Ај со среќа 5 скок. Реков не пратам скокови за ова бебе, таман почна по 2 саати да спојува спиење без будни периоди измеѓy, се прерадував, толку беше. Од пред некој ден почна да плаче без врска, вчера 3 саати не сакаше да уцврсти спиење, кенка, пафта. Проверувам сега, само што сме влегле во 5 скок
Здраво, ние за брзо правиме 4 месеци. Знам дека има време но дали може да ми кажете како почнавте да се спремате за давање храна, освен хранилка и прибор за јадење што друго би ми требало да купам, дали е потребно блендер и сл.? И од која хранилка сте задоволни дали тие со наслон што се прават 2 во 1 како лежалка, или стандардна
Здраво, бебе е 4 недели и сега за сега излегувањето ни се сведува на одење на контроли и некои кратки прошетки кои ги темпираме помеѓу подои. Но за брзо ќе почнеме да излегуваме и на подолго. И главна мисла ми е што ако немам можност да му дадам да цица. Кога ќе пробам да соберам млеко со школката не секогаш успевам да соберам некоја задоволителна количина или треба на повеќе наврати да собирам за да има за еден оброк. Исто имаме земено Hipp Combiotic како дохрана 1-2 пати дневно или по потреба по препорака од педијатар. Е сега, 1. Дали можам и да го земам за носење измолзеното млеко и формулата (направена)? Или треба да си носам вода и прашокот па да ги растворам по потреба? 2. Колку траат и двете, т.е колку долго можам да ги чувам во ранец/торба. И колку можам мајчиното да го чувам пред тоа во фрижидер? 3. Гледам дека се продаваат торби/ранци за мајки со џебови за шишиња со термална изолација па дали вреди да се купи за ваква работа? Ако имате препорака за некоја, повеќе од добредојдена е.
Само при настинки ова хипертоничен раствор нема потреба за прочистување на нос кај здраво бебе . Незнам кој ви препорачал ова и дали добро ве разбрав. Физиолошки односно изотоничен за чистење почесто. Марисол капки вршат одлична раб. И после ушмукајте.
За мајчино не знам ама за формулата може да стои 1 час откако ќе се направи. Јас ја оставам до 30-40 мин и ако не ја испие ја истурам. Ако даваш формула носи си со тебе шишенце и мал термос со вода и кутивчиња со измерена количина формула.
Формулата направена само 1 саат. После тоа се фрла пишува и на самата кутија. А за мајчиното млеко мислам дека беше околу 4 часа надвор од фрижидер 8 во фрижидер. Купи си термос и носи си топла вода плус формула. Кога ќе е гладно бебето ќе му направиш и 3 саати си раат.
Јас ќе ти дадам друг совет - секогаш и секаде можеш да доиш Не гледам зошто не би можела. И јас носев молзено на почеток затоа што не фаќаше убаво и се доевме само во football hold кој не беше возможно да се изведе надвор. Ама подоцна кога можевме да се наместиме, сме се доеле секаде
Здраво, можеш слободно било каде и кога сакаш да го доиш и нема од што да ти биде срам или страв. Мојата од прв ден исто како и мм кога бил бебе бегаше од града и не сакаше да цица воопшто, па морав да се измолзувам и набрзо почнавме само на ад. Има 7,5м и уште со термометар мерам колку е темп. на вода и секое хранење го запишувам. За чување на собна темп. мајчиното млеко можи да стои 4 часа, во фрижидер до 4 дена ама да не е на вратата од фрижидерот туку поназад. АД на собна темп. до 2 часа, во фрижидер исто така само поназад до 24ч. Ако бебето се има веќе напиено од шишето тогаш стои само 1ч. Јас до 4м. дури бевме дома секое шише посебно го спремав и го давав точно на 37° во посебно ѓезве топлам вода само за нејзе. После тоа почнав поголема количина колку еден термос да топлам и да чувам во термос потопла вода, па потоа да ги мешам со ладна точно 40° да биде и да ставам формула. Исто и кога излегуваме го носам термосот и посебно пластични само со формулата и правам кога е гладна..
Фала ви многу мамички на одговорите Јас сум од оние посрамежливите и некако не сум сигурна дали би била комфорна да го дојам во јавност, иако нема ништо погрешно во тоа. Едноставно ќе сакам да избегнам осудувања и чудни погледи од тие што не го оправдуваат ова. И кога сум немала дете сум си викала дека нема шанси да дојам во јавност. Затоа и барав алтернативи, ама искрено сега со овој памет не би дозволила да ми трпи бебето . Ама како и да е ќе има ситуации кајшто нема да сум дома па ќе мора да имаме опции.
Зошто да немаш можност да дадеш да цица. На 2м бевме во ресторан славеа годишнина свекорот и свекрвата. Си се тргнав на страна со грб завртена и си го надоив. Во парк на клупа го имам доено понастрана од гужва. Во кафич, во ресторани сегде си го дојам кога има потреба. Ни е страшно ни е срамно. И тоа јас со големи гради сум што аплаа морам цела да ја извадам и цела се гледа кога дојам.
Тие што те гледаат чудно треба да се срамат, не ти што си го раниш детето што зависи од тебе за да не биде гладно
Сум гледала дека има и марами специјални за доење, можеш да си земеш таква и да пробаш така а како крајна опција (да си носиш за секој случај) да ти биде ад или махчино во шишенце
И јас сум од посрамежливите и сум доела секаде, ќе си ставиш тетра ако ти е непријатно плус градата кога ќе го ставиш бебето воопшто не се гледа. Никогаш не сум добила чудни погледи, уствари и ич не ми е гајле си ја терам јас работата ниту гледам кој ме гледа.
Храниш дете. Нема ништо срамно. Исто како да се криеш во ресторан дека јадеш. А за погледи, ич не се замарај. Полесно од извади града и да храниш бебе нема.
Феминки, ќебенца подебелки од фланел ама не од полиестер, какви користите. Намената ми е за во количка за покривање на бебе за во април месец, на пример. Имам едно девојче родено во јули, на 40 степени и стварно немма идеја ни како ќе го облекувам ова бебе, покривам, нос а надвор
Ич да не мислиш како да носиш млеко… да си доиш каде стигнеш. Јас кога беше помала и имаше сто подои доев во мол, во парк, во ресторан, во авион, на аеродром, во болница - СЕГДЕ! Моето дете си јадеше, што сакаат нека мислат некои заостанати фаци наоколу Ич да не се туфкаш, биди горда дека доиш и дека имаш бебе