Ротата ја пие другите ги боцкаат. Може да ти качи температура, повеќе да спие и да е покенкава. Плачат додека ги боцкаат најчесто после се смируваат, барем кај мене беше тој случај. А зошто во 2 дена? Ние одевме ни зимаа крв пред вакцина, резултат за 5 мин и се симињавме на вакцина. Ова во Велес кажувам
Во Ск ако си не е одма боцкањето, каков хаос е во диспанзер, 3 саати чекам 2 пати, може ни вакцина да не прими, а не па уште к.с... Од претходниот ден го боцнаа кај матичниот за кс. Инаку не плаче барем мојов многу, само кога ќе го боцнат ама одма се смирува. И никакви реакции 2 пати примал вакцини, нит е кенкав, нит поспан. Само со рота првиот пат ќе го задавеа
А дали на два ипол месеци сте имале промена кај бебе, од саботата е кенкава, плаче за спиење, очи и се затвараат ама нејќе се бори. Пратам прозори на будност, не ја оставам повеќе од саат, саат ипол макс и пак вришти плаче. Едвај ќе заспие, не можам да ја легнам се буди одма и кога ќе стане и да поминал еден саат од како заспала пак плаче. Ретко е расположена после спиење. Се расположува откако ќе се расони. А таман се потсмири престана да плаче со реков имало спас ама еве сега пак од ново плачки. И денес плус вакцина кај да се фрлам
Е уште тој стрес ми треба. Мада мојава со плунка се засркнува секој ден, секој ден крв ми смрзнува од стрес. И тоа кога престанува не знам. Страв ми е сама да ја возам во кола, на пример докај моите да ја однесам да не ми се засркне па да треба на сред булевар да застанам
Престанува, мојов на секое млеко пиење се давеше, ама одамна е поминато тоа, не памтам точно. Уште си бљуцка мада и тоа помалце. Иначе прописно го задави таа со ротата, не можеше воздух да земе, така дома не ми се десило. После му крчеа градите, чекав да ја ждригне, да бљуцне малце за да го исфрли тоа.
Зависи тоа од диспанзер до диспанзер. Во Букурешт не сум чекала повеќе од 15 минути за вакцина и секогаш ставале одеднаш и рота и другите
Леле во Јане е ужасссс. Премногу е гужва, па по едно 10 бебиња во секое време има во чекална. Инаку и нас се не боцкаат, ама крвна слика си носев спремна првиот пат, вториот не ми побараа.
Мене една педијатарка на драматичен начин ми рече, гладно бебе не плаче, спие Си викам, госпоѓо, нешто си учела ама не си сфатила најдобро. Не може бебе што убаво јаде и денски бара да цица, ноќе да спие ако е гладно. Инаку, и јас сум на мислење дека бебе кое напредува, убаво јаде, не треба да се буди. Може не сум во право, ама инстинктот така ми вели.
Истото и мене ми се случи со ротата ќе го задавеше за малку, неможеше воздух да земе. Едвај се смири после детево, а и плачеше многу и за ротата и за другата вакцина кога му ја ставаа. Се надевам вториот пат полесно ќе поминеме. Имаше само реакција после тоа со стомачето го болеше, најверојатно од ротата, бидејќи до сега со грчеви сме немале проблем. И моево исто се засркнуваше од млеко некаде до кај два месеца, сега за среќа повеќе не, а денес прави 3 месеци.
Јас на почетокот го будев, али еднаш за малку ќе се удавеше, тоа спие јас упорна млеко да му дадам кога почна да се дави, викам батали остави детето да спие. Само првата недела откако дојдовме од болница го будев после веќе не. И врзуваше сон може 4-5 саати без млеко. Напредуваше добро на две недели качуваше по 600 грама само на доење. Пелените секогаш мокри. Така да поарно не го буди нека си спие чим напредува.
оф оф а ние за Јане се спремаме, по место на живеење ни е најблиску, а ми кажаа и докторката била многу океј. Може ли да бираш каде сакаш или мора по општина? Другарка ми кажа им се јавиле на нив….
Нашиов се чудеше ама не искометира нешто баш, а на другарка матичната и рекла да прекине ноќе да ја дои за да почне да и преспива, ноќите биле за спиење, не за јадење. Така да секој педијатар различно скрос кажува ...
Мајки дали може да ми препорачате некој добар термометар за мерење на температура на бебе? Купивме еден дигитален од еурофарм што мери и орално и ректално и под пазуви, ама не е точен, секогаш ми покажува помалку во споредба со оној класичниот. Страв ми е ако купам пак дигитален дека нема пак да мери точно а со обичниот не можеме да му измериме температура зашто не седи мирно и плус ми е страв да не се скрши.
Мене не ми се јавија, ама јас апла немам кај да одам тука сум во општината. Инаку коментираа мајки дека гужва се правело зошто демек две докторки требало да бидат, а само една била во моментот. Ама јас и на 2 и на 4 месеци иста ситуација затекнав. А внатре коментираше сестрата сакале и од други општини кај нив демек мн дека се добри, ама не можело, секој си одел на одредено место. Ќе свртите едно хранење, една дремка и ќе ви дојде редот
Наредна среда бебе ќе е 3 месеци. Дали можам да го ставам во кенгур едно 40 мин. Само до градинка и назад да ја земеме дада?