми е педијатарот што се чудел дека бебе често станува.
Денес ќе ја боцкаат за крвна слика пред прва вакцина, а утре ќе ја боцкаат за рота вирус. Што да очекувам и како да се спремам? Цело време мислам како ќе плаче сирото дете, нема да можам да ја смирам, ми се плаче и мене. Не ми се верува под каков стрес сум.
Обично после вакцина се повеќе кенкави, некогаш знаат и температура да качат. Ние до сега не сме качиле од вакцина. Индивидуално е. Ти купи си Далерон сирупче, а можеш и лепенки, за да го разладуваш таму каде што е боцнато. Од Зегин ги земав јас. Срце ми се распарчуваше кога плачеше, ама мора. За нивно добро е сепак. Ќе пројде.