Во зависност од вакцинален. Значи еднаш само рота и боцкање и два пати рота и две боцкања. Кај вас првиот пат било со две боцкања и уште еднаш ќе има две боцкања и еднаш само едно. Кај мојата првото боцкање беше само во едно ноџе, наредни две во двете.
Дали некој го слушаше вчера предавањето на Др Марина за воведување на немлечна исхрана? Докторката спомна давање вода и пред воведување храна доколку бебето е на ад.. Зошто имаат сите доктори толку различни насоки и совети, нели универзалното правило е да не се дава вода без разлика дали детето е доено или не?
Мене исто не ми е јасно. Нели учат од исти книги сите? Нели препораки и истражувања се исти за секаде во светов?
Не знам искрено, ама за многу работи се вака поделени мислењата и после ние ќе му ја мислиме кого да слушаме..
негде ги делт ама не е погрешно. Не се секирај, знаат. Ние се плашиме ама не се нашите бебчиња први. Да поминете со лесно
Има памучна прекривка 250 денари во Џамбо. Овие ќебенцата што ни се помеки се полиестер, ова баш е памук. Не е тенко како тетра, ама не е ни баш дебело, таман за периодов што следи.
Јас имам купено многу убаво памучно од Тритекс. Баш нормална дебелина е, не предебело ама не и тенко. Плус многу ефтино беше.
Јас вакво имам од Синсеј го имав нарачано околу 300-400 денари беше. Ама не знам дали го има сеуште. Инаку 100% памук е.
Ние кога бевме тогаш докторката кажа ајде мала е да не ја боцкаме сега во двете за прв пат. Ке дадеме рота и само со едно боцкање беше. А за вас сигурно така проценила докторката дека може, не е грешка не се грижи. Нареден пат еднаш ке ве боцнат и полесно ке помине
Менуваат многу. Баш како што рече членката. Мојов кога беше некаде 4-5-6 месеци не сакаше никако во количка. Абе ни 5 минути неможев да го повозам а да не почне да вреска. Ама затоа сега ја обожава. Доби поклон и трицикл, и тоа го сака многу. Не верував дека ќе смени ама ете. Трпение хаха.
Со газичка - најдобро стерилна од аптека и физиолошки раствор на очињата, а лицето целосно со водичка и со хартиена марамица за една употреба тие сувите од дм, само намокрена со вода
Не би препорачала физиолошки, тоа е солен раствор може да го пече на очињата. Подобро со млака вода и чиста газа.
Физолошки рствор не солен раствор. Се вика физиолошки затоа што е ист со физиологијата на човекот и со тоа најдобро се чистат очи лице на бебе на газичка. Солен раствор е хипертоничен раствор.