Супер е, ние го користевме до годинка. Ќе кажам дека мојата генерално мирно седеше во него, се лулаше по малку ама не да лета
Мојава го сака месец и повеќе го користиме. Јас земав ефтин зошто не знаев дали ќе сака да седи. Задоволна сум ептен. Сака да седи барем раат јадеме. Не знам до која возраст не памтам
Искрено би го пробала за тие пари. Ма да он ако неќе да седи ќе плаче се дури не го земе некој ама се надевам ако не сега барем за некој месец ќе сака, кога ќе почне повеќе да разбира и да му бидат интересни играчките па да му закачам нешто да виси
Леле мене и за тоа ми е. Не можеме еднаш на раат да седнеме да јадеме. Го ставам во гнездо на гарнитура и на секои 2 минути трчаме од маса да го занимаваме за да може да јадеме, зашто толку време седи сам - минута до две Вака ако не гледа нас може повеќе време ќе ни остави
Здраво...Патронажната сестра кога дојде ми кажа дека нема потреба од к1..Ги купивме само Д3 на Babytol и вчера педијатарот ми вика морало д3+ к1 да се дава. Бебушот има 2 месеци ако може совет од вас кои капки им ги давате оти еден кажува едно друг друго и не знам кој да слушам.
Бебето на доење е или ад? Ако е на доење, се дава к1, ако е на ад не, така беше правилото до 3 месеци. Моето беше на комбинирано хранење (повеќе доење) јас давав со к1 по препорака на педијатар.
Многу е битно бебето да прими К1 кога ќе се роди затоа што бебињата се раѓаат со многу ниско ниво на витамин К затоа што малку витамин К поминува преку плацента, а и во мајчиното млеко има малку витамин К. Затоа постои ризик од ретко, но опасно крварење (VKDB – vitamin K deficiency bleeding). Во повеќето случаи кај новородени бњбиња се дава една инјекција витамин К1 веднаш по раѓање и оваа доза е доволна да го заштити бебето. Ама многу често докторите препорачуваат да се дава и после раѓање. Информирај се во болница дали му е дадена доза на бебето кога е родено (иако претпоставувам дека му е дадена).
Да да во 4ти скок сме,а и од грлото што му е црвено па одбива да пие. Денес бевме кај чичко доктор и ми рече да не го форсирам за млеко само да не дехидрира да му давам водичка или чајче. Ќе го издржиме скоков уште 2 недели па ваљда ќе се вратиме во нормала
Ние сме на адаптирано и пошто во него има витамини сме без К1. Ако сте на мајчино млеко мора и К1 така Д3 се апсорбира
Бебето е старо 5 дена и денеска приметив дека почесто почна да кива и на кивање исфрли два три пати жолт секрет. Дали е можно да настина, сеуште не сме биле кај матичен лекар за прва контрола откако не пуштија, ни рекоа после една недела Од памет се извадив и ме фаќа страв Имам дома уште едно дете што се накашлува одвреме навреме и оди во градинка...
Дали ги "повивате" за спиење, само рацете? Јас сеуште го повивам така мирно спие цела вечер а ако го оставам така неповиен прета со раце и се буди. Утре е полни 4 месеци, сеуште не се врти на стомак а нема ни најава дека за брзо ќе почне
Јас не би купила релаксатор на 3 месеци. Мојот е 3 и пол. До пред недела две повеќе можев да го ставам во релаксаторот. Сега ептен тешко, ако го залажам некако. Инаку не сака, сака да се превртува да фаќа играчки. Би му купила сега подлога за доле и да се занимава со тоа.
Јас го повивам, посебно кога ми е престимулиран. Ама кога ќе завлече со спиење, му ги вадам оти ако почне да мрда, а е побиена, полошо е хахахаха