Ми ја научи и таа финта. Го држи во уста и кога ќе го кренам го плука После почнав да го потспуштам малку за да не може да го плукне и го поврати Изгледа ќе морам во млеко да го ставам.
Јас не давам ич, бидејќи сме на доење. Сметам дека нема потреба од ништо плус. Не сум приметила проблем, нема рефлукс ниту грчеви. Можда неколку пати колики, ама толку било. ***
по препорака на педијатар во Ремедика ме испратија со цел список што треба од капки витамин млеко ад(дека мораше според нив) шише, све купив долу во аптека кај нив (а јас во моментот не информирана за сѐ ги послушав ) За жал кај моето бебе многу од тоа очигледно направи само плус проблем како прекинував со нешто се подобро и подобро му беше Значи давав колиеф, рекол, д3к1, омега во различни термини со ад внатре. Прво приметив дека омега бејбитол многу му прави грчеви па ја прекинав и во 2-3 м веќе прекинав и со колиеф и рекол, а во 3м и д3к1 се прекинува После 3 м продолжив само со д3 бејбитол и еспумисан капките кои многу многу помогнаа по препорака на ортопед земав солдевит д3 после 4м По препорака на педијатар матичниот давам well baby мулти витамин поради крвна слика тоа после 4-5 м И сега почнувам омега од молерс 7м Да напоменам дека на почетокот беше повеќе ад и комбинација со доењето а сега веќе не сака да пие ад го турка и само навечер пред спиење давам 100 мл од страв дека е намалено моето Но веќе почнав со вкусови и кашички така да во втор план секако оди млеко
Од кај тоалетите има друг влез. И јас во Систина сум породена и 8 месеци на прегледи го носам таму. Секој пат менуваат пред да го мерат и никогаш не сме биле со болни деца, баш ме чуди
Има 2 лифта и на едниот пишува здрави на другиот болни нацртани се баш. Ако одиш следно обрни внимание ќе видиш
Има ли скок во 14та недела? Секоја вечер се пострашно вришти не се смирува…гледам на штрок 14-20та недела. Дали баш одма почнува?
Кај ќерка ми 4тиот беше увод за 5тиот почна да се буди навечер со плачење и не можевме да ја презаспиваме се сеќавам дека нишкав по цели вечери после 5тиот дојде ме доуништи и преку ден почна да се буди по неколку пати и навечер 150пати и тогаш почна да се врти се нервираше во сон дека не знае па инза тоа се будеше и така … ама после 5тиот скок веќе мн ми порасна нагло и мн работи нови почна да прави … интензивен раст е во тој период - само јакооо и мн гушкање
Дали ви се случило на бебето да му пукне капилар во око? Ова и се случува втор пат после плачење и тегнење за да ја земам во раце. Цела фаца и се вцрвене и после гледам на окото пукнат капилар. Откако го гледав подкастот со Христина пан немам мир. Што ми требаше да го гледам. Душа немам во мене дека пак и пукна. Таман и помина.
Не се секој ден и ноќ лоши, може неколку лоши ноќи да се заредат па пауза па пак. Не го мисли до толку, не си стварај стрес, се е издржливо и се е период кој проаѓа.
Кај нас беше неколку дена прво одбивање млеко па неколку дена будење навечер почесто. Сега поминува па се враќа во нормала
Не се плаши не е ништо страшно, периоди се, поминуваат. Бебе е сега при крај на 4ти скок и реално не е толку страшно. Не секоја вечер се буди, ама и кога ќе се разбуди не плаче туку гуга само, си игра со цуцлата, се мрда си бара позиција за спиење и сам си презаспива. Дневните дремки понекогаш му се 30-40 минути, некогаш му се 1:30-2.
Го стискаа со палец меѓу очите кај врвот на носот и го навалија нанапред, после му крчеа градите чекаа да го ждригне тоа што крчеше. Зависи какво ти е бебето. Не може мирно бебе толку да се повампири. Јас со мојов тешка беља направив со тоа нишање шетање, се будеше на пола саат и бараше да го шетам низ стан. Исто почна да намалува цицање, 200 грама ми напредна меѓу 4 и 5 месец (скок), па почнав повеќе ад давам после тоа, мада и тоа со 300 мајмунлаци глумење го пиеше. А за друго не бил нешто особено лош, некои денови покенкав ама се издржува. Константно беше само со спиењето и пиењето млеко.
Мамички со што ги заигрувате вашите деца во 4ти месец. Имам чувство дека стално е незадоволено бебчо. Тропкалки, сензорни искуства со различни материјали, му збпрувам, шушкалки книги, му дувам сапуници, па се загледува но и мн бргу се фрустрира. Исто нон стоп сака да сум до него. А саат ипол буден прозорец предолг ми се гледа, ко да нема крај. Дремките се 30 мин. се уште.
Да, прв пат на 19м. Вадеше двојка горе и таа ноќ премногу плачеше..додека дадам бруфен ( само тогаш и дадов ) кога упалив светло што да видам..крвава флека не беше баш мало. Го однесов на педијатар, рече ништо страшно од напорот е ќе се изгуби за неколку дена. Првиот ден беше жар црвено, вториот портокалово и 3тиот си се исчисти..ама многу тажно и болно за гледање беше
кај нас до 13та недела беше супер, сега навечер се успиваме по 2саати зајдува од вриштење к плачење. Ама кога ќе заспие спие добро сврзува 5-6саати. Цицањето исто го штрајкува, цица две мин па прекинува па пак. Па се загледува па не сака плаче. Ама тоа е валјда кај секое бебе ралично. Кенкав е и само да е до мене сака а се поместам одма се буди. А дневни дремки не сме ни имале ние нешто долги една му е 40, друга 20 и една саат толку спие во денот и врз мене секако. Бебе од 8ипол кила