Бебе старо еден месец две вечери по ред не престанува да плаче. Најадено е, не личи дека има грчеви и спие само во мене и сопругот, ако ја спуштиме веднаш плаче а и дур да заспие одвај се смирува од плачење. Некој да има искуство?
На самиот кенгур сигурно пишува - мојот е од 0+, јас некогаш и го заспивам по дома во него. А ние сме 2м
Не го буди мајка. Штом напредува убаво, си вратило родилна, остави го нека спие и спиј и ти. Гладно бебе НЕ спие, кој ти кажува поинаку нешто не разбира. Буквално од педијатар ми е кажано да не го будам. Одмарај додека спие. Кај мене до 3ипол месеци 2 пати ноќе само се будеше, се би дала да се врати тоа време и да не станувам 5+ пати ноќно време
Нормално е бебе 2 до 3 пати да стане ноќно време за јадење, уште се мали. После 6 месеци веќе треба да намалат ноќните подои кога ќе јаде цврста храна преку ден ама и тоа не е правило. Се додека бебе не јаде 3 оброци дневно со ужини кои што ќе го задоволуваат дневниот внес на калории нормално е мислам да стане и ноќно време за јадење. А тоа да прекине ноќе да ја дои е многу тешко на 6,7 месеци од причина што имам пробано и се додека не му ја ставам градата во уста дете зајдува од плачење. Кога ќе му дојде време ќе ги запреме.
Не знам во Скопје како оди. Во Велес на 2 месеци не правевме крвна слика, само го прегледа докторка и му дадоа вакцините. На 4 и на 6 месеци со поканата за вакцинацијата (кај нас стигаат покани со датум и време кога да се однесе бебе) прво се качивме да ни земат крв, а потоа се симнавме во превентива на преглед и боцкање. Се во истиот ден се во 30-40 мин време. Дека истиот објект е и за крв и за вакцини може затоа е и побрзо. И во глобала нема гужва оти во тој еден ден се распределени бебињата кога да се боцкаат и не се сите возрасти заедно, ретко се случува поголемо детенце да има за вакцина.
Мојов неспијач последниве неколку вечери не сака да јаде. Му давам ад во 20 некаде, па обично цицаше, па во 2-3 пак ад му давав, вечерва прв пат прифати цице во 4 дури. Ама затоа сабајле ифрит гладен беше . А се разбуди едно 4 5 пати сигурно..
Крвна слика педијатарот не советува да правиме. Ако случајно нешто бебе е настинато да не се боцка. А дали бараат кај што се вакцинира поим немам. Денес ќе одам кај мене во пункт да прашам кои денови вакцинираат пошто нормално дека никој не крева на телефон.
Не мора да значи дека нема грчеви. И јас така мислев а малово се корнеше од плачење додека не наполни 2'месеци и после престана. Значи имала грчеви ама мене не ми личеле дека е тоа. Многу ми помогна саб симплекс капки и Nurse Harvey сирупот. Мада кај секој е различно. Или Гасиметин капки тие ги има и кај нас. Иначе дење до денес само во раце врзува саат време иначе а ја спуштам станува
Вчера немаше никој. Темница се изгасено. Е сега ако работат од 6 до 14 тоа е друго. Јас тоа време отидов отприлика и пољубив врата
Што правиш со остатокот од виалот? Не го дотрошувам цело, не знам дали да го чувам за сл пат или да фрлам?