нема што да се прави тоа е и ние на 3ипол месеци гоа правиме. Дремка само што може една да има у денот саат време и си дреме така буден. Не им теебаат искрено којзнае какви занимации тоа ние си се филмаме искрено. Песнички си пееш, даваш играчки, гледа, фаќа, да седи на стомаче и тоа е
Нема што да се плашиш, тоа се фазите на развој кај некој по изразени кај некој не толку да се радуваме дека така растат
Кога почнавте со рутина за спиење навечер. 3 ипол месеци има бебе, ама пред 22h не се случило да заспие,најчесто 23,23:30 заспива. И која недела почнува најчесто скокот во развој на 4 месеци што е и колку трае?
Од прв ден дома, до сега( веќе е големка) иста рутина има. Со тоа што , како направи 9-10 месеци, се помести до макс 21ч за легнување. На почеток нормално незнае кај се наоѓа, ама секој дем во точно време имаше бањање, млеко и спиење. Со тек на време баш и стана рутина и ден денес е така.
исто сме и со возраст а и со заспивање јас се трудам накај 9-9ипол тој упорно 10-11ч заспива ама вече решив да не се ни трудам боље во 11 да заспие него што со сила го успувам во 9ч па ми станува на 20мин па нишкај нишкај… ако си спие 10саати навечер добро е
Не знам дали е касно и кога да почнам да му воведувам рутина, не знам дали правилно правам ама стварно имам пробано сѐ и секогаш различно ама пред 10 никако не заспива, и бањат и јаден, најчесто со цицање заспива, ама не секогаш, а и да цица предолго па ми е страв да не поврати кога ќе заспие
И јас го имам истиот проблем. Бебе до пред месец дена заспиваше кон 20.30. Сега заспива кон 20 часот, но за пола саат се буди и нема шанси да го презаспијам. Пробував неколку дена, ништо. И се успива тек кон 23 часот...
Не знам.. гледам дремката последна да му е до 18 часот, плус минус, за да може веќе 20 часот да е за спиење..а тој си прави нова дремка..и тоа 20мин до половина час... и се буди.
Лелее... Забележав дека сега кога се буди не плаче, не цивка, туку зборува, гуга хаха да ми каже дека научил тоа Од една страна се смеам, од друга ми се плаче за спиење , почна и почесто да се буди
Абе сонциња се. Ич не им чуе дали нас ни се спие, не болат раце, грб... Мојот тогаш научи да прај балончиња од плунка, да плука и по цел ден буден тоа правеше. Сега научи да вика, (и да се врти од грб на стомак) не гуга него се дере па кога ќе викне погласно ќе се сецне од сопствениот глас. Пресмешен е. Ние уште малку го завршуваме 4тиот скок и баш сите овие работи (+ одбивање пиење млеко неколку дена) ги научи измеѓу 17та и 18та недела кога е и пикот на скокот.
Да, и тоа..штрајк на цицање плус со судни маки шише пиење.. сите пози ги сменувам додека пие, пола саат се тргне со шишето..ем го бара и го трга накај него, ем не пие! Хаос!
Како ви спијат бебињата, боси или по чорапчиња? Има ли некои препораки околу ова? Моето често знае да ги соблече во спиење...
И моево знае некогаш на сред цицање да си плаче, а се уште немам појма зошто Се буди 2 пати ноќе за цицање, т.е. не се ни буди, си ги пика прстињата во уста да ги шмука, па после цело раче шмука на цел глас а заспана. Па и давам да цица, и ја враќам назад. Обожава цице, опседната е и вака да тераме ноќе ок ми е. Ќе видиме што нè чека со скоковиве пролетва