На 4 месеци има опасна регресија во спиење кај што фазите на спиењето им транзитираат како на возрасен и ако не се способни сами да заспијат, бараат помош за спојување на циклусите на спиење, отприлика на 45 мин (со цице, нишање итн), со второво дете ми се потврдува. Башка многу скокови, интензивен развој. Рачунај од 4 месеци до 1 год од практично неподвижно бебе добиваш бебе што седи, оди, комуницира. Моето првото до 1 год + не спиеше со кулминација на 9 месеци, кога тргнав на работа. Ќе се распаднев. Второво уште полошо од него почна.. Кај нас будењето не било за јадење, еве го ова не ни сака да јаде ноќе а си станува на секој саат, за 1 недела 5 месеци прави.
Ахаха не знам, навика е. Еве вечерва пак стануваше на секој саат ипол, некогаш и на саат ама одма презаспиваше само да го фатам во раце и свежа сум. А знае да се буди кога ќе го спуштам пола ноќ пример само во раце да бара, тогаш сум малце утепана, ама првата дремка сабајле ја спијам со него, 9 ме фаќа станување. А на работа е малце зезнато, не можеш да крадеш моменти од денот за да се одмориш. Ќе видиме што ќе прави до тогаш малиов шеф . И да се редактирам, неколку вечери цели во раце барал, тогаш сум ултра утепана и обично е после "добра" ноќ, па да се спремам за вечер .
Јас си чувам, во тек на еден ден секако ќе го истрошев... има нели и тоа капачето, кога ќе го свртиш обратно баш го затвораш убаво..
Бев во автокоманда тој ми е поблиску од ченто, замисли најверојатно утре ќе дошле, ми дадоа број да се јавам да прашам за сигурно да ми кажат, да не сум идела со бебе по амбуланти за џабе
Лелеее...страшно! Јас се јавив Букурешт, за вакцини од 08 до 13 часот! До 14 часот работеле само администрација - да си знаете, а пациенти до 13!! Да си знаеме. И паузата како што пиша членка погоре 10.30-11 часот.
И паузата нивна света, значи сама бев пред пауза ме оставија да чекам, а уште од 10 си искочија да си земаат јадење дел од тие внатре. Последно бебе примија во 10 и се распуштија пола од нив. Исчурев тогаш еј. Значи од 8 до 10 и од 11 до 1 работат. Тоа е, јбг, рачунај пола ден за тоа. Носи си млеко/ цице спреми. Количка да спие и така.
даваме саб симплекс секако само личи дека со се е погодено а не престанува да плаче.. не дава некои знаци па мислев нема шанси да се грчеви
Можно е, тоа дека не добиваат тие што дојат е мит. Јас со првото на ексклузивно доење добив после 3 месеци, со ова комбинирано еве 5 месеци уште не сум добила.
Па мојот матичен кога бев на прв преглед ми вика нема да добиеш додека доиш, врска нема. Читај и на форумов еден куп мајки добиле додека дојат. Ајде држ се, памтиш коа беше трудна викаше ќе се наспијам да се породам . И јас сум очај, ама брзо поминува времето. Сега ќе излезе сонце ќе дремат надвор во колички и ние ќе живнеме.
лелее да така викав мислев повеќе ќе се спие. А ние цицаме на саат, два ако ни се згреши хахахах! И кога ќе се успие 3мене не ме фаќа сон. Прозорци на будност огромни ама тоа е се направив, едно вакви ѓаволче ми требало само да е жив и здрав и да не е мкогу плачлив зошто тогаш страв ме фаќа да не му е нешто а не погодам што