хахаха и мене некогаш ми успева тоа, некогаш не. Имаше период така на пдолактица ќе лежи само кога ќе заспие цврсто ќе се потргнам. Сега ни тоа не пали. Ама не се жалам има и дремки каде што спие во креветче, во гнездо… иако повеќе во раце
Ако го имаме истиот од Зегин јас ги чистам со чепкалки за уши и ги вријам. Не ми прочитав упатство го фрлив и така терам.
Бебево почна секој ден да бљуцка. Еднаш до два пати во денот, 15-20мин после цицање ќе бљуцне малце. Не знам дали да преземам нешто, и што?
и мојот бљуцка, па можеби и на секој оброк. Имаше неколку пати и обилно како да повраќа. Но ми рекоа дека ако и после 4месеци уште прави така тогаш да превземеме нешто. Јас користам антирефлукс оерница навечер кога ми е страв да не не го чујам дека се засркнува
Каква е таа перница? Да земам и јас. Мојава се засркнува од плунка цела ноќ не спијам од страв да не не ја слушнам, плус што бљуцка.
Дајте ми препорака за кенгур, почна малово да сака во слинг марама, па да земам и кенгур. Само не од тие прескапите од окси мама знам дека се добри ама не можам да дадам 250 евра за кенгур.
Од кога ги визите во летни колички? Задутре полни 3 месеци ќе биде бебка веќе а количката освен што ми е гломазна и корпата и транспортерот му се скоро па мали.
Бебка е 9та недела, многу стана плачлив некако. Се случува ли ова овој период кај некого? Се буди и заспива со плачење
Мислам скок дека има во тој период, провери тоа дс не е. Ние сме 6++ и заби и скок ни се во комбинација
Здраво сакам да прашам дали некоја била во ваква ситуација на картончето е заокружено дека не поминува на преглед за слух.(родено во 37+4 поради пукнат водењак со царски) Ваква ситуација сум немала со првото дете па затоа незнам.
Од 7 до 10 недела е втор скок па најверојатно е тоа. Кај нас секој скок беше споен до пред некое време. Сега го чекаме 6ти скок па да започне журката
Не поминува или не го направиле тестот? Нас ни кажаа дека не работи апаратчето, до 6 месеци да земеме упат од матичен и да се провери на оториноларингологија. Во секој случај, и да го поправиле тој уред за тестирање и бебето не поминало ок, требало да ти дадат насоки што да правиш на испуст. Или матичен прашај..