Кога ја заприметувате додека спие ? ај кога ке стане после 15 мин приметете дали отокот се намалува или останува ист ? и Уште нешто за да видиш дали и солзи окцето додека е будна и си играте загледај се во аголот на окцето кон носот ама убаво дали има малечко како изворче можеби и минијатурно или можеби како бело секретче да се создава постојано зашто не мора да и истекуваат солзи за да и солзи окцето кај мојата кога се намалуваше солзењето окцето беше чисто ама тоа се заприметуваше во аголот кога и тоа исчезна исчезнаа и гурелките
Кога е будна се примеќа, кога спие не. Солзењето беше на андворешната страна, не кај носето. Сега кај носетето се собираат гурелки, но не нешто многу по една две дневно.
ние не сме го имале овај проблем ама имам слушнато дека можи и со физикален раствор на памуче да се чистат очињата
Може ама на газичка памукчето може да остави влакненца јас чистев со газичка ама ба многу тврди па потоа со едно платнени марамчиња што ги вриев
ставај и капче за спиење и ја симав таков проблем со камилица го поминував окцето и капче и ставав и ден денес со капа спие посто немаат мн.коса на главата и ладничко им е позз
таман работа да качуваат секој месец до годината по кило , па сега ке неможам да ја дигнам ќерками Во првите месеци повеќе качуваат на килажа нормално е од 800 до 1кг Моево си качуваше по 900 гр до 1 кило првите 2- 3 месеци Порано повеќе гледав на тоа колку грама качила на месец , сега не толку гледам да е најадена , напиена Колку јаде јаде , не ја терам на сила , некогаш знае цела порција да ја изеде некогаш пола и така .. млеко уште пие навечер пие по 150мл пред спиење
На ова морав да реплицирам - ај пресметај која килажа ќе ја има бебето на годинка ако качува по 1200г месечно? Ќе има минимум 15 кг, тежина што ја немаат ни деца на две години. И ќе биде дебело дете, што ќе мора да биде на диета. Ве молам, не би сакала да ширите дезинформации, некој ќе сфати погрешно и ќе се нервира што детето наводно, според овие информации, не му напредува по кг месечно, а напредува по 800г, што е супер тежина. Ова не го лупам од ракав, кажано ми е од педијатар неонатолог (специјалист за деца и бебиња кој го прави првиот преглед на новороденото веднаш по раѓање) - просекот за поправање во првите три месеци после раѓањето е 600-800г месечно, максимум кг. После тоа, нема да се поправа толку, ќе качува максимум до 500г, некогаш до 200г и тоа не е ништо страшно, се додека на ПЕТ месеци е дуплирана родилната тежина, а на ГОДИНА триплирана. Значи, ако бебе се роди 3кг, на годинка треба да има 9кг. Во право е докторката што скратила оброк на детето, многу е 1700г месечно, премногу. Дебелината си носи последици и кај бебињата, исто како и кај возрасните. Не гледајте бабите што велат децата да се буцки, не е здраво тоа. Точно е дека кога ќе станат поактивни, нема да се поправаат толку, ама што ако им остане дебелината? Лично познавам неколку дечиња што на три, четири, пет години се дебели, а што ќе стане со нив понатаму? Во таа прва година од животот се стекнуваат навиките - научете ги правилно да јадат, во одредени временски интервали и без прејадување. Имам и претходно спомнато, сега само ќе допишам - КАМИЛИЦА за чистење очи кај деца НЕ!!! И патронажни сестри и педијатри и општи лекари истово го кажале - најдобро е чистење само со чиста топла вода и со газичка, а капки ако има потреба. Толку. Камилицата има ситни парчиња (колку и да е процедена) што може дополнително да го изиритираат окото.
Се согласувам целосно со Анатх, само да додадам во однос на цитираното - Научете да прифаќате НЕ од децата, тие најдобро знаат колку и кога сакаат. Не секогаш исто јадат (впрочем како и нас), и не секогаш го сакаат баш тоа што вие го нудите во моментот. Кога ќе му направите еден здрав и пријатен однос кон храната - така ќе се однесуваат кон неа цел живот
Во државна болница на сите бебиња што имаат инфекции на очите или ушите им ставаат Цитерал капки, само за ова најубаво е да се консултира педијатар, ништо на своја рака да не се дава.
Приметувам како млекото полека да се намалува, не се полнат градиве како порано и на мисла сум да почнам и АД да додавам, да не не му е доста само моето. Ова особено ќе ми биде тешко навечер затоа што вадиме запчиња (имаме 1-но и уште едно е готово да излезе ) и ноќе ми се буди на секој час кенка и приплакува, некогаш се смирува со цице, а некогаш само со цуцла. А стандард во 3ч. ноќе цицаме, овој подој никако не можам да го укинам Се` уште не сум одлучила кое ќе биде (Атпамил или НАН-едно од нив), ме интересира дали да биде Аптамил1/НАН1 или па 2-ка бидејќи имам веќе полни 6 месеци, наредната недела веќе полниме 7. За ќерка ми користев Хипп1 уште во 4-от месец како дохрана, па преминав од 6-ти месец со Хипп2, а сега како?
Лолита, јас само дадов ориентационо како да се замени. Мојов стануваше во 6, тогаш цицаше, затоа јас во 9 му давав овошје. Зависи од детето, какви навики има за спиење. Инаку, јас мислам дека не мора да земаш ад млеко, без разлика што градите не ти се полни, ти си имаш млеко, детето сега побрзо цица, за пократко време се заситува, има баланс помеѓу понудата и побарувачката (леле, како звучеше ова ). Ако плаче после цицањето, може навистина да немаш млеко. Инаку, ако почнуваш, ќе си почнеш со двојката од било кое млеко што сакаш да му го дадеш. Мислам дека може НАН да земеш, немам искуство јас со него.
Со полни 6 месеци се и Аптамил2 и НАН2 За дубак и нас ни кажаа да не користиме, посебно не за одење, може само статичен, најмногу 15мин. Утре сме на контрола па повторно ќе препрашам и ќе ви пишам.
Лолота од 6 месеци се дава 2ка и мислам дека ова е за сите АД млека. Јас во кенгур ја ставив керка ми пред 1 месец и се на се до сега сме го искористиле 3-4пати и тоа мм ја носел зошто јас не можам сеуште емам проблеми со кичмата. Во дубак би ја ставила после 5 па и повеќе месеци , зависи како ќе проценам, сега за сега не ми е многу стабилна иако сама си го држи главчет, станѕва ако ја фатиш за раце сама се дига, и на нозе стои .. ова докторката ја проверуваше, јас не би се осмелила
Тежина дуплирана на пол година важи за доносени здрави деца кај недоносените тежината се дуплира на 3,5 месеци се триплира на полни 6 и четворострукосе зголемува на 1 година . Тоа значи ако едно недносено се роди 2 кг на 1 година ќе има 8 приближно колку неговите врсници а ако е помало ни толку па се толерира поголемо зголемување . На куматамоја второто детенеце е родено 32 г.н само 800 гр па на година имаше околу 7-8 кила и тоа не четворострука тежина туку мн повеќе Пепита ијас сега чекам на 4 саати да и дадам да јаде прегладнува и од вчера до денес ослабнала 100 грама утре пак ќе се мериме и треа даи јавиме на докторката што сме напраиле
Unique зошто страв, јас постојано ја кревам за рачињата и и давам демек да стои на ноџиња, но внимавам многу за да не и направам нешто не дај Боже да и го истегнам рачето. Колку е само среќна во тие моменти
и јас син ми на таа возраст го кревав за рачиња и стоеше на ноџиња. само да го гибнев за раце ко некое желче со главчето се исправаше. и да меу исто и син ми беше пресреќен. јас за тоа ич не се плашев
Истото и мене ми кажа ортопедот за дубак. Инаку сега проверив во радосницата на ќерка ми, неа сум ја ставила во дубак на 7 и пол месеци, но оној движечкиот, шибаше дете по паркет , па еве ја ништо не и` фали, супер си е, баш сега од школо ги носеа на систематски. И за малиов ќе користам дубак, но само ако ептен имам потреба да го оставам, значи на кратко, некои 15-на мин., ама ќе видам кога. Следниот преглед ни е кога ќе има полни 10 месеци, а дотогаш сигурно ќе го ставам во дубалце без да се комсултирам со ортопед. Сега по ново ниеден ортопед не одобрува дубак.
ни ортопед ни педијатар одобруваат ама се практични за да одморат мајките. сега на полни 9 на контрола педијатарот ни рече да го избегаваме бидејќи си патка нормално а и сака. а и кога ќе го видам како ги влечи нозете или се движи само со едната некако не ми се прави ќефот и одма го вадам. и ние последно многу малку го користиме ако се бери 1 сат дневно. повеќе сме на паткање и седење на земја со надеж дека се се пушти да лази.
Јас не кажувам за недоносени деца, кај нив важат други правила, тие имаат корегирана возраст ако не грешам, и за нив поинаку се пресметува, а овде стануваше збор за доносени, значи деца родени во термин. Што значи дека кг и 200г месечно е премногу добивање на тежина за едно доносено бебе кое се родило со 3кг.
Да бевме на ехо, го гледаше ортопед, професорка на факултет (стара школа ) е исто така и ни кажа дека кукчињата му се во ред и уште два ипол месеци да ставаме и пак на контрола, што значи ќе има скоро 6 месеци кога ќе одиме следниот пат. А нас педијатар ни кажа дека 8 саати ноќе е доволно да се става широк повој, а преку ден да се вади и се става од 3 до 6 месеци. Ама маж ми дека така рекла ортопетката мора да се ставало, тие биле доктори и најдобро знаеле и ако ме види дека му го вадам преку ден ме кара Инаку и јас мислам дека е многу посебно за машко дете и дефинитивно следниот пат ќе отидам кај друг ортопед. За кенгурот ми го донесе сестрата на маж ми од Америка - Инфантино се вика, и пишува дека може од првиот месец, од 3 ипол кила до 11 кила. Ако почекам уште малку нема да можам да го носам, он е сега 7 кила. А за дубаче не знам што ќе правам, сите деца израснале со него, може ќе земам таков како што вика AngelOfArh на Чико.