Кај мене имаше проблем од д3+к1 кога го прекинав се смири одма. Сигурна си дека од омега се појаки грчевите?
Најубаво сврти го накај тебе и да легне на гради. Така ќе те гледа, ќе има занимација барем на кратко, и верувам повеќе ќе сака отколку на под или кревет. Секако почни веќе неколку пати во денот колку може бебче толку.
Хахахах сбе ме изнасмеа чекај сеа уживај спиј си раат со сврзани 2-3ч иде 4ти и 5ти скок ќе биде будење мн често. Чисто да не се фрустрираш мојава е 8ипол месеци стснува на 2-3ч мноооооогу се ретки тие што преспиваат ноќ до година повеќето на адаптирано од другаркиве повеќето примери. Ние што доиме малце ќе де помачиме ама што ни е работа друго навечер од мн спиење нема арно
Може ли препорака за адаптирано млеко во помала грамажа или кесички ако постои? Има ли аптамил може и од Германија да ми донесат ако нема кај нас? Му даваат понекогаш кога излегувам од дома јас, многу фрлам од оваа пакување зошто има краток рок
Дали е нормално од нигде никаде да почне бебе да не сака да јаде? Пие максимум по 100 мл, а е само на адаптирано млеко и веќе има полни 3 месеци, претходно и 150 да и дадев мислам дека ќе го испиеше за секунда, на два саати ми бараше да јаде, а сега се молиме до 120 да стигне, ама не сака. Почесто ми блуцка, се витка, се мачи. И се исфрлаа и образите не знам од што. Плус што и се спие, црвена во очите, а се дере плаче, се витка, не сака да заспие.
Тука негде сме со возраста, мојов неќе ни 120 да испи. Вака пие од 70 до 90мл, само навечер пие повеќе до 110мл. Битно да си качува на килажа и да има мокри пелени. Си знаат они колку им е доволно. Ние имаме малку проблем со спиењето. Претходно сам се заспиваше сега или ја да сум легната до него ептен или во раце. Изгледа влеговме во 4ти скок. Кој сака нека честита
Леле спиењето строго во раце. Едно време сакаше во слинг марама така ми беше полесно сега ни тоа нејќе. Строго во раце.
Јас со поголемата го имав тој проблем- на 3 месеци почна да одбива млеко, само во спиење пиеше! Почна да паѓа на килажа - и потоа совет од педијатар на 4 месеци (без некој ден) почнав да воведувам цврста храна..и за брзо имавме оброци - бебето беше заинтересирано за лажица. Таков беше кај нас случајот.
Мојов ќе го оставев на кревет и сам ќе си заспиеше, сега веќе не. И до пред некој ден ќе си лежеше на кревет ќе му ставев црно бели слики ќе си гледа ќе си кути ја раат, можев и кафе да испијам и ручек и да исчистам. Сега како расте сака во раце чоекот да разгледува. Ама се тешам дека кога го зимам во раце брзо заспива и без проблем продолжува кога ќе го спуштам во креветче. Ја користам аптамил комфорт од 400гр како во конзерви/лименки. Помали немам видено.
За тие што имате бебиња со рефлукс,дали и кога почнавте со кашички на почеток ви ги повраќаа? Ние почнавме со вкусови,скоро 5 месеци е. Ама моето е лакомо и сака повеќе да изеде и после ја повраќа кашичката. Млеко пие само по 100 мл од истата причина што е лаком и после повраќа. Ако може да ми кажете искуство,по колку да давам храна? И дали некогаш се надминува ова рефлуксов ? :/
Провери, Хипп и Холле имаат ready to feed веќе спремни шишенца по 200мл, ама од некои формули само, не се сите, може ќе најдеш таа што ти треба. Јас тука можам да нарачам онлајн, би требало во Германија да ги има. За јадење нема гајле мојов, да не го урочам, дури и по 180мл пие понекогаш... туку почна претерано рацете во уста да ги става, баш си ги цуца ако не ги му ги тргнам. А цуцла му давам не сака, не е ни гладен.. Претпоставувам дека му е сега интересно, ново и ќе помине за брзо?