Охх да се барем 2-3 часа. Моево после 5 ти скок станува на саат ипол како аларм да има. Спие со нас на кревет, само малку цицнува или ме гали за лицето и пак си заспива ама мене сонот ми го крши. Се надевам брзо ќе помине
Некој да ме просветли со скоковите во развој? Барав на интернет и најдов некои табели според недели ама не сум сигурна дали е тоа тоа зашто никаде не ги пишува баш така (петти, шести скок итн) туку само дека има некаков скок и колку трае отприлика.
Мојата дури и доаѓа нагон за повраќање од што ги пика рацете во уста и цело време е жива вода мокра а не трпи лигавче. Колку што знам така почнуваат да си го осознаваат телото и плус така учеле да си го смируваат нервниот систем барем така прочитав.
Тешко дека наскоро само од себе ќе помине тоа често станување ако цицнува и бара контакт. Еве 11м е мојава уште прави така. Не те утешив знам ама да не си чекаш само од себе да престане до недоглед…
До сега мн не ми сметаше, ама од нареден месец се враќам на работа и мислам дека многу ќе ми биде тешко. Ако има некој совет нека кажува
Некаде пишува дека се брои од due date некаде од терминот на раѓање… ние сме сега 11та недела почнати и ако гледам по раѓање веќе треба трети скок да е. Минатиот ми се поклопи сега не. Чисто читам од разонода. Се е тоа развој на бебето нема потреба толку да се оптоваруваме. Има бебиња што си плачат па си плачат, има спијачи има неспијачи, јадачи и нејадачи.
Да, кај мојата продолжи бљуцкање, повраќање. Скоро цел месец помина откако почнавме со кашички. Утре е на педијатар ќе видам што совет ќе даде докторот и ако сакаш ќе ти кажам.
И мојата исто цицнува малку и се врти на деугата страна сама си става цуце и продолжува. Јас се помирив, ќе издржам сакам да ја дојам уште 5-7месеци максимум и ќе завршиме и со тоа
Кај мене преку ден си заспива со цуцла и си тера две убави дремки ама навечер не ја сака,исклучиво цице. Еве веќе некое време престанав да го успивам со доење, кога се буди секој пат пробувам прво со цуцла да презаспие ама не бива и само што ќе му дадам цице се смирува и си заспива
По кои параметри се водите за накачувања килажа, 20 до 30 на ден, или 25 до 35? Различно ми кажуваат педијатриве.
Мојава е заљубена во цуцлата не знам како ќе ја откажеме со нејзе е за спиење цело време а и падне се буди се врти
Мојата не се буди затоа што јас и ја вадам кога ќе заспие, ама нема шанси да заспие без неа. Пробувам веќе неколку пати и плаче, вришти. А се канам да ја одбијам зашто се плашам да не биде потешко подоцна, од друга страна си викам можеби ќе е полесно зашто поголема па ќе разбира. Гуднајт и други слични специјалисти викаат или пред 9 месеци или после 2ипол години. Не се плашам што ја користи од ортодонтски аспект, затоа што буквално само заспива со неа, ама се плашам како ќе се одвикне
Кај кого сте вие? Баш размислувавме ептен каде да се запишеме, сакавме да одбереме некој што ќе ја води низ цело детство, да ја познава и да се потпреме на него/неа. Не сакам да мењам сто доктори, сакам долгогодишна соработка.
Што да кажам ќе згрешам… ама па кој останал со цуцла, ќе се одвикнат како сите така и нашите и мојата е само за спиење пробувам да и ја извадам ама плаче мојата се буди одма можда треба покасно да пробам кога ќе уцврсти сон
Девојки бебе е 4 месеци, почна да се врти сакам да му купам вреќа за спиење затоа што ми е страв покриен. Совет каква да купам дали истата можам на пролет и на лето да ја користам или на лето ќе му е претопло?
За летно време ако ви е топло, само боди доволно им е. Според температурата дома, ќе бираш дебелина ма вреќичката.