Па зависни се од екрани пошто на 90% од родителите полесно им е дај телефон пушти телевизија а они скролаат инста и тик ток. И на поголемава и пуштав тв од роџење, ама поголемиот дел од денот правевме нешто, игравме игри, читавме книги, занимации и ретко се загледуваше во тв. И денес тв мора да се пуштени цртани а она сосема друго си прави си игра или е во нејзина соба. Еве ја 5 години има таблетот и е во соба да си го земе кога сака ама вика мама досаден ми е таблетот па си се заигрува. Иначе има на јутјуб видеа со детски песни ама црн екран баш ради тоа да не гледа дете во тв.
Мајки, ми треба совет. Бебево има гурелки на очињата, особено на едното, со доста жолт секрет, една ноќ и и' се залепи окцето. Го чистиме со газичка и превриена вода, и масиркаме кај коренот на окото да пушти солзниот канал, плус тобрекс капки. Ама више се зацрвени коренот на окото од толку чистење. Што друго може да се преземе?
Да да секако, јас како мајка воопшто не сакам да критикувам други мајки како си одлучуваат за своите деца, но сакам да кажам дека не е толку страшно.. да немаат грижа на совест ако одлучат да пуштат.. инаку секоја мајка најдобро си знае за своето дете и сите избори ги почитувам нормалнл
Јас ради такви случаи не сакам многу да пуштам. На мм братучед ја прашува ќерката 4год дали може да смени на тв. Ама кога имате дете што се го интересира само по 5 мин и кога сте вие во соба по цел ден и само што ќе ве погледне вришти по вас или се тегне по вас за во раце, ќе пуштите 2-3 песнички да го занимаваат за да отидете до вц или една голтка кафе да се напиете. Тоа е единствено нешто што му држи внимание подолго од 5 мин. Си игра во меѓувреме со играчка и си погледнува во тв и гуга и вика и он со песните. Ама стрикно на тв дозволувам и ептен ограничено иако бабите понекогаш не слушаат и пуштаат на телефон.
Така де нема ништо да му биде ако саат два во денот погледа тв, да можеш раат кафе да испиеш, ручек да направиш, да средиш нешто. Се во граници на нормала, без претерување.
Син ми 6 години не ми дава да гледам тв се уште.. Ама ни он не гледа, само ако види некој друг дека гледа, одма му текнува дека сакал нешто. И така јас сум заложник кога е дома. На темата, бебево како мало ми личеше дека се загледува ептен, па гасев тв кога е будно, сега пуштам мои песни ама шарено нешто не му пуштам уште, мада мислам нема да го интересира. Со големиот па кога беше бебе цело време на тв вртеше бејби канал, детскион канал на мтв, не погледнуваше во тв. Кога порасна почна да гледа безвезни видеа на јутјуб, со песнички кокомелон ич не се занесувал помал. Едит: Имам примери во околина родители што им даваа на децата да буљаат цели денови во телефон/ тв, имаат проблеми со развојот, најверојатно екранизам. Ама да пуштам тв не гледам зошто не, ако приметам дека детето ми се занесува нормално нема да го оставам така.
Јас цело време имам пуштено радио на тв и стои логото од радиото, е и тоа е во боја ама барем не мрда, ќе се сврти еднаш два пати ама не му е интересно и си продолжува да игра
Toa nikako, da mu pustam na deteto da gleda televizija za jas da sedam na instagram ili tiktok.. mojot e seuste bebe ne ni moze da go ostavam sam da gleda televizija, jas mislev za dodeka go drzam vo race, go niskam, mu pokazuvam raboti pa da pogledne mahinalno vo televizor, inace deka e stetno toa 100%. Vo pravo si deka mnogu roditeli znam sto go pravat toa, ama jas licno ne sum za toa i ne bi go pravela
Јас зборувам за ситуација каде детето гледа цртани или било што друго што го интересира и за да пушти татко и што сака он ја прашува или и дава телефон. Нивните деца се 7 и 4 и двајцата имаат нивни телефони и скоро по цел ден освен кога се на школо или во градинка се на телефоните. Јас тоа не можам да го разберам. Малата уште не зборува убаво и се "лигави" кога зборува и тоа само со мајка и.
Здраво мајки Ме избудали бебево па секој совет е добредојден Има 6 недели, досега си спиеше си јадеше супер. Последнава недела наместо да наголемува со спиење тој намали од 3 на 2 сати се буди, а и пола од времето воопшто не спие седи буден, најчесто нервозен, пробувам со се никако не заспива а не сака ништо ни да прави... бара многу за јадење, немам млеко воопшто од старт сме на дохрана, јаде по минимум 90 мл на 2 сати, некогаш и 120 му се малку а 4 кила е. Се обидувам да дадам помалку пример 60 ама плаче никако не се смирува со 60. А и неделава повеќе бљуцка, го ждригнувам на сред јадење го држам по 20 минути исправен ама џабе. Бљуцкањето ме плаши ме вознемирува само се плашам да не се задави, а и нонстоп се водени кога ќе бљуцне па само сме со преслекување. Нема грчеви, си кака добра количина и боја. Му давам пробиотик Диастоп што ми го препорача педијатарот на болница после пораѓај а и на контролата ми рече продолжи со него Комплетно сум збунета досега му имав фатено ред сега испаничено правам 100 работи со надеж дека некоја ќе проработи.
здраво Моето бебе е 12недели и не памтам точно дали беше во 6недела ама менуваше така да. Како веќе поминато тој период не гледам искрено ништо лошо. За количината на адаптирано не ми звучи воопшто голема и често затоа што моево само цица па во тој период цицаше на 40мин/саат. Бљуцкањето и нас ни почна во тој период и јас се плашев од истото ама нема ништо да му се случи. Ќе го поткренеш, свртиш на страна ако се закашлува и поминува. Се прави нормални работи беебто. И ќе менува уштее. Нашите очекувања се преголеми дека новороденче ќе си има ред и ќе мора да се држи до него.
Мислам дека за таа возраст 60мл му е малку. Ние на почеток бевме на доење + дохрана (дека немав доволно млеко). И уште од втората недела ми кажаа да давам по 60мл, дека веќе желудничето му е поголемо и бара повеќе храна. И на почеток дававме 30мл, па ако ги испиеше тие додававме уште плус 30мл. И плус цицаше рачунај, повеќе од 60мл му се собираше сигурно. За таа возраст мислам 90мл е океј. Дури и за некои бебиња треба и повеќе, зборни со педијатарот за количината. Од што сум читала, некои бебиња јадат повеќе, може на твоето му треба и повеќе од 90мл на оброк, па затоа бара поначесто.
Здраво Истата приказна ја преживеав Со спиење ред нема, ако прочиташ поназад сите се жалиме. Тоа спиење по 3 саати веќе не постои, ако ти врзе саат ипол се радуваш. За занимација уште се мали, врти го на стомаче, со тропалче тропкај да те прати, а и ќе сака цело време во раце. Мојата додека не наполни 2 месеци цело време плачеше и беше само во раце, се побудалев.За јадењето и ние сме на ад од сам почеток. Цело време се расправав со педијатар дека е гладна, не ми даваа да и зголемам повеќе од 90 многу било, не знам што, а она да и дадеш и 150 ќе го лапнеше за 3 секунди. Сега е скоро 4 месеци нејќе да јаде повеќе од 100 ама бара на 2 саати и веќе не прашувам педијатар и давам како бара. За бљуцкање да не се секираш ич се додека не е во млаз е нормално. Мојата сега почна да пресконнува по некој оброк иначе после секој ми бљуцкаше. Плус мрдаат цело време се стегаат затоа и бљуцкаат. За засркнување спреми се психички кога ќе наполни 2 месеци ќе почне повеќе плунка да лачи цело време ќе се засркнува, мојава душа ни извади ама сега веќе се навикнавме, ја вртиме на страна или ја кревам малку накосено. Тек па кога ќе почне двете раце во уста да ги пика без осет, па ќе и дојде да поврати. Се е нормално.
Кенгур не сум имала. Ама релаксатор ако е пргаво дете , за брзо може да почне да се крева и да ти се џабе фрлени пари. Ова ако сакаш релаксатор на струја што е или батерии. Друга опција, ти е релаксатор каде како мрда бебето се клати, тој и сега на година ипол и го поткренав нивото и како стол клацкалка и доаѓа.
Беба е 7 недели и моментално е на дохрана + цица 2-3 пати дневно. Во примцип е многу мирно бебе дали еднаш на ден ќе заплачеше и тоа ако е ептен гладна. Се се смени кога почнаа грчеви и почна да одбива да цица, претходно на секое јадење прво цицаше па шише, сега е скоро цело време на шише дали 2-3 пати ќе цица во 24х. Е сега кога ќе се разбуди многу гладна ќе испие 90-100мл за 5 мин и после и е мака и се стврднува стомачето и нон стоп плаче. Ставам капки саб симплекс во шишето, 2-3 пати дневно, ама мислам дека не се многу од помош. За какање почна да кака само еднаш дневно и тоа некогаш морам да и ставам чепче за да и олеснам мислам дека сама не може како да и се прави запек. Инаку и давам хипп пре формула, иако после саат време пак бара да пие некогаш и ставам уште 30-40мл ако нема цицано. Некој совет што да правам? Правам нешто погрешно или? Да сменам млеко? Ми го препорачаа хипп 1 демек похранливо било, вака ми изгледа дека се прејадува набрзина и после и е тешко. Правам 5 мин пауза да ждригне на пола шише.. А тоа што се буди на 30 мин ноќе тоа е па друга работа, до вчера врзуваше по 5-6 саати.. Ќе се мрднам веќе
Hipp organic combiotic 1 го користам од почеток. Нема запек. Се случува некогаш да не кака по еден, по два дена, на педијатар ни кажаа кога има мака нежно површински да се масира чмарчето за да се стимулира какање. Вежби да и правиш точак, оние за колкови што се прават и меше да масираш нежно со кружни движења во насока на часовникот Не и ставај чепче често, ќе се научат цревата само така да се празнат, ова од педијатар ми е кажано. Запек е ако има како топчиња цврсти во гомцето. Се учи мешето, се мачат, ептен е нормално да не кака и неколку дена. Мојата или кога прдеше плачеше. Мислам дека повеќе од една недела ако не кака треба да се стави чепче. И чај од сладок анасон и давам до денес за какање по 10 или 20 мл. За грчеви купивме се што чувме јас мислам дека се беше за џабе. Кога поминаа 2 месеци магично исчезнаа и престана да плаче. Ноќе еднаш и давав Саб симплекс со сирупот nurse Harvey во чајче или млекце, мислам дека од тоа врзуваше 3 саати спиење без да стенка и плаче. Стававме топло на меше. Пробај ги и Гасиметин капките релативно се евтини ама и од нив мислам дека лесно какаше и прднуваше. Ќе помине се само ти да издржиш. Мене кога ќе ми текне на периодот со грчеви хорор филм
Мојата до ден денес не сака ништо во што се лежи па ни релаксатор. Едино сака да седи ама и тоа во ограничено време оној релаксатор каде што е полуисправена да може госпоѓицата да гледа. Јас го купив од frisbee 850 денари, https://www.instagram.com/p/DE551DQoB9g/?igsh=MXhhNWZqa3V6amQyNA== го има и во oxymammi ама мене ми беше прескап за нешто што не знаев дали ќе се користи https://www.instagram.com/p/DNSejNcsyKw/?igsh=dGdjY3N6NXEyMW15