Епа да, тоа прашувам. Поголемата има атопична кожа па ги користам нив. Ваљда треба нешто понежно да земам. Хипп на пример?
Јас земав веледа за малово, хип користам за големиот откако пркна, супер е.. Ама малово осетлива кожа покажа, рапави делови и лупење, па земав еуцерин за следно за осетлива и сува кожа..
Женски јас сум недела дена со вртоглавица, баш не можам да стојам мислам Ќе паднам у секоја секунда. Главоболки имам чт пат и ко притисок во глава. Исто така грбов вратот мн ме болат од што цица често и е во раце исто мн време од денот… Ви се случувало ли вака? Баш ме плаши вртоглавицата. Притисокот ми е ок, крвна слика исто ок
Јас почнав со нив и тераме еве од сам старт Така ми препорача една сестра во Ремедика дека таму тоа користеле и тоа купив
Јас имам вртоглавици понекогаш. Особено навечер кога морам брзо да станам. Мене дека го носам во левата рака кога правам нешто низ дома, ме боли колкот лев, накај позади ми се шири болката кон почеток на кичмата. Грбов ми е здрвен, ужас. Со првото дете на 25 години стварно ништо не ми беше, ама ќе истприме уште малце. Сега и да одиш на лекар пример ќе ти речат се ти е од тежината, а најверојатно и е така. Јас главоболки немам, уште со тоа, алал да ти е како функционираш. Ќе помине ајде уште некој месец.
Од вратот ти е, прави малку јога дома за грбот и вратот, или мачкај го вратот со нешто да се олабави вкочанетоста
Што правите за оние гурелки во очињата? Ги вадам со газичка и превриена вода, ама нонстоп се прават нови. Има нешто капки да купам, или?
друагрка баш ми спомна нешто дека каналчињата им се потесни затоа се случува, прочитај. Кај мали бебиња е нормално е да се прават.