Денес прими вакцина, поминувам прво со acidi borici па ставам лепенка. Чепче дадов од како качи толку високо, претходно беше под 38.5.
Какво е тоа чепче? Утре ќе ја вакцинирам со првата вакцина педијатар ми рече само лепенки и сируп за температура ако има. Да и дадам ако качи над 38
Еве ги чепчињата мајка, посигурен начин на давање ти се, сирупот може да го поврати, а и побрзо делуваат. За неколку дена 5месеци, денес прими втора доза рота и шестовалентна и прв пат стрептокока. Со лесно утре
можеш од мама драма да си нарачаш маица за доење. Јас си добив на поклон има и маици и дуксери. И јас пред да се породам мислев дека ќе се срамам, ми било претходно искрено неубаво да гледам како на сред пат дојат ама сега каде и да стигнам му давам да цица за мир у куќа уште ми е непријатно ама у давам пред луѓе з да не си ги трошам залихите молзено. Тие ми се кога ќе имам обврски или кога ќе сакам да шетнам сама или поспијам во некој момент
Леле исто и јас така сум размислувала. Ама дури немаш дете не можеш да знаеш и да се ставиш во нивна кожа колу и да сакаш. Дали си задоволна од квалитетот на маиците и дуксерите од таму? Ги гледав ама се си викам да не се оние најобичните најефтини што ги користат за принт па да се распаднат после некое перење, а не се баш ефтини. И како се моделите со бројче (слим/оверсајз)? Не знам која големина би нарачала да не ми е мало/големо.
Тоа лепенките врска немаат. Земи си борова вода да имаш дома за секој случај. Моето кога го вакцинираа прва вакцина на два месеци, кога си дојдовме дома и залепив од лепенките под местото кај што ја боцнаа на ножињата, за саат, два кога врисна да плаче, кога ќе ја соблечам ножињата жар црвени и беа. Одма и ставив облоги со борова вода, среќа имав дома, се смири црвенилото за кратко и се намири бебе. Затоа вториот пат кога си дојдовме дома одма и ставив облоги со борова вода.
Ќе улетам малку во муабетот. Јас имам од маичките по кратки, супер е квалитетот, ја изнаносев. Моделите се широки, ама се малку пократки од стандардните.
на маиците материјалот е прееееубав памук. Па едно бројче поголемо, некако теснички се. Прават замена
@Tulip023 @Anie93 фала ви многу. Со оглед на тоа што маички има да се купат за 300-400 денари, очекувам да биде со висок квалитет за тие пари. Јас сум релативно слаба а и немам големи гради, дури и сега додека дојам, ептен малку ми пораснаа. Се мислам дали С или М да нарачам.
Добро дали јас сум глупа неинформирана мајка или така е редот? Ја боцнаа во двете ноџиња. Зошто јас разбрав дека е едно боцкање. Сестра ми ми вика не требало да дозволам да ја боцкаат два пати. Јанза ме изеде да не згрешив. Прва вакцина ни е оваа, прими рота со пиење, пнеумокока со едно боцкање и уште едно боцкање другите што се по календар. Ваљда така треба или згрешив?
Леле фала ти на брзиот одговор, пукнав од нервоза дали згрешив. Кај ја мислам дали ќе има некои реакции уште ова ми фалеше.