А нормално е да не сака воопшто цуцла? Пробувавме да му дадеме многу пати кога ќе плаче за да се смири малку ама не сака и не сака. Му ја ставам и после неколку секунди кога ќе сфати дека нема млекце ја плука Не знам дали тоа што не ја сака е добро или лошо
Зошто да не е нормално? Многу бебиња не сакаат особено доените. Еве и ќерка ми не сакаше, само првиот месец по малку прифаќаше после почна да одбива. Лошо е дека ете првата година ако цица ти може ќе си цуцлата хах ама добро е што немаш мака за да се одвикне.
Јас сум цуцлата моментално и знае да си заспие често така. Некогаш кога ќе плаче му давам да поцица неколку минути дури и да не е гладен и се смирува. Па си реков ај да си олеснам со цуцла барем преку ноќ ама тешко изгледа а може и подобро зашто после ќе има плачење за одвикнување.
Нормално. Еве ме , година ипол е, се одвикнуваме полека. Почнав со тоа што не и ја давам во градинка. Чекам викенд да сум дома и да издржам и за спиење да не ја давам. Другарка две деца имаше. Едното едвај на две ипол години ја отфрли, другото каква не цуцла земаа, несакаше. А двете па на АД и беа и шише.
Првото беше профи цуцлар од прв ден практично, до 2 ипол цуцаше, ама веќе требаше да збори а не да цуца, забите малку исто му забегаа нанадвор (кога ја тргнав се вратија во нормала), ја тргнавме тогаш ама изненадувачки лесно и без плачки. А второво не цуцаше асално ја плукаше брзо на почеток ама му давав цуцла, дури на 4 месеци се научи да цуца убаво. Добро е според мене за смирување, ама да не се забега со користење како јас со првото. Ова се смирува со нејзе и брзо ја плука. Секое бебенце си е различно, ќе си се смирува со време и на друг начин.
Ќерка ми ја доев и користеше цуцла до 4 месеци, одеднаш сама почна да ја одбива, и се згади и толку, ја откажа. Е сеа ја што и служев како цуцла тоа беше друго ама раат, бар немав проблем како поголема да ја одвикнувам, едно гајле помалку. Не знам колкаво е бебенцето, ама има бебиња па и не сакаат цуцли, што и не е така лошо
Моево не дака, 2ипол месеци е. Пробав 3форми ниедна не прими. Ќе цуцне малце и ја плука… прееееретко се случува да ја прифати.
Нормално е, мојот не засака цуцла никаква па се откажав. Колку што сакав да фати толку и не сакав, да фатеше до година максимум и би му ја тргнала. Мојот ќе прави годинка наскоро и си викам подобро што не фати, кој ќе го одбиваше сега и од неа . Од искуство ти кажувам дека се може и без цуцла.
Тие што ви сакаат само во раце бебињата, со првото а еве и со второво малце спас има кога ќе почнат да се превртуваат. Претходно на подлога се забиваше со главата во под и се нервираше, сега научи да се врти и од грб на стомак и обратно (се имаше свртено и многу порано, ама не редовно), се рола низ цела соба, искача од подлога , ама интересно му е конечно и можам да го оставам малку да се занимава. Сега знае и да писне ама полека ќе се навикне дека местото му е на земја. Ама лошо звучи ова. За да вежба де, не цело време.
Ви се случувало ли бебето да се разбуди од спиење со врискање и плачење? Ама баш силни врескање…. И не се смирува на града у тој момент
Скоро секој ден, од раѓање.. и навечер така знае да се разбуди и денски, ама чим ја гушнам се смирува.
Мојата почна сега така дење на некоја дремка да ми прави. Плаче неколку секунди и престанува и пак ќе почне да плаче, па престанува и така додека да заспие добро.
Поголемата така правеше, грчеви имаше многу. Нежно дункање во раце, топло на меше, на гради да спие сакаше..тоа ни помагаше
па не знам…. Така баш исправен плаче во тие моменти, не се вцрвенува, витка стега како кога прднува и кака… и така ќе го земам на мене го гушкам и се смирува …
Здраво на сите случајно некој да не знае каде би можела да најдам шпиц со додаток за испирање на нос никаде не успеав по аптекиве а хитно ми е Фала однапред