Мене во аптека ми кажаа сега кога бевме со бактерија во очињата да не чистам со физиолошки оти бил посолен и можело да го пече на очињата и друг некој раствор ми дадоа за чистење од тука е и мислењето. Фала што ме исправи
https://www.okaidi.com.mk/podloga-za-presoblekuvanje/257765-podloga-za-presoblekuvanje a вакво нешто слично да не сте нашле?
Иии уште нешто, колку пакетчиња памперс премиум 1 би ми требале за на почеток? Гледам дека се од 2-5, значи 4 да си земам од по 50 парчиња, нема да е премногу, нели?
Ќе си земеш едно да имаш, а потоа ако одговара на бебе, не му се јавува осип, црвенило, во зависност и колку ќе трошите, како ќе напредува бебе ќе си докупуваш.
Нема потреба толку многу, како што ти пишала погоре и друга мајка.. ние на пример користевме мн кратко број 1 памперс, бебко се роди поголем и брзи преминавме на 2ка. Немаш потреба од толку залихи, сега барем се е достапно скоро во секој маркет и аптека.