И дали знаете каде да најдам добар термос да ја држи водата топла барем 2-3 саати. Не верувам дека на клиника брзо ќе завршиме, а детево кога е гладно се дере мислиш го колат, така да ептен ќе ми треба.
и моево бебе има големи прозорци на будност… прв пат имаше на 21деб се сеќавам зошто имавме закано нешто тогаш. Седеше буден 5ипол саати и така си продолжи до денес да има големи прозорци на будност. 2месеци и 1недела е. Матичната ми вика со сила бебе нит можеш да нараниш нит да успиеш. Он ќе си надокнади. Ако ти се случува пример да седи будно 3ч па да спие исто толку значи како напето прави. Пробував во тивло, темно, бел шум, нишкање, галкање, цице-и не он кога не сака не спие. Ккога сака и во дневна сред мусбет со некој кога сум си заспива.
Феминки, дали знаете какви се тие предавања на клиника за труднициве во 9ти месец и како оди оријавувањето, кај се случуваат?
Јас одев на тие. На ФБ страната на ГАК има број за да се пријавиш. Предавањата беа јас кога одев секоја среда во 17:00 часот, пет пати со ред. Сите предавања се различни. Со акушерките, со анестезиолог, со педијатар. Во глобала те спремаат за породување. Што треба да правиш, како да знаеш кога да одиш на клиника, како да дишеш, што да понесеш со себе, каков тип на анестезија можеш да добиеш.
Да, и нас исто ни кажаа во Ремедика уште на раѓање. Бевме на нефролог се беше ок. Мене како што ми објаснија е дека 1 % од децата со трета брадавица (како што кажа дури и невидлива за наши очи) развивале некој нефролошки проблем па ова е како скрининг. Се ќе биде во ред ќе видиш, во секој случај е добро да се направи нефролошки преглед барем еднаш за било што. Ние правевме во Ремедика. Сега сме скоро 2 години и ништо не се познава веќе ни доктор не може да го види.
Istooo znaci ke se ubijam sto se ne probav, e sea primetiv deka posle banjanje pomirno zaspiva, ke zemam tri pati na den ke ja banjam ))bese budna od 18 do 22h , zaspa vrz mene, strav mi bese da se pomestam da ne ja razbudam
мислам ќе се среди тоа…. Бар така викаат и јсс некогаш кога ептен се мачел не можел да заспие си го оставам на мене да поспие. Некогаш да подзаспие цврсто и го оставам во гнездо. Сега е веќе потежок стварно не можам постојано во раце. Ќе си видиш кога како ќе проценуваш ситуација. Инаку нашиов и после бањање дреме со очи џамлии по 3саати кај над дега за сега спие експресно само во кола и во количка
Ние користиме Philips Avent проток 1 и 2 за шише и Bibs цуцла мојата само прифати, а имав 5-6 различни пробано..
Здраво мамички, Ми треба помош и искуство од вас. На 2 месеци дали заедно се примаат шестовалентната вакцина и ротата? Дали задолжително се прави крвна слика ? Сајд ефекти по вакцината? Ви благодарам однапред ❤️
Мојата во четвртокот примаше рота со пиење, пнеумокока со боцкање и уште едно боцкање со останатите не знам кои се точно. Крвна слика нас педијатарот ни рече да ја направиме и во пунктот ми ја побараа. Не знам од која општина сте некаде им прават кс на лице место па ги вакцинираат. Јас и направив ден претходно да не и дојде многу боцкање во еден ден. Спреми се психички многу плачат на боцкањето. Дента на вакцинирањето беше поспана, плачлива и кенкава. Имаше грчеви и пролив три дена. Толку. Треба да пазиш само од пелената да не фатиш ти рота, мада од тоа што прочитав ретко кој родител се заразил, а тој што се заразил имал течна столица еден ден.
Мајки здраво барав каде во која група да прашам не се снајдов па затоа тука да прашам,дали знаете до колку часот може најкасно да се однесе примерок за копрокултура за бебе? Имам упат ама како да направам како да истемпирам незз како да го изведам во рок од колку часа максимум се носи примерокот? И се чекаат резултатите колку време? Упатот е мислам за центар за јавно здравје
Мајки 5 недели сме, давам д3+к1 и омега од Babytol. Бебушко има проблем со мешето од омегата. Дали ако сменам од друга фирма може да има разлика или едноставно таа е реакцијата на омега?
И јас давам од нив ама на мојов не му сметаат. На некој бебиња смета и тоа многу, читам по нет доста мајки се жалат од нив. Пробај смени може од други да има разлика т.е да го нема тој проблем, бар ќе знаеш кој да продолжиш да му даваш.
Кај некои деца омега реагира со млекото им прави грчеви. Кај мојата беше така краток период и имаше период кога не и го давав секој ден. Сега е ок, може се навикна стомачето не знам и ги давам тие од бејби тол секој ден. Инаку имаат пишувано во групава дека бебињата и реагираат на Омега. Пробај со друга фирма ако не е подобро тоа е.