Да да, мене од памет ме вади мислам дека срцев удар ќе добијам некој ден како почнува одеднаш многу гласно врискање, како да се исплашила нешто во сон
Same here. Значи не знам што е работата скроз иста ситуација. Ние за скоро полниме 3 месеци. 100мл. максимум да се пиело. Ама еве ве читам, значи нормална работа е. Ваљда некоја промена околу и во 3ти месец.
Раце во уста е нормална работа, прво сензорно искуство. Не му ги вади и остави го да истражува, тоа е предуслов за развој очи - уста координација и наскоро за фаќање предмети со раце и саморегулација.
Бела брзо делувачки бронходилататор е, го даваат кај бебиња ама незнам дали од толку мала возраст, освен ако не е во болница под надзор?
Има некои чести несакани ефекти, ама прави и некоои посериозни . Може е добро уште едно мислење. Мн е мало бебето.
Што им правите на бебињата кога неќат ни да лежат ни во раце и цело време ќенкаат? Неќе ни да спие ни до раце да се носи ни да лежи ни да го занимавам. Веќе пукнав не знам што да му правам. Дај те некој совет идеа
Кај мене едно време помагаа чучњеви. Така се потсмируваше и аспиратор пуштам ама секако само во раце. Мојата и само спие во раце. Зглобовите ме болат. Очај ме фаќа веќе. Викам побрзо да пројде периодов ама па ја гледам колку брзо расте па ми е жал дека за брзо нема да е бебе
Купив еден релаксатор кај што е полу исправена го има во frisbee во Бутел 850 денари во платив. Најдобро потрошени пари до сега. Ја седнувам таму пуштам музика и играм како удрена, а она седи и ме гледа. Ама барем во раце не ја држам. Истиот ама сигурно далеку подобар го има во oxymammi ама многу пари ми беше а не знаев дали Ѕверхунде ќе сака да седи во него
Поголемово дете ич неќеше во релаксатор. Неколку пати само по 10мин макс седела. И сеа не ми се даваа пари за џабе ако неќе ни ова да седи, ама ќе купам еден па ако не ќе го подарам на некоја другарка.
После вакцина стававте само борива вода или и антипиреа? Во јане рекоа само борова да ставаме дека е диволно