Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Во 11 недела е тој и таман излегува од втор скок се стабилизира си рековме за празниците барем да не го чепкаме. Ама штом нема реакции ќе појдеме пред празникот.
    А за другите што се тука некаде во исто време со ротата има последен рок за примање?
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MiLady

    MiLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Имам, мислев на неа ќе е полошо.
     
  3. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.291
    Допаѓања:
    27.588
    Пол:
    Женски
    Микс е опција што распознава различен тип на ткаенина и материли. И ги суши рамномерно. Ако ти се влажни, оди на опција пегла и супер излагаат.
    Јас вака сушам и наше и нејзино со години.
    Така и ми кажа другар што работи во Нептун.
     
  4. Niliya07

    Niliya07 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    И јас имам беко сушара и на hygienic drying ми ги смали алиштата. Користи ја програмата daily или gentle care гајле ќе немаш :) јас се ставам без разлика дали пишува дека е или не за во сушара, немам време да ги делам алиштата
     
    На MiLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Мене од вакциналниот пункт ми кажаа да не наполни 2 месеци
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Кај нас беше кенкава и спиеше само дента. Ставај и од лепенките на ноџињата менувај и ги почесто. Јас и ги менував на 3 саати.
    Првата доза да не наполни 2 месеци.
    Втората да не наполни 5.
    3та доза не смее да надмине 6 месеци.
    Барем така ми кажаа во вакциналниот пункт.
    Помеѓу секоја доза треба да има најмалку 4 недели разлика.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  7. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Бевме денес, му дадоа да испие течност за ротата и го боцнаа на двете ноџиња. Мислам дека ми кажа најрано 5 јуни следно дека треба да одиме.
    Купивме лепенки одма ќе му залепам ама исто спомна ако качи температура да дадеме парацетамол сируп. Сте давале или само лепенките? Гледам дека може и на чело да се лепат за температура ако има.
     
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.291
    Допаѓања:
    27.588
    Пол:
    Женски
    А не ви запишуваат кога следно да одите?
    Нас со молив нареден датум за вакцина ни го пишуваа.
    Лепенките ладат на боцнато место.
    За тем парацетамол.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  9. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Да да, ни запишаа 5 јуни ама рече максимум 2 недели може да се пролонгира вакцината доколку има потреба. Е сега не знам дали ротата само или сите шти треба тогаш да се примат.
     
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.291
    Допаѓања:
    27.588
    Пол:
    Женски
    Сите ни ги ставија.
    Јас за третата доза баш бев до вакцинален, да ги прашам колку може да се пролингира, дека беше настината малце. Ми рекоа 2 недели. Ние и затоа ставаме термин што може да се пролонгира две недели. Нека оздрави и донесете ја. Така и направив.
    А сега неможе да се оправи, да е баш здрава за таа на 18 м што се прима.
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Кај нас пошто идат само понеделник и петок не пишуваат датум. Сега се погоди петок и понеделник да се неработни. Ќе ја однесам следен петок после празников.
     
  12. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.514
    Нас за лепенките докторката ни кажа дека смета дека се тренд, маркетинг кој не го одобрува за бебиња, дека само ациди борици и парацетамол може, ако има потреба.

    Инаку, моето првата рота ја прими на полни 11 недели. Скроз ок помина, ни температура, ни отоци, ништо. Малку само кенкаше.
     
  13. ira.franko

    ira.franko Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Мајки совет: бебчето ми е 2 месеци. Дали сега за Велигден да го носам во црква или не? Колку мешање со луѓе сте правеле на 2 месеци? Сега со празнициве ме викаат на фамилијарни ручеци и кафиња со друштво ама не знам што да правам..
    Јас досега само на балкун и во двор го имам извадено, се плашам дури и да го прошетам со количка дека времево досега беше врнежливо, облачно.
     
  14. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.606
    Пол:
    Женски
    Јас од Велес сум, одам кај една пријателка. Наредниот ден се боли, ама по два дена како нова сум барем на една недела
     
    На hannybanny и Anie93 им се допаѓа ова.
  15. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.514
    Јас избегнувам гужви, мене пред сè ми сметаат.
    Црква, кафани, не.
    Природа, дворче или дома, помала екипа од 5-6 души макс, ок ми е. Моето е 3м.
     
    На Anastasia579 и bgirl6666 им се допаѓа ова.
  16. MysticAura

    MysticAura Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2024
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    моето е скоро три месеци и дури и најблиските кога доаѓаат секогаш носат маска. уште има вируси, рано е да се меша во поголеми групи на луѓе
     
  17. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.485
    Допаѓања:
    19.511
    Пол:
    Женски
    јас од месец ипол го мешам со луѓе прво почнавме до по 2ца на гости да доаѓаат. Претежно така парови, неколку пати имаме седнато со 5-6души ама бебе си е во свој филм. Или седи на подлога, релаксатор или некој го држи не не перцепира секако. Мн луѓе го виделе на мн места го носевме. 3ипол месеци е сега фала богу добро е. Секако да не се настинати. И ова се случува само по дома негде или кај нас дома. Не сум го носела во мол баш, еднаш само на кратко во џевахир, исто така кафани, кафичи не сме биле. Во црква не примаат некрстени деца инаку. Јас вчера бев сама со него ама го оставив во делот каде што се продаваат свеќи. Сега на Велигден планираме здравје во Недела да запалиме свеќа.
    Едит-и на ладно и на облачно го носам надвор само убаво го облакам.
     
    На Campanula, WonkaMonkaa и Moon lovers им се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.291
    Допаѓања:
    27.588
    Пол:
    Женски
    По гужви и затворени места не би. Да е отворено да.
    А времево баш беше преубаво за шетање. И да е облачно не е страшно. Соодветно облечено дете и шетајте.
     
    На Anastasia579 и Anie93 им се допаѓа ова.
  19. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    1.382
    Пол:
    Женски
    Моето е малку поголемо. Со шетање почнавме од втора трета недела, прво на кратко, а сега ретко сме испод 10 000 чекори дневно, на било какво време, само да не е ептен врнежливо.
    Со луѓе од најблиска фамилија го мешам од старт, меѓу кои и деца кои одат на школо, на внуче бевме на роденден, во игротека.
    И во молови сме биле повеќе пати, не се пикам во којзнае какви гужви, одам по потреба.
    Во кафичи сме биле на отворено, на убаво време.
    За Велигден сега во црква ќе појдеме.
    Не се стегај толку.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    1.904
    Пол:
    Женски
    Јас мојата така ја чував па затоа сега не сака гужва, не сака во количка да се вози и само дома да седиме. Излегувај шетај, не мораш во затворено. За ручек со фамилијата да одиш. На кафе исто да одиш преубаво е времето.
    Мене ми е криво што не сака да седи во количка не можеме да мрднеме никаде, ако твоето сака излегувај шетај од надвор ништо нема да му биде.
     
    На Peperutce6, Anastasia579, kekberg и 1 друга личност им се допаѓа ова.