1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    4.200
    Пол:
    Женски
    Мајки од кога почнавте со tummy time кај бебе и по колку време? Моево сега наполни еден месец и педијатарот ни рече да го оставаме така колку може повеќе, ама кога ќе го оставам почнува да плаче, се буни дека главчето му паѓа. Го оставам некоја минута така си плаче ама ако е подолгомод една минута страшно се нервира се вцрвенува, па морам да го земам. Нормално е вака на почеток?
     
    Последна измена: 3 март 2026 во 11:22
  2. kekberg

    kekberg Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Кај моето реакцијата е како да има грчеви, се мачи да се покака и не може да спие,се буди. Таква е одкако ќе и дадам омега. Затоа мислам дека е реакција на омегата.
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anastasia579

    Anastasia579 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Нормално е тоа, и мојот се лутеше и се вцрвенуваше, ама сега е веќе 2 и пол месеци и си лежи по неколку минути без проблем со главчето горе. Секој ден по минута, две..и ќе се навикни.
    Јас го ставам пред да го хранам, таман ќе се налути и го земам со млеко да го смирам :)
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    6.344
    Пол:
    Женски
    Јас го ставам откако му падна пупачето. Прво по минута две, плачел не плачел. Па постепено подолго.
    Оставај го минута минута по неколку пати на ден.
    Ставај му играчки, слики црно бели во контрасни бои.
    Мојот кога уште не ја држеше главата баш ќе си ја свртеше на страна и ќе си легнеше и така додека не го свртам.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу ❤️
    Дали ти чекаше да има полни 10 недели за вакцината? Денес го однесов и ми рекоа дека треба барем 10 недели да има, искрено се изненадив...