И мојата се нервира. Сум ја оставала се дере вришти. Јас и давам топло чајче одма престанува. Ама ептен малку 10 мл колку да престане да ика
Исто и моето многу се нервира. Го занимавам со нешто што му е интересно за да не се нервира и по време поминува.
Од вратот ти е, во таа положба си периодов повеќе време, дека бебе цица..и мене исто ми се случува. Од време на време се устегнувам, се масирам, мачкам некоја крема и тоа е тоа.. треба вежбање дефинитивно, од положбата ни е.
Тие што давате адаптирано млеко,дали кога воведовте доручек ,тргнавте едно млеко веднаш,или само го поместивте времето за млеко?
Од кога е вака убаво времево , пола ден сум со малата во двор . Дали да мачкам спф фактор на лице додека сме во двор ?
Ние сме 12 полни недели. Се случува сега почесто да поврати од адаптираното после секое или 1-2 во ден. Поточно да излезе мала количина надвор од устата. Не секогаш е со ждригање, знае и до 1 час после јадење. Кога е подоцна има текстура на удра. Не е преголема количина, но се ежам многу кога гледам и се опседнав некако. Се случувало ли така и кај вас?
Леле и јас со истово се оптеретив и после излезе дека е нормално. Кај нас престана сега скоро 3 ипол месеци е. Иначе ми бљуцкаше после секое јадење по малку, а покасно исто така како урда, па ме убедуваа дека требало вода да и дадам затоа бљуцкала урда, не дадов вода. Не се секирај ќе престане. Јас едно време мислев и дека не ја држам како што треба па бљуцка ама не е тоа.
да, 2м и 3недели е само на мајчино млеко и бљуцка често. Кога е сварено е како урда кога е побрзо ба млекото го враќа
Доручек менува едно шише, менува оброк. Многу ќе биде и доручек и шише да дадеш кратко потоа. Шишето го даваш како следен оброк
Колку време им траеја дневните дремки на вашите бебиња на 2 месеци? Моево до сега си спиеше по 1 час или 1,5 час, сега одвај по пола час и цел ден е нервозно..
Една дремка мора да има подолга, барем кај моево беше така. Ако го оставев доле на кревет немаше ич да спие, во раце го држев (држам) зошто не се трпеше нервозен кога е. Бљуцка цееел ден по повеќе пати. Кажав на докторот вика сите имаат мал рефлукс, напредуваше добро и тука остана муабетот.
Не бре каква вода. Додека не се воведе цврста храна, т.е. кашички не се спремни ни за вода. Вода има во мајчино и во адаптирано млеко. Мислам дека до толку сум опседната што и поради тоа се случува често. На секое хранење чекам да излезе нешто. Што ти може мајка да направи сценарио во глава, не можат 300 режисери.
Во втор месец бевме различно, имаше недели со 30мин или 45мин дремки, а и недели со 2-3 часа. Морам да напоменам дека ние бевме нон стоп во марама. Скоро цел трети месец сме со 30мин дремки и најмногу 60мин будни. Стани, легни од сабајле до вечер, во круг. Како што читам статии по Интернет, сосема нормално. Јас си викам трпение - спасение, ќе помине и тоа па ќе се стабилизира спиењето.
и ние бевме така, будност еден час а дремки 1,1-5 час. сега нешто почна да менува и се познава дека е нервозна и ненаспана а тешко останува заспана повеќе од пола час тоа е ќе издржиме
Саат ипол кога ќе врзеше без да ја презаспивам мислев да не не е нешто добра. До денес спие по максимум 45 минути и тоа исклучиво во раце. Саат ми е премија. Саат ипол ако ја презаспијам со нишање ама не ми успева секогаш. Ќе се навикнеш Ќе менува ептен ќе се смири, ќе станува нервозно, ќе спие па нема да спие, ќе заспива лесно, па ќе ти извади душа ќе нишкаш 40 минути и ќе се разбуди за 15.
секакви дремки има 20/30/40/60 мин ретко повеќе не се ни замарам важно да си поспива. Сам ќе си надокнади со сила не можеш да тераш бебе да спие бар така вика мојот матичен
Она и не трпи сонце . Како вампирче е Седам на тараса , а она во количка е . Чисто ме интересира за спф?